И дека е мало и дека е невакцинирано. Прочитав денеска многу подобро било и ги пуштиле дома, во изолација се цело семејство.
Девојки, од која градинка во Аеродром сте задоволни? Се мислам каде, иако знам секаде е гужва, па може и нема да може да бирам, ама чисто дали некој клон да се избегнува? Од искуство. Ви благодарам
Kolku sto procitav 1 potvrden 13mes bebe. Ne znaele od kade fatilo...sigurno uste ke ima pisuvase slab procent na vakcinacija vo regionot
Imase.pred nekoj mesec lazna trevoga za gradinka vo centar. Im rekla maticnata valjda toa e morbili se pa na birs izleglo ne se, utnala....ne znam dali se dolzni mediumski da objavuvaat ama morbili se dijagnosticira so bris samo,ne od oko
Мајки совет или мислење. Малиот ми почна пред нецел месец во градинка. Одеше 1 недела по 2 саати, но се разболе веднаш, нос, секрет па спушти на гради. Следната недела беше подобар па 2 дена го оставивме без дремката значи го земавме околу 11, подобро било за адаптација. Понеделникот завчера го оставивме со спиење до 2 часот. Меѓутоа вчера и денес ни се јавуваат околу 12 дека имал пролив и го земаме. Проблемот е што дома детето воопшто не кака одткога ќе го земиме. Значи вчера го зедовме во 12, станал и одма добил пролив, и не се искака цел ден ниту изутрината, за денес пак околу 12 да ни се јават дека пак имал пролив. И не се икака пак цел ден никако ни пролив ни нормална столица. Дали се некој финти ова има ли некој слично искуство. Инаку ни е второ дете што праќаме таму и не сум луда дете со дијареа да праќам во градинка. Совет?
Финти им се. Да расчистат побрзо децата. Јас еднаш мислев дека нема да стигнам да ја земам малата во 15 од градинка ко вообичаено и маж ми се јавил да праша колку најкасно може да се земе му одговориле 17.30 Да напоменам дека мојата воопшто не прави проблеми си сака да оди, се радува кога ќе види дека ранецот и го зимам пошто знае дека ќе оди. Јас стигнав некаде околку 15.30 да ја земам, утрето дента нејзината негователка ми вика она кога ќе стане од спиење право на врата тропа и вика, знае дека ќе си оди Па што не ми кажа до сега ако е тоа така? Сега намерно ја зимам накај 16. Од понеделник посекако ќе треба да остане повеќе нема кој да ја земе. Понекогаш и они прават финти. Тоа ми беше поентата.
И јас мислам дека се финти. Мојава ја земам накај 12. Некогаш ако им е касно ручекот и 12:30 фаќа. Јас се чудев првиот пат колку луѓе има во 12:30 што ги земаат децата. И како поминуваат деновите ќе заправиш со некој муабет и муабетот е па не јаде таму, не сака да спие таму. Па си викам ваљда не пола од децата да го имаат тој проблем. Мислам дека не се замараат многу во тој аспект и ако им пројде муабетот шибаат така. Гајле им е во 1 полу празна градинка.
И мене ова ми го направија. Ја зимам у петок демек пролив имала, дома детево цел викенд не кака. У понеделникот се потскарав, у средата пак ми ѕвонеа дека има температура, ја носам дома за 10 мин магично ќерка симнала температура и тоа до 36.6. И тогаш апла се скарав со сите. И од тогаш не ѕвонат Инаку да, посебно петок секое второ дете има нешто во градинкава. Или тт качуваат или пролив или едноставно плачат премногу хистерично. И тоа баш у петок. Или некоја од негувателките ги боли глава па на децата не им е добро И да се надоврзам на @Noranora , и мојата ептен сака во градинка и не ми е убаво така што ја враќаат секој втор ден. Значи да и е нешто, јас прва нема да ја носам. Дома сум, можам да ја чувам. Ја носам од што е пресреќна таму и сигурно нема да ја носам ако е болна. Ама... Ако им пројде муабетот, проаѓа.
Женски ми треба совет а не знам дали да се загрижувам. Ние со плачки секој ден идеме во градинка, од кога ќе ја види градинката до врата плаче. Е сега вчера ми се јавија да ми кажат да не се секирам, бидејќи секој ден ги прашувам колку плаче, дека немал некој проблеми ама не сакал окулу деца, да се дружи. Ми вика восптувачката дека е цело време по неа, се крие од децата. Еве и вчера имавме гости детенце малце помало од него и тој кога и да е со играчка во раце ако види дека му се приближува детенцето плаче хистерично. Не знам како да постапам, да барам некоја стручна помош од негде за да се научам како да реагирам, како да го здружиме, и ако знаете од каде? Или сеуште е мал? 17 месеци е скоро
Мал е уште, на таа возраст не им се развиени до толку социјалните вештини, не ни знаат да си играат класично како деца од 4-5 години. Плус негде од 18 месеци моево почна премногу да се срами од сите. Му треба барем 15 20 мин да се опушти пред други луѓе. Нова фаза му е. Може и вие сте во нешто слично Мислам дека немаш простор за грижа. Ќе се опушти со тек на време само без форсирање.
И мојата е 17 месеци, дека плаче хистерично не ама почнува да се срами ненормално и од луѓе што секој ден ги гледа
И мојава на таа возраст беше таква. Во градинка не си играше со децата, бегала од нив. Исто и дома не си играше со други деца. Сега е 2+ дома си игра со други деца,ама ѝ треба време додека се опуште.
Реакцијата што ја дава во градинка е сосема нормална, реално има дечина кои се баш борбени и настапуваат,а за него е нешто ново нова средина и се крие во воспитувачките. Сосем е океј исто и мојот само во раце бараше кај неа да биди се чувствуваше сигурно. Реакцијата дома што бега од деца да не речам на свој терен не сум ја доживеала. Но знам дека само со зборување ќе допреш до тие сетила да почне да не се повлекува од деца на таа возраст.
Финти им се. Мене на почетокот пробаа така, температура демек има, носи ја дома ништо не и е. И они така секој ден, ја на доктор секој ден им ја враќам утредента со потврда дека е здрава, 3 дена по ред така и не им текна да се јават више. Ваљда тестираат на почеток кој е лабав со време да може порано дете да зема.
На таа листа за чекање, мислам дека е тешко да бираш објект. Инаку син ми е во Чекорче, ептен сме задоволни. Не само ние, цела група се задоволни родителите
Здраво другарка ми бара информации околу Мајски цвет Тафталиџе, да не има некоја мајка што носи дете таму? Детенцево е 3г и сака да го запише таму
Скоро шест години има мојата и по три дена одење во градинка се разболува, а оди откако наполни четири години, со паузи де. До кога ќе трае ова лудило?