Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Јас денес многу се изреволтирав ама преќутев дека е прв пат.
    Ја земам од градинка малата и ги прашувам како поминале дали мочкала во гаќи, ми се жали воспитачката цела училница мирисала на мочки од неа  :( а еднаш само во гаќи се измочкала. Во ранчето има 2-3 пара гаќи, 2-3 пара хеланчиња, па пресоблечи ја и нема да мириса. Сигурно оф 32 деца не е само мојата со памперс и во фаза на оддучување. Ништо не реков, ќе видам наредниве денови како ќе биде, па ќе реагирам.
     
    На snegulkata, stilas7, sanjaeva и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    1.456
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа не читаш како што треба, ти и @joy1 се фаќате ко слеп за стап за вашите примери тоа не е генерализација само моето е. Јас наведов пример тоа не значи дека не сум запознаена со друг, пример долг е списокот со скопските градинки кои што се црвено жолто обоени, верувај добро знам кои ако сакаш и име ќе ти наведам.
    Него смешни сте некои овде што само стискате лајкови колку ради реда -подржувачи да не ви поде форумскиот режим а самите пред себе знаете колку само е обратно :)
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    Смешна е споредбата со странство. Таму, дури и ако се чека ред, те запишуваат кога ќе ти дојде редот и не верувам дека има врски и запишување преку ред. Тука е друга приказна. Не знам зошто се правите наудрени? Ретки се тие општини каде што нема гужви во градинките, во повеќето е преполно. Еве нека кажат мајките за Аеродром дали некоја успеала да запише дете без врски? Јас не познавам такви. Тоа е тоа што фрустрира. Ако немаш врски, детето нема да ти биде запишано. Јас немам против да чекам, ако знам дека ќе ми го запишат детето кога ќе му дојде редот, без притоа да запишат нечие дете преку ред, меѓутоа...
     
    На ivi1987, galapce, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  4. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Ние буквално се запишавме за една недела,ама директ преку градоначалникот:!:

    Самиот рече Пупи фул сме,толку ни се можностите(читај:имаме други приоритети/мислеше на Владата),не се жали ако ти го вратат непресоблечен,исфлекан...во градинката дури потпишавме изјава оти се согласуваме да одиме во пренатрупана група.На последната родителска,пред околу 3м,на список беа 39 деца,а +-20 идат постојано.
    Но,и покрај се,генерално сум задоволна од градинката.

    П.С.Ова уписов наш чисто како пример.Пали или партиски или пријателски линк,како во нашиот случај.
    Колку за инфо,ние сме во Аеродром и мислам дека кај нас е најголемиот проблем со малиот капацитет,наспроти потребата од групи/градинки.
    Во една прилика Ивица ми рече"знам,но кој ме прашува.Ме притискаат за друго да трошам.Нареџење,извршење"...само се насмеав.
    Белким сега нештата ќе се сменат.
     
    На Bozica1980, galapce, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  5. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.646
    Пол:
    Женски
    Баш не мешам партии и од тие и од тие имаат луѓе. Конкретно знам едно дете што не беше од наша општина а и он и сестра му и градинка и школо си тераат во аеродром. А тешка сдсмовска фамилија се, а ова зборам у вмро времето.
    него ти си штом си го знаеш ивица лесно ти е. Бар ти беше :) . Ама не ги правдам бе ич, многу добро знаат колку деца се раѓаат у аеродром нека му ја мислат. А не само да делат сертификати да се знае дека се дромци со тапија децава :)
    Уф ако не ми ја примат.
     
    На Bozica1980 и azelea им се допаѓа ова.
  6. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Чекај,уште е Лепи татко на Аеродром,не му крати мандат:!::D

    Епа мојов,твојов и икс други примери се доказ дека приоритет имаат оние со врски,било партиски,било пријателски.И реонизација не се почитува.
    За жал.
    Мислам и во Центар не е поинаку.
    Внукми тргна пред нецел месец има 13м,а го запишаа кога имаше 3-4м.Па и во тој случај беше повуци потегни.

    Факт е дека има недостиг од градинки и персонал.
    Факт е дека наместо да се изградеа 2-3 споменика,можеа да се изградат 20-30 градинки низ државичево.
    Факт е дека сега новиве ако сакаат можат бар и делумно да го решат проблемот.
    Факт е дека изградбата на градинки е обврска како капитална инвестиција на локалната самоуправа,но сето тоа во соработка со централната власт.
    Сума сумарум,дал Ивица,дал Заев,можат да изградат уште 2-3 градинки низ Аеродром.Ако сакаат.
     
