Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Одлична идеја. Ама кај нас ги мрзи пелени да им сменат, некаде читав дека малку вода им давале да не мочкаат...
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Убава идеја ама кај нас и градинките немаат толку играчки да ги делат на сите деца. некои групи имаат по 30 деца. Колку играчки треба да има во градинката за да има и таму да играат и дома да носат 30 деца.
    Во групи со помалку деца може да се изведе. Инаку кај нас има пракса играчки од дома да се донираат во градинка (јас сум носела неколку пати) баш за да имаат доволно играчки.
    @MilaSs12 секакви градинки има. Ама има и златни воспитувачки и негователки кои бап се грижат за децата и ги учат на милион работи и супер работат со нив. Јас бев презадоволна од градинката каде што одеше моето дете. Секој ден ги пречекуваа со гушкање и ги испраќаа со гушкање. Да не зборувам дека секој ден имаа активности по програма за детски развој, дека имаа последната година програма за развој на емоции и емпатија и дека три до четири пати годишно огранизираа активности со родители и деца заедно. На крај од неделава знаеше впостивачката да ни пушти на Вибер видео од активностите. Уште чувствувам поврзаност со градинката иако детето ми е веќе второ одделение.
     
    Последна измена: 12 мај 2023
    На dromka, karak, daniangel и 9 други им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што си имала позитивно искуство. Сите искуства треба да се такви.
    За жал не се.
    Моето искуство е дека не се потрудија 2 месеци да го вклопат и да не плаче на секое одење. Има одбивност од градинка.
    Знам дека е тешок карактер и со него треба многу работа.
    Опција е да менувам градинка и да се надевам на кадар кој ке сака да работи со него.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    На некои деца им треба подолго време за прилагодување. Едноставно е така. И не е само тука и не е единствен случај. Лично гледав како заедно со моето дете се прилагодуваше односно не се прилагодуваше дете на иста возраст со него во истата градинка. Се пробуваше со се од страна на наставничките (дури и мајката влегуваше во градинката што нели не е според протокол) и тек после 6 месеци детето се привикна. И пак не беше тоа среќно одење во градинка. Ама прилагодувањето зависи и од повеќе фактори. Имав и пријатели што сменија клон на градинка откако детето не сакаше во едниот да оди. Во вториот се прилагоди и одеше (иако не беше баш многу среќен). Заради разлика во годни сестра му се погоди кај истите наставнички во првиот клон и супер се прилагоди. Некогаш треба се да се склопи и нареди.
     
    На gjoker4e, lovely91 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Кај син ми не се ни трудеа. Низ муабет кажуваа демек многу е тешко со него да се работи, и другите деца ги расплакува, дури и оние што се поодамна, ке видиме како ке биде, па пауза да правел да му помине, итн.
    Моја грешка што кажав дека сакам да оди за да се социјализира, и дека ке си го земам пред спиење.
    Сега си кажува дека не сака да оди и готово.
    Ако јас работам во моментот, ке си оди во негова соба и се игра. Со деца е супер, друштвен, социјализиран. Работам со него ама не можам да го направам истото што и во градинка.
    Можеби од септември ке пробам во нова средина и ке видиме како ке биде.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Е па пишав дека повеќе фактори треба да се поклопат. Домашната средина е исто битна. Ако детето зане дека има избор нема да избере да биде во средина каде што владеат други правила. Ќе избере средина каде што е „главен“ (по линија на помал отпор нема да сака средина каде што се делат играчки кога може сите сам да ги имам и играм. Зошто би го правел тоа?). Така што за да прифати градинка детето треба да знае дека нема избор. Односно дека оди во градинка и точка. Нема преговарање, нема договарање. Ако има баш баш проблем во градинка ќе се примети во промена на однесување (повлекување, регресија на дете, зголемена агресивност и слично). Ако нема промени драстични нема зошто да се реагира.
     
