Абе луѓе мора да се има некои разуми граници и да се има контрола врз детето а не обратно, овој мојов што ги гледа девојчињата в градинка пишти по фустанчиња и тој да носел
Што знам, нека носи еден ден па ако му се смеат во градинка ќе видиме дали ќе сака и наредниот ден да носи Некогаш ваљда и самите треба да научат
Јас би му рекла Ме гледаш мене дали седам гола? Татко ти? Или во зима по сандали, кога ќе си го види тилот, што викаше татко ми, ќе го изнесам надвор и ќе му речам ај најди ми 1 што носи сандали и ти ќе носиш... мора да има разумни граници. Денес е за гол да седи и сандали во зима, утре ќе биде за поозбилни работи. Не спорам кога одбираат чудни комбинации, ама во зима гол да седи, да носи сандали, машко да облече фустан, да спие во фармерки (дека беше наведено пример не се фаќам за тој случај) и слично, едноставно не е секојдневно. Моево е 7г и има желби ама се знае каде што се носи, не може да иде во школо со кошула и пантолони кога треба во сала да прави колут напред. Имам колешка што доаѓаше исцедена на работа, капната, испотена, нервозна и касни 2 саата, 2 саата се убедуваат кои патики и која јакна, абе... Може ми се погодило, не знам, ама големото носи тоа што ќе му дадам, малово ќе видиме тек. А на темата фустан во градинка, се е тоа супер, ама на земја седат, мали се не знаат ни да седат убаво и малку е безвезе, иначе оти да не. Да имам девојче веројатно за такви поводи би ја праќала во градинка дотерана.
За идење гол во градинка отидов во екстрем. Гол сакаш? Ајде повели, го изнесов на тераса, се стресе цел, ајде мама облечи ме. Толку беше. Пред една недела беше со чизми на лулашки, топло е ама немав повеќе нерви и едвај чекав да излезе од дома. А од сабајле иста сум како колешка ти што викаш, среќа што сега не одам на работа ама цел ден ми е уништен. Сум пишувала многу на темава, се жалев и барав совети. Се помирив дека е фаза или пак цел живот ќе си биде пребирлив за облека, не можам повеќе.
Јас не сум давала избор никогаш, јадел тоа што е зготвено, носел тоа што ќе му облечам. Со избор почнав кога почнаа проблемите, нели му даваш две блузи сакаш белата или црната и он се дере жолтатаааа. Ништо не помага.
Кај мене баба не расипа, од ранење дете она да му дава, од тоа престана се да јаде. А супер јадеше. Е месо не сакаше од 3г до пред некој месец, риба и месо да не проба, сега јаде. Избор за гардероба не сум давала никогаш, не знам зошто, не ми ни текнало.
Мајкички, како ги облакате машките деца за во градинка? Наскоро ќе тргнеме па да се спремам со гардероба, нови маички,фармерки или тренерки, дајте совет плс
Најдобро е во тренерки да му биде комотно зашто многу ретко каде им облекуваат пижами за спиење. А и цел ден е таму. Јас во јасли го дотерував цело време, после короната и седењето дома сакав да го гледам дотеран надвор ама им облекуваа пижами обавезно. После носеше само тренерки, а сега оди само во фармерки (по негова желба).
,Моето е за во јасли, и мене ми е мерак да го дотерам ама шо викаш мало е за во фармерки да седи таму цел ден. Ти благодарам мајка тренерки ќе купуваме
Искуство за градинката Н.Наумовски Борче, позади универзална? Дали бараат потврди за работен однос? Како сте задоволни од едукација и воспитување?
Тренерки, само кога се сликаат во пролет фармерки и кошулче Мојот ич не се буни за алишта, што ќе му облечиш носи, 4г и 5м е, единствено не сака пантолони со прерамки, едни купив ко имаше година и некој месец и плачеше многу и одма му ги слеков, останаа со етикета и пак се пробав лани купув уште едни и иста реакција и ништо се откажав, нејќи нејќи, здравје.
Исти се со мојов немаше шанси да облече такви панталони е сега кога му облеков на бебево вика и јас сакам такви
Ти благодарам луна. @Anaroz1 штом можеш пиши ми околу документите, колку чекавте за прием и најважно како си задоволна генерално од условите????