Имаш и летни топлинки скоро секаде. К&K имаат убави летни топлинки.. Незнам дали бараш женски или машки, но разгледај има и за машко и за женско. Еве машки едни, пример да видиш.. https://k-k.mk/product/letni-toplinki-kk-2 Јас не би гумени на нога цел ден во градинка, овие ми се подобра опција.
Јас изгледа се зезнав со бројчето и ги зедов кнап, ама овие мислам не треба да се поголеми како и патиките. Кое бројче зимаш најк а кое ипанемава?
Ипанема има 27 што исто му се кнап. Поодамна ги зедов, многу евтини беа. Најк носи 28,5 ама му се таман, веќе и 29,5 му зедов. Уште ги нема облечено ипанемава на босо, ама изгледа ке треба уште еден пар во поголем број. Детево последните неколку месеци се извиши многу и стапалото му порасна.
Дали во некоја друга градинка освен во нашата децата седат по патики? Му пуштам топлинки во ранчето од прв ден, еве цела недела оди на адаптација, ранчето воопшто не е ни отворено. Ги прашав минатата недела зошто не му облекуваат топлинки, немало потреба било топло, а внатре немаат тепих. И се направив на удрена, велам бос седи? Не, не, по патики. Епа тогаш реков да купиме нови патики, оти него овие му се за надвор, стварно нема смисла. Нема потреба, сите со истите патики седат. И се уверив денес, првата училница е нивна, на неа има врата со балкон, кога бев да го земам беше отворена и дечињата беа пред врата. Сите до едно со патики. И само син ми со јакна. Од прв ден го оставаат со јакна да седи цело време. Ги прашав денес зошто не го слекуваат, ми рекоа наводно тогаш го облекле оти ми се јавија да го земам. А тој вели дека седел и денес по јакна.
Во мојот град не...освен ако некое дете носи нови патики за внатре, иначе има посебна просторија каде им ги оставаме ранчињата, скоро секое дете си има посебно шкафче, го носам, слекувам патики, топлинките ги чувам таму и му ги облекувам, слекувам јакна, ваѓам од ранчето памперс, се друго оди во шкафчето и таму стои...некои мајки и ранчињата им ги оставаат таму јас моето си го земам секој ден ама скоро од сите дечиња топлинките стојат таму..и баш имам разгледувано слики на фб, бидејќи градинкава си има фб страна, сите дечиња од најмали до најголеми се цело време по топлинки освен за спиење
Во централната градинка каде што спаѓа овој клон имаме влезено нели за упис, така е како што кажуваш. Огромен ходник со мали шкафчиња пред секоја занимална, со име на дечиња. Овде кај шо го носиме ние е руина, условите се катастрофа, ама очигледно и негователките. Реагирав, ама нема ефект очигледно. Не знам дали вреди да се замерувам, секако од септември во друга група ќе оди.
Што им е филмот на негователките, особено на ќерка ми што е? Секогаш ми вика дека изела се од ручекот,а ќерка ми ми вика само лепче дека јадела. Скоро шест години е и знае да ми каже, не го разбирам лажењево на негователката. Им кажав може малку построго за тоа, секако, не да ја тепаат или да и викаат, но џабе.
По мене вреди. Како така деца ке седат во прашина? Улиците се катастрофа, премногу е нечисто и гадно. Јас во ходник имам светла стаза, од едно доаѓање на гости ја перам, ние надвор се соблекуваме, внатре не влагаме со патики. Замисли колку е гадно од куп деца со патики. Не се замараат. Гладна не е, и затоа тераат. Со син ми не сакаа да се позамараат, велеа тешко е да се работи со него.
Да не се замеруваш, барем по мое, само за три месеци се работи или замерувај се ама ако мислиш дека ќе смениш нешто, иначе ако не се смени ништо која е поентата...грандинкиве во државава ни се без коментар, секој своја политика..сенкир на игралиште го носиш па со патики сите да седат внатре, па јадат таму бе, како им оставаат патики кои ги носат надвор...ако мислиш дека му е топло, слекувај му ја јакната пред да го однесиш и облечи му топлинки пред влез...
Јасно ми е Мила, затоа и изреагирав. И отворено ми кажаа дека така седат сите деца, како да е нормално. Шо да им речам? Сменете став, мора да носат сите деца топлинки? И да му ставаат на моето, ако другите не носат, џабе е. Да ги пријавам во управата? Кај можам да се пожалам, ама ефект да има.
Знаеш во другите групи како е? Безобразни се, гнасно е така. Кај син ми го предаваме во топлинки и соблечена јакна,а патиките во кеса во ранец, си го облекуваме на зимање.
Точно, треба промена од корен. На крај, и тие самите го дишат тоа, како ли им се седи во прашина? Пробај со управа, не се три дена мајка.
Од која општина сте? Има на веб страната на мтсп контакти од инспектори за градинки согласно општина.
Не знам, една недела го носиме, дека е на адаптација го носиме покасно, го земаме порано. Битола. Вреди да пробам?
Пробајте. Во градинка кај син ми нон стоп има инспекции, а прекрасна е градинката и немаме никакви замерки
Те читам @IRBBB и да ти кажам еден пример со нашата градинка (исто Битола). Во ред носат топлинки, некој пат ни пуштат слики на вибер, гледам еден ден сите деца во двор на сонце што е супер ама гледам на нозе по топлинки А дворот од градинката попладне е мочална за кучиња И толку, но комент. И уште една тема, ќерками кога почна прва недела одеа цела група што беа нови дечиња- пола сат, втора недела одеа до 11:30ч. па трета недела се обидоја со спиење и седење до крај до 15ч. Арно ама ќерками на третата недела настина и имавме на ново адаптација и кога ми запнаа воспитувачките дека “чупето не ти е спремно за спиење” јас си вервав дури не почнаа да ме советуваат други да запнам, да покажам заби. Еден ден, мислам на 1ви март беше, ја носам и им кажувам во ранецот има пижами денес ќе спие, ние одиме на работа двата со мажотми, ако нешто не дај Боже имаме телефони, барајте не. Воспитувачката сеуште беше упорна да не пробваме!!! А керката одеше од септември, значи полни 6 мес. Нити се јавија ни ништо, ја зедов во 15ч насмена, наиграна итн. А ако одев по умот нивни и ден денес немаше да пробаме со спиење.
И во нашата градинка му облекуваме топлинки ние родителите, ама ако одат надвор во двор одат со истите топлинки и после пак внатре, а имам видено и деца што си влегуват со истите патики од дома, еднаш се собравме повеќе мајки и бевме кај директорот и џабе пак си тераат по старо.
Дали некој ја знае песнава не можам никако на јутуб да ја најдам, во градинка ја пеат и дома ми ја бара, кој се плаши од волкот лош три за грош три за грош…