во однос на пелените....кога ќе премине од јасли во прва мала, тоа значи дека не треба да има пелени и треба само да може да јаде или се е индивидуално од градинка до градинка?
Во мојов град е така во однос на пелените...за јадење не знам...уште сам да го оставаат да јади и тогаш ништо не ќе касни...вака во јасли бар го хранат иако и тоа е дискутабилно, никогаш дома изгнасен не дошол, значи или му ставаат лигавчиња или седи гладен
Фала завршив ,колку што сфатив може и доказ за живеалиште пример кај мајка татко во стан со имотен лист и изјава,а мене ме прашаа зошто ми е нова личната карта(требало да е постара од 18 месеци со таа адреса?)..и сеа треба и имотен лист да им носам ...чудни правила.
Викаат се одвикнал или закаснета реакција.. Вчера и денес беше плачки цел саат ќе видиме утре како ќе биде
Здраво. Ве молам доколку има некоја која го праќа детенцето во јасли во Кочо Рацин- Бели Мугри (Капиштец), да ми каже како се задоволни и колку бебенца има во групата? Имам 9 месечно бебе, би сакала да го пуштам таму. Благодарам
Здраво. Јас сум задоволна од негувателките. Детето секогаш ми е пресоблечено и чисто кога ја зимам, ми кажуваат дали јадела/спиела, ако им е сомнителна - ако почнува да кашла и сл., ме известуваат. Задоволна сум од исхраната исто солидно мени имаат. Во однос на адаптација, кај мене ме приметија дека сум дома и ме влечеа малку. Барем мене така ми личеше. Ама и се посветија стварно само мислам дека сакаа да одат ептен полека Ние во група сме околу 20тина ама никогаш не одат сите Ќерка ми е најбитно пресреќна. Насмеана ја носам, насмеана си ја зимам. Ако нешто друго те интересира, прашај
Кај нас прва мала се од 2 до 3години. Ко што ги гледам сега, 90% се во пелени. Сами треба да знаат да јадат ама за пелени не ги форсираат. Дури еднаш слушнав муабет како учителка му вика на родител не го карај ако се кака во пелена, ќе си каже сам кога е спремен,само проблем може да му направите ако го форсирате.
Родители здраво, Девојчето ни е 9 месеци и почна со градинка моментално сме во фаза адаптација 9ти ден. Во градинка е супер умна и дружељубива веќе со насмевки ја оставам си ја сака учителката, но навечер се јавува проблем. Станува многу фрекфентно и со плачење (можам да кажам врескање) и се смирува единствено кај мене во прегратка. Дали ова е последица на оваа голема промена што и се случува? Дали сте се сретнале со ваков проблем и ако да како да и помогнам и да и го олеснам периодов? Секој ден после градинка поминуваме и јас и сопругот време на галење играње смеење и ја оставам да спие со мене. Секој совет е добредојден.
Прв чекор треба да имаш ти расчистено со тебе дека ќе и биде добро во градинка. Не е мала работа и не е лесно да го оставиш детето. Еве јас сум за мн. работи лабава, па за да помогнам за полесно прилагодување се спремав психички - барав совети на интернет од стручни лица + разговарав со психолози неколку месеци пред тоа. Ако претходно не спиела со тебе а сега спие, мислам дека не е паметна идеја, бидејќи на некој начин и сигнализираш дека нешто не е во ред со тоа што ја оставаш во градинка или дека имаш грижа на совест. Децата осеќаат ама баш се. Фазата на адаптација мора да ја помине секое, на овој или на оној начин. Откако ќе се прилагоди може повторно, а и се јавуваат периоди на плачки, ништо невообичаено, тогаш сфаќаат дека тоа уствари ќе им биде секојдневние а не е привремено итн. На кратко: работи на тоа дека ти т.е. вие се чувствувате добро што е она во градинка и детето ќе биде (по)мирно.
Ти благодарам! Значи не е ништо ново/невообичаено и нешто за што треба да сум загрижена (прв пат мајка прашања ) Дури си реков да не нешто ја мачи, а јас да го препишувам плачењево на адаптацијава. Одиме по самоуверено понатаму.
@Bubbles_92 јас не би се сложила со тоа со спиењето, иако можеби е лекарски став. Напротив, мислам дека така им даваме поддршка дека знаеме дека им е тешко и дека е во ред тоа, ама едноставно мора да се оди во градинка. Моето е поголемо, 2 год е. Одеше во една градинка, со многу тешка 3 месечна адаптација и воопшто не бев задоволна, па ја сменивме. Измеѓу имаше период што беше дома, може месец дена. Пред да почне во втората, си спиеше сам и ни под разно не сакаше кај нас. Кога почна одма посака кај нас и се будеше со плачки, поради се ново што му се случува. Плачките престанаа, он си продолжи да спие со нас цел месец. Кога се навикна таму и виде дека е убаво, си побара сам да си спие пак во креветче. Јас мислам, дека ќе беше уште поболно за него, ако во тој процес на прилагодување, го оставев да спие сам, не давајќи му ја таа утеха, што очигледно му беше потребна
Да, ќе правам како ми каже инстинктот само ми олесна што сепак е очигледно нормална појава и со трпение и нега ќе помине. Ти благодарам!
prva mala t.e.grupite od 2-3 godini se deca so peleni deca koj se vo postapka na vadenje i deca bez peleni. Se zavisi od dete do dete. Vo pogled na hrana se dava isto kako golemite so isklucok dokolku deteto jasde blendirano moze za vreme na adaptacija da se dava blendirano. Inaku vo tanirce se pasira ili se jade hranata notmalno. Vprocem se ova zavisi od gradinka do gradinka
Не е невообичаено, сосема нормално однесување. Според мене треба редот дома ист да остане, да нема промени и дома. Така побрзо ќе разберат дека тоа е нормално да оди во градинка. Не спиела никогаш со нас, и не ни сака. Неа и е сосема нормално сама да оди во кревет или кога ќе речеме ајде на спиење. Гушкање, легнува , лека ноќ и тоа е тоа.
Да ми кажете дали има вакво нешто во градинките во Мк? И ако нема дали би сакале да има, со тоа што секој би донирал книги, играчки, сложувалки, игри како не лути се човече и слично. На секои две недели од градинката можеме да порачаме преку апликацијата торба со сето ова. Секогаш е различно, можеш и сам да напишеш што сакаш. Пари за вакви работи скоро и да немам дадено. Ваква идеја е добра за сите посебно за оние родители што заработуваат помалку. И онака им се здосадува се на децата па вака на секои две недели би имале нешто ново, а родителите не би морале да даваат пари. И онака се е скапо денес. После две недели се враќа торбата во градинка. На секои две недели би требало вработена од групата да распореди играчки. Не е некој голем труд, а децата би биле среќни.