    На KuklickaSk, Sofi.ja и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    2.465
    И ние имаме проблем наутро, секое утро со плачење одиме. После 2-3 месеци се навикна и престана да плаче, но за жал се разболи и 10тина дена беше дома, одтогаш навака веќе 2-3 месеци исто како од почетокот си плачиме на влез.
    Учителките велат веднаш се смирува, си игра, јаде, спие... но мене веќе ме иритира секое утро со плачење што одиме. Не знам како да му помогнам се мислев да барам психолог или да го отпишам, но ми е криво бидејќи внатре откако ќе влезе нема мака.
     
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    37.563
    Пол:
    Женски
    Имам претходно пишано искуство со двете деца во иста градинка во иста група исти вработени. Првото од прв ден беше навикнато. Второто скоро два месеци одеше само по еден саат и тој го плачеше и отечен го земав. Да беше второво прво ќе мислев дека не го ни погледнуваат таму, дека го тепаат и слично. И секогаш во темава пишував за вакви случаи дека вработените не се трудат доволно. И еве ме снајде и мене за да сфатам дека и до детето едноставно може да биде.
    И моето до 3 години плачеше на одење ама внатре одма се смирувала и се гледаше дека се е ок ама кога ја оставав плачеше. Можеби е само краткотрајна тага под нас од разделбата. Поинаку не знае да ти објасни дека е тажен. Да го отпишуваа немој, градинка е за деца, деца се за со деца. Психолог само заради тоа што плаче кога го оставаш ќе ти каже дека тоа е сосем нормално. А кога ги носи маж ми и двете ниту плачат ниту ништо. Второво и сега плаче јас кога го носам и до градинка изгледа како болен да е. Маж ми кога ги носи буквално никаков проблем се нема сабајлето. Пробај и ти мт ако е возможно.
     
    На snegulkata, MilaSs12 и Isabel им се допаѓа ова.
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    И ја мојот во група имаше дете што плачеше нон стоп и пробуваше да се адаптира ама џабе им рекоа на родителите барајте си чаре. Зборам за учетлки и негователки што се најдобри во градинката и што децата многу учат од нив и се залагаат за нив. Но ова не ги оставало ни другите да спијат и истрауматизирани беа, нормално детето престанаа да го носат во градинка и се се врати во нормала. Муабетот ми е не секое дете може да се адаптира во таква средина точно дека градинка е за деца ама не за сите :)
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    2.465
    Поретко го носи маж ми бидејќи рано оди на работа, но и со него плаче. Можеби не колку со мене, но плаче. И јас мислам тешко поднесува разделба, но и мене ми е претешко така да го гледам како стрес да доживува секој ден. Се тешам што велат дека се смирува брзо, многу сакам да оди во градинка, да се социјализира, уште од пред неколку месеци ги знае сите другарчиња по име, некои ги спомнува почесто, најверојатно повеќе се дружи со нив.
     
    На dromka, sani99 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Апсолутно има огромна улога карактерот на детето. Ама, тврдам дека и вработените не се трудат доволно.
    Јас знам дека детето ми е тежок карактер, своеглаво и размазено од аспект што е прво внуче дури и кај мои тетки, сите го чуваат, а секако јас и татко му на прво место, ние го размазивме, не велам дека трет некој е крив.
    Син ми немаше промени во однесување ама не сакаше да оди. Се помирив дека не е дете за во градинка и тоа е тоа.
     
    На elimkd и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.291
    Допаѓања:
    28.051
    Во договор е откажувањето пелени со негувателката. Кај син ми во група од 2 до 3г во текот на годината сите, освен 1 дете оставија пелени. Некои порано, некои покасно. Син ми на 2 и 7м кажавме во градинка дека тргаме пелени и ептен многу ни помогнаа во процесот, го држеа и они во гаќички, му се посветија тие 2 недели многу иако имаше инциденти да се искака во гаќи во градинка, не го вратија во пелени. Правете се во договор со градинката, тие стотици деца одвикнале од пелени, ќе ви дадат и добри совети.

