Моето точно една година оди во градинка и сеуште со плачење и негодување од сабајле. После кога го земам кажуваат дека таму е супер, и тој насмеан и задоволен, изигран, вика дека убаво си поминал. Незнам чаре.
Care nema ednostavno dete sto nesaka nesaka da ode mene me nosea na gradinka od bebe od 9 meseci i se so placki bese odenjeto i se si vikav koga ja zapisav kerka mi na gradinka lele sto ako e kako mene ama fala bogu ne e
Нема чаре, еве го моето 3та година оди, сега е средна група, минатата недела цела недела плачеше нејќам в градинка... Не засака и не, ама оди секој ден, не се случило да го оставам дома и знај мора да оди, па воспитувачките велат дека таму е супер, опуштен последната година доста, зошто не сакаше ништо да соработува, само тоа тој што сака, пр боење никако не сакаше, чкрташе се, сега бои, уште не сака да игра на песнички, си стои на страна, тоа не го засака. И така се помирив дека до крај така ќе си биде.
Здраво,незз дали пишувам во вистинска група ,дали некоја мајка има искуство со упис на детето во градинката "Орце Николов" Карпош 2...конкретно дали Ммр вакцината ви ја побарале како задолжителна и дали мора 2цата родители да се со живеалиште во Карпош?
21месец. Адаптацијата траеше скоро 3месеци ради вируси и бактерии. Претходната недела за прв пат проваа со спиење, не спиела воопшто. Дома си заспа во 20 часот. Нареден ден со спиење, спиела саат и пол и толку беше Наредните 2-3 дена воопшто не спиела ама не правела проблеми си седела во креветче. Познато е дека и малку спие, ноќе се буди милион пати. Прашањево ми е, има некое шо не спие во градинка? Мислам @LiquidLuna еднаш како да те прочитав тебе или тоа инцидентно беше?. Треба нешто да инсистирам да ја успиваат упорно или? Во таков случај кога ви заспиваат дома?
На комшика двете не и спијат во градинка легнуваат после градинка во 16:00 или спијат 2 часа или легнуваат во 17:00 и спијат до сабајле до 06:00.
Е значи моево е обратно. Наместо досега како помала да легнуваше рано, сега ќе го тераме тој филм. Ма да не легнува касно и кога си преспива дома до кај 21 часот заспива. Ама зашто таму не спие, не знам.
Да да, мојава ич не спие. Додуша последнава недела преспивала по пола саат - 40 минути. Инаку до сега скоро па ич. И ништо, си ја зима едната негувателка со неа во занимална и си седат Јас обично ако не спие таму, пробувам да ја успијам во 15:00, јадење и спиење. И после докај 20:00 е будна. А ако спие, директ вечер ја успивам. Не се ни малтретираме дремка да има пак
Не сакаат можеби не се осеќаат сигурни. Може мислат дека кога ќе се разбудат ќе бидат уште во градинка и нема кој да ги земе, а вака чекаат додека не видат родител и после си се на сигурно. Мојов на пример го оставав до пред спиење и знаеше дека треба да си оди после ручек и најбрзо од сите јадел и идел до шкафче и облакал патики, јакна и не давал никој да го пипне додека не го земеше некој од домашните.
Вакцинален картон задолжително со сите примени вакцини до возраста која е детето. Живеалиште се гледа по изводот на детето или евентуално ако сте под кирија се приложува договор за закуп.
А ако ја успиеш во 15 тогаш до колку спие? Додуше твојата е помала. Кај мене е неизводливо дремка дома ако таму не спие. Татко и здма во 15, па дома да касне нешто и ја фаќа 16. Тогаш е касно да дремнува. Ај се надевам ќе се навикне и да спие.
И моето не спие...одеше 4 дена во градинка, па се разболе 4 недели беше дома и тогаш не ни стигна до спиење...па сега оди две недели по ред, еден ден спиел пола сат, еден ден еден саат и толку...другите денови буден...го земав неколку денови во 2 и пол и го легнував од 3 до 4 и после нормално си заспиваше 9,9 и пол ама од градинка ме советуваа да не го земам зошто никогаш нема да научи да спие таму...преска во количка го шетав ќе ми задремеше за малку, се гледа дека е уморен а и нешто ми изводи со понашање, мн е раздразнет дали дека не спие не знам...пред некој ден со другарка правев муабет нејзиното оди 6 месеци, вика еден ден нема преспано таму
Па добро ако го земаш во 2.30 тогаш има време таму да преспие. друго е да го земеш пред 12.30, е тогаш ќе си спие дома.
Додека беше моето во јасли , прво нешто што ке направеше дете кога го зимав беше фаќање за шише и пиење вода , истото и јас си го мислев дека не и даваат многу вода ...
Сеа и мене ме замисливте... Прво што прави е бара вода ама па она целошише 150+мл пие оддеднаш на 1 пиење. Па ја си препоставував дека мојава од навика си се налива со вода... А за јадење мојава цел ден јаде а и таму сигурно и даваат и + од тоа што го имам зборено со воспитачките.
Абе да ама воспитувачките ми викаат ако се научи дека ќе си оди пред дремка никогаш не ќе научи да заспие во градинка...зошто ќе знае дека ќе дојде некој да го земе и ќе чека место да спие...нзн искрено..а и еден куп логистики ми е да го земам во 2 и пол, или маж мора да излегува од работа или јас, родителите мои живеат блиску ама и тие работат и само рокади правиме..ќе видиме како ќе биде..воспитувачките се убедени ако оди во поголемата група, ќе троши повеќе енергија и ќе му се приспие сакал нејкел, ама таму не примаат со пелени па во фаза сме, т.е. вчера почнавме да се тренираме да ги фрлиме пелените па можеби во поголемата група повеќе ќе се уморува и ќе спие..нзн ни јас како да постапам
Мојот 1 месец секој ден плачеше а дојде време за спиење во градинка воспитувачка седеше до него да заспие па убедување ветување играчки што ти не, имали кога ќе дремеше кога само ќе лежи 1 саат евр го сега си почна да спие додека се опушти му треба време
Се надевам ќе се навикни...баш добро ни тргна, одевме 3 дена до 10, следно до 12 и планот беше уште два дена до 12 и да го оставам со спиење...и се разболе..4 недели не можевме да се опоравиме и паузираше со градинка...кога се врати продолжи неколку дена до 12 и ми рекоа остави го на спиење...1,2,3 дена не спиеше и го земав во 2 и пол за да дремни дома...самите воспитувачки ме советуваа да не го земам зошто никогаш не ќе научи да спие..и наеднаш им здосади пошто бељи им правел, дека во цела група е најголем, као му било досадно, немал активности дека му било време за во поголема група и одма мора пелените да се остават зошто во поголемата со пелени не примаат..можеби стварно таму се поголеми дечиња, поинтересно ќе му е, нив и ги шетаат па ќе се умори ќе заспие...ама мора првин да ги фрлиме пелените..и така секој ден го земам умрен за спиење ама ако го легнам во 4, до полноќ не ќе ми заспие