Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. olly14

    olly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.027
    Kako ste zadovolni od gradinkata vo hrom? Se raboti za detence 2 godini :)
     
  2. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.932
    Допаѓања:
    6.616
    не се сеќавам, ама потврди за работен однос не ни бараа, копија од лични карти и извод и барање толку мислам дека поднесов на меил, одма ми вратија истиот ден. околу едукација не знам колку да ти помогнам, мојата е во јасли 1 кај што немаат многу активности, кога тргна беше најмалото бебе во цела градинка, иначе од негователките сум многу задоволна, ептен се фини и достапни за било што, имам супер однос со нив, ја адаптираа за една недела никогаш не сме имале било каков проблем, никогаш ми се немаат јавено да ја земам заради некаква причина, буквално од втората недела остануваше со спиење и редовно си оди од 8 до 4 во градинка. сега е веќе поголема и разбира, кога ќе ги види жива среќна со трчање влага, ги гушка ги бацува. генерално во текот на овие месеци ги имам запознаено сите во градинката, пошто ја зимаме касно и останува со дежурната, сите се многу фини. детето ми е секогаш пресоблечено, чисто, најадено, наспано. имаше еден период неколку пати беше потпарена, им кажав, од тогаш не се случи да ја потпарат. имаат доста дечиња, 26 се кај нас во група, сигурно не им е лесно. од септември ќе ја префлрат во градинка па ќе видиме тогаш како ќе биде. се надевам дека ти помогнав . ако нешто плус те интересира пиши ми
     
    На IRBBB, Speechless, Rubiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.408
    Допаѓања:
    25.056
    Пол:
    Женски
    Можи и кај нас така ќе биди :D ќе видиме за некој месец :rofl:
     
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.201
    Допаѓања:
    40.576
    Пол:
    Женски
    Мојов не сака ништо што е со мињони. Имаше едно блузе, плачеше кога ќе сакав да му го облечам. После неколку месеци смени и му беше омилено еден месец да можеше цело време ќе го носеше. Сега пак не сака:^). Што му текна пак да не ги сака незнам. Ги сака де, ама не да ги носи на облека:drunk:
    Го прашував и почна нешто да ми објаснива некое другарче во градинка дека носело, ама ништо не го сфатив и баталив. Несака тоа е нема со сила да го терам.

    Инаку и мојов е цело време во тренерки. Само за сликање и поводи знам да му облечам фармерки и кошулче. Жал ми е мене да утегнувам дете во неудобна облека.

    Едит: сега се сетив кога имаше неполни 2 години плачеше од едни чизми. Ама тоа беше липање со солзи како преплашен. Не мораше ни да му ги облечам, само да ги здогледаше во некое ќоше почнуваше да липа. А ние се спремавме за зимовање на снег. На крај со кондури шеташе:@. Среќа некоја добра емитација на тимбрленд ама со квалитетен непропуслив материјал па се спаси.
     
    На zverkica, nevermet18, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    5.524
    Пол:
    Женски
    Здравје, би имал 13-14 месеци кога ќе тргне, се мислам ммр да ја прими по годината, и да го пуштиме...
    Се мислам дали оваа или во Дебар маало кај круг кафичот, ама оваа е поблиску до моите за зимање...
    Ти благодарам
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.506
    Мислам дека Сончогледи во Влае е подобра. И општо Пролет градинките сите се супер. Во Сончогледи за 2години дечиња се мн добри учителките ептен ги анимираат ги учат и сакаат децата да одат и по 3 се во група 2неговтелки и 1 учителка.
     
    На olly14 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.757
    Допаѓања:
    114.243
    Пол:
    Женски
    Може да биде подобра, ама ако примаат деца а вака, не примаат дева од Ѓорче и џабе е.
     
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.506
    Имам кај мене во зграда што се води во Хром со живеење мажот и не е од ск и пак си е запишан таму. Да не зборам дека се примени со живеење од прилеп, пробиштип, велес итн.
     
  9. Explavusha

    Explavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали може некој да сподели искуство со градинката Мајски Цвет во Тафталиџе 1? Благодарам однапред
     
  10. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка поднела жалба за менитод градинка и дали се сменило нешто?
     