    На Bozica1980, galapce, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  7. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    15.836
    Во Аеродром е страшно,незнам што ќе се прави.Вчера ја земам ќерка ми од градинка и негователката што беше дежурна и викам како си те немам видено одамна и ми вика жената бев во централната градинка на замена на некоја колешка ,кажува таму полно по 40 деца хаос,еве сега ми вика и тука 40 бебиња се на список чекаат,незнам како ќе биде ако не ја реновираат градинката или нешто ново да се направи,вика ниту се прима кадар ниту се прават градинки.
    И си викам што нема да бидат по 40 деца кога од околу се изградија 20 згради и уште дупки се копаат ,кај ќе одат тие деца кога во глобала се се млади брачни парови.Па само во мојата зграда лани се родија 5-6 бебиња кои сега ќе одат во градинка,а кај се другите.
    Кога се градат згради треба да се мисли и на овие работи, а не важно сите градоначалници се налапаа станови па им е гајле за функционалноста на капацитетите.
     
    На Bozica1980, chocolade, Lattina и 5 други им се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Конечно убави вести
    Два дена не е помочкана во гаќи воопшто ни во градинка ни дома :clap:
    Ја оставале сама во тоалет,сама ги облекувала гаќите и хеланчињата, кога ќе дошла во училница само ќе ја поднаместеле. Значи за 3 дена се научи. Само џабе се брукаат воспитачките со зборови и изјави.
    Дома само за спиење и ставам. Вчера во Сити Мол шетнавме без памперс и не се измочка.(y)
     
    На Bozica1980, fairy88, EuHenIa и 13 други им се допаѓа ова.
  9. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Мајки на деца кои одат во градинка,кога ги земате децата од градинка (во мојов случај ќе биде во 16ч.)дома им давате манџи,за јадење или нешто како ужини и полесна храна(зашто манџи имаат во градинка)
    @referentka и твој совет добредојден ми е(зашто и јас сум сама со мм и детето,па како се организираш)До сега дома беше па добро теравме ама веќе ќе почнува градинка.Фала.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.941
    Допаѓања:
    203.229
    Пол:
    Женски
    Јас давам од нашиот ручек (околу 15-16 часот) кога ќе дојде дома. Ручекот во градинка е околу 12 часот, после доаѓа дремката, па ужинката. И обично гледам да не се поклопува со тој во градинка, да не му дојде исто јадење два пати. Никогаш не одбива, бидејќи не му е доволен ручекот во градинка.
     
    На Bozica1980, iki26, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислам дека ќе сака да јаде дека мн рано ручекот,затоа се мислев дали манџи или др давате..фала Анат.
     
    На galapce и Annath им се допаѓа ова.
  12. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Јас обавезно нудам јадење кога ќе дојдеме од градинка, некогаш сака некогаш не, обично сака кога има некое од омилените ручеци на мени ;). Ако не не форсирам давам за вечера лебче со нешто или бисквити и млеко, шише млеко и во кревет. Повеќе се секирам кога е дома оти изводи бесни глисти и цел ден бара глупости да јаде
     
    На galapce и Petar80 им се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.899
    Јас му нудам да јаде, ама обично не сака дома да руча. Кога оди во градинка ми е лесно - најаден си е (таму викаат дека и сам јаде, а менито им е баш добро), што и приметувам по тоа што не бара храна, ама викендите ми се ужас. Тој би се хранел само со пудинзи и готови кашички, повремено некое пржено лепче, па се бркаме, се молиме, се лажеме (ставам ручек во тегличка) и јас секогаш нервозна завршувам.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  14. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.646
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам ни јавија дека е примена од Септември. Џабе лаев :D вредеше цела година однапред што ја пријавив
     
    На LBC, iki26, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  15. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    15.836
    Епа ај со лесно.Во Бамби ли ќе одите?:)
     
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.646
    Пол:
    Женски
    Da :)
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  17. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    И ние од септември ке одиме во Бамби :)
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  18. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.646
    Пол:
    Женски
    Ќе се дружиме значи :) а колку години има твоето?
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    И мене денес ми се јавија, примен е син ми во градинка. Се израдував, он едвај чека да почне. Само раскажува што ќе правел во градинка, како ќе ручкал, како ќе си играл....
     
    На snegulkata, azelea и iki26 им се допаѓа ова.
  20. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    15.836
    Во октомври три ќе полни на чоколадка ќеркичката:).
     
    На chocolade и M&M им се допаѓа ова.