    Има во група едно дете со атипичен развој и уште е во пелени во група 3 до 4, нема никаков проблем за преслакање. Ама се очекува од децата со типичен развој до 3, 3 и некој месец да се одвикнати.
     
    Последна измена: 14 мај 2023
    На dromka, Sofi.ja и brm_brm им се допаѓа ова.
  13. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    jas ke ti kazam se e do karakterot istata ucitelka bese i na mene a sega i na kerka mi jas nikogas ne ja zasakav gradinkata a kerka mi so dusa ceka da ode
     
  14. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Никогаш не мислев дека овде ќе побарам совет,ама ете,никогаш не вели никогаш :) Со првото дете немав ама баш никаков проблем,му се менуваа и воспитувачки,ама си ја сакаше градинката. На почетокот нормално плачеше,ама брзо свикна.
    Е сега второво...тргна на адаптација од 8 месеци. Нормално плачеше,ама не придавав некое големо значење бидејки мислев дека мора да се навикни, И СЕ НАВИКНА. Не плачеше на одење,ми пракаа клипови дури како си игра. Е последниве неколку недели им се случија промени во градинка,спојуваа групи,нови деца,по малку плачеше ама потоа се смируваше. Воопшто не се загрижив,воспитачките беа тие со плус уште една и пак немаше некој драстичен проблем.
    Последнава недела се сменија работите,од тие што ги знаеше остана само една,и почнува нашата ХОРОР приказна. Ај што плачи на врата како на колење да го носиме плачи,ама си викам ќе се смири. Но не,претходната недела плачело без престан од 7 ч наутро до 12. ЦЕЛО ВРЕМЕ. И ми го рекоа тоа.
    Прашав зошто не ми се јавија,ми рекоа морал да се навикне.
    Ама почнав навистина да се загреижувам кога приметив различно однесување дома. Буквално е нервозен,се куби за коса,писка без престан. Од дете што спиеше цела нок буквално,се буди на 45 мин. Како зомби доагам на работа.Разговарав со воспитачката,ми рече детето ти плачи вака од кога е тргнато во градинка,неможеш да очекуваш само него во раце да го држиме. НОРМАЛНО ДЕКА НЕ ОЧЕКУВАМ, ама знам дека детето ниту плачеше ниту промена во однесување имаше. Пробав да разговарам,ама ми рекоа е тоа е,такво си е детето че се навикни. ЈАс знам дека ќе се навикни,ама почнав со секакви мисли да се оптеретувам,по цел ден на работа го мислам како му е.Јас не очекувам посебен третман нормално,ама не знам ни како да постапам. Бев и кај психолог,добив одговор дека го гледала таа ама не забележала ништо загрижувачки (lalala) Не знам како да постапам,дали има некој со слично искуство?
     
    На ivani30 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Какви папучи носатт во лето вашите деца?
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.029
    Допаѓања:
    110.699
    Пол:
    Женски
    Крокси и обични отворени со широка трака преку, али кроксите ми се попрактични имаат ремче позади, само ако предолго ги носат често знаат да замирисаат, па затоа често ги потопувам во топла вода со сода бикарбона и на ноџињата знам да протријам после бањање во лето.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Папучи не би ти препорачала за дете. Земи си ипанема, топ се. Не се лизгаат, не потат, а може да ги начекаш за нормална цена.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Каде, како изгледаат?
     
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.900
    Допаѓања:
    18.784
    Пол:
    Женски
    Ги има и во спорт риалити, монд, побарај да најдеш нешто на попуст, вака се скапи ама вредат секој денар. Цело лето е во нив, откако прооди овие ги земам.
    https://www.sportvision.mk/obuvki/8545444-ipanema-ipanema-summer-xi-baby
     
  20. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    За внатре во градинка зборам, не знам за какви папучи помисли?
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.