    На dromka, Sofi.ja и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.757
    Допаѓања:
    114.243
    Пол:
    Женски
    Тешка работа али пробај, оти да не. Што ти е проблематично?
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Не сум поднела жалба зашто тогаш моето идеше во јасли ама видов како носат послужавник за поголемите групи со намачкани лепчиња со паштета. Бар убаво да беа намачкани, тоа за греота сув леб јадат. На менито на вратата пишуваше ‘намаз’. Мислам дека си наоѓаат начини да ги заобиколат правилата.
    И да бидам поискрена, мојот таа година ништо не јадеше, цело време е послабичок и не ми беше многу важно. Најважно ми беше дека таму јадеше дупли порции, па што сака нека има во нив.
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.404
    Пол:
    Женски
    Не знам таков случај
    Што не е во ред со менито?
     
    На monik55 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Јас никогаш не сум ја видела храната,ниту колку количински јадат. Во првата градинка прашував колку е тоа во грамажа или кутлачи, но не знаеше да ми објасни воспитувачката. Во оваа градинка има мени по недели и воопшто не се придржуваат до менито што ме нервира, не сакам да му повторувам ист ручек дома. Гледам потпишана на менито е директорката, сама се фалеше како она го составувала. Скоро имаше најави дека ќе ја сменат,така што се надевам нитруционист ќе состави ново мени,без благо секој ден како замена за ужинка(пр.овошје).
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Јас неколку пати сум видела зашто секогаш меѓу последните го носам, а за количината знаев зашто негователката ми го покажа тањирчето колкаво е. На менито гледам потпишана медицинска сестра ако не се лажам, плус на медицински факултет се одржуваа семинари со доктори и нутриционисти како да се подобри исхраната во градинките, па имаа презентација пред неколку месеци пред студентите како тоа децата имаат само здрави оброци…врска нема, ете и за други градинки знам што не се придржуваат до менито. На вратата пишува манџа, детето ми кажува сарма било и јадел само леб зашто сарма не јаде. За ужина оние благите на Винчини што исто не ги јаде, па му ги ставаат во ранче и кога ќе видиш само доручек јаде. Јас не знам што е толку проблем секој ден да има овошје наместо тие благи тортици за духовден (крипи знам ама стварно на тоа ме потсетуваат).
     
    На dromka, hammer, ivani30 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Исто и кај моево ги даваат тие и некогаш чокобисквит. Но ни едно ни друго не е наведено во менито. Од 5 дена во неделата само 2 дена има овошје. Да се прашувам јас "ужинката" чај (некогаш го даваат со појадок ,некогаш им е пишан ужинка) веднаш би ја заменила со овошје секојдневно.
    Еве го нашето мени:
    Screenshot_20230505_002758_Gallery.jpg Screenshot_20230505_002648_Gallery.jpg
     
    На dromka, mal.ecka, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Многу е слично со нашето, веројатно од министерството им дале некој правец, па секоја градинка си го направила по свое.
    Колку се смеев за тоа ‘јанија’, си направив некој филм дека боранија така скратено си пишуваат :D На толку идеи и рецепти тие јанија прават (facepalm)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
    А две ужини даваат?
    И на менито каде што е ќерка ми редовно има две ужини дневно, само што таа првата ужина никогаш не ја дале еве веќе 5 години. А инаку за секој ден кај првата ужина стои или некое овошје или зеленчук.
    Битно втората ужина со тортици и медењаци редовно ја даваат.
     
    На mal.ecka, nevermet18 и Skyler им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Искрено ме замисли сега. Секогаш го прашувам детето што јадело, знае да каже за појадок,некогаш ќе погоди за ручек и ја памти втората ужинка зошто ја јаде непосредно пред да го земам. Баш ќе прашам во понеделник дали им ја даваат првата што е наведена во менито.
     
    На Meckicja и Maca Macka им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.757
    Допаѓања:
    114.243
    Пол:
    Женски
    Не ја даваат првата ужинка никаде изгледа. А намазите ги прават кај нас, варат зеленчук, риба, месо, блендираат со јајце и павлака. Јас сфатив дека пола од оброците на синко му биле сув леб, и тоа дури на крај пред да го отпишам. И сега во школо често јаде сув леб, пример не јаде мармалад, сув леб јаде, не јаде рестован компир зошто е зачинет, сув леб јаде... побогу кој дава рестован компир на деца, пикни ги таму испечи ги ајт на здравје.
     
    На mal.ecka, Meckicja и nevermet18 им се допаѓа ова.