Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Ја нема како песничка на јутуб?
    Од кај ја пее ондак? :)
     
    Последна измена: 23 мај 2023
  2. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    9.235
    Пол:
    Женски
    И јас ја знам од мала. Не знам може и да е народна песна ама памтам и верзија од Ристо бомбата:D

    Некаде после 2 минути
     
  3. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.374
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    Кога цуца моја почна со градинка пред 3-4месеци бев лута на мајки чии деца кашлаа буфтаа кога ги носеа зашто мојата не можеше да сврзе една недела.
    Е сега јас сум така, не до толку де.
    Помина 1 месец откако премиерно пиеше антибиотик ради високо црп и тт, хемофилус во нос.
    Оттогаш си продолжи да прокашлува чат пат.
    Ја носев прошла недела др вика супер е, грло и гради се ок. Кашла ради слевање на секрет и плус шо вади 3ки има повеќе плунка.
    Дете продолжува да си прокашлува, особено ноќе. Секрет има во нос ама не е нешто уау. Нормално како за дете во градинка :D.
    Прашав за кс и брисеви ми рече нема потреба.
    Ова кашлањево до кога ќе трае?!
     
    На daniangel, azelea, Tiny Love и 3 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.664
    Пол:
    Женски
    И јас кукав за деца што кашлаат во градинка, последната година цела ја прекашла, оваа еве 3 дена ќе пие антибиотик и ќе оди во школо со терапија покриен, не може да не оди како во градинка. Да бе кашла да расфрла секрет, да не му тече од нос и да лепи по играчки секрет па деца да се заразуваат и да нема температура, да се осеќа добро, пред се нему да му е удобно, оти кој може да седи 8 саати на столче во лоша здравствена состојба.
     
    На daniangel, azelea и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.979
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Тоа го збориме цело време кога настанува кавга во оваа тема :D Ама нормално сите сме биле на таа страна, прво дете, прв пат во градинка, смачено ти е од неспиење, три дена максимум во градинка, доктори, мрсули и после доаѓаш од другата страна кај што се предаваш и сфаќаш дека е дел од животот, фаза што мора да се помине и така :)
     
    На daniangel, hammer, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  6. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    5.220
    Пол:
    Женски
    До бескрај :( матичната ми вика дури оди дете во градинка, ќе кашла и ќе му тече нос...помири се...јас :worried: ене го грофта, нос чистиме секој ден по нзн колку пати, последна дијагноза е алергиска база комбинација со градинка...а првата недела кога почна да оди и јас велев леле бе како кашлаат децата како ги пуштаат...епа сега и моето грофта и оди
     
    На dromka, daniangel, WonderGuurl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.020
    Допаѓања:
    110.664
    Пол:
    Женски
    Исто е и у школо.
     
    На daniangel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    5.220
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам...тие ќе си кашлаат ние или ќе им се тресиме или ќе станиме имуни на кашлањето...јас најмногу страв имам од температура иако знам дека е добро кога телото се бори, ама мене страв во коски :sweat:
     
    На daniangel и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Како тоа до кога ќе трае? Од каде ние да знаеме? Ја третирате ли со нешто кашлицата? И даваш ли некакво сирупче?

    иначе стварно алал да ви е, делувате ноншалантно, си му тече нос, си кашла, си оди во градинка без проблем, читам и тука а и многу примери исто вакви знам, мислам дека уште 10 да родам нека да кренам раце дури не го излекувам а камо ли в градинка да се мачи, да се дави во мрсули и кашлица
     
    На Brpbrp и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.979
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Па тоа е муабетот, грло и гради супер, крвна слика супер, тече носот и се накашлува од носот. Нема за што да седат дома кога нема кој да ги чува.
     
    На dromka, daniangel, Tiny Love и 6 други им се допаѓа ова.
  11. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    5.220
    Пол:
    Женски
    А што да правиме Ели...ајде предложи решение....сто пати е носен на доктор, слушан, брисеви чисти, кс океј, нема ништо на гради а кашла како да пуши 2 кутии цигари од ден...не цело време ама ако се закашла ќе мислиш кознае колку е болен...доктор викат нема ништо, што да му правам јас? вечно дома да го чувам?
     
    На daniangel, azelea, Tiny Love и 3 други им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Детето и неговото здравје се на прво место, ако тече нос се прават брисеви, ако и брисевите се негативни се испитува алергии, зошто да се мачи дете.

    На почетокот стварно ми беше тешко и не можев да сфатам од каде детево толку болно се дури родители блиски пријатели, околина и роднини си кажуваат дека си ги пуштаат децата со температура, со до гуша мрсули, со шприцеви антибиотик…
     
    На Brpbrp и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Не да го чуваш дома, детето ако е весело, си игра, си јаде, сите резултати му се уредни, испитајте алергии, во иста ситуација сме моментално, вчера и денес цел ден сум по доктори и по испитувања, чисто грло, чиста плуќа, нема мрсули а затнато е, хрчи и прикашлува, се сомневаат на алергија, доби терапија за алергија па нареден месец ќе му земат примерок за да испитаме, зошто да се мачи и јас со него по цела ноќ неспиена, ако е алергија да знам од што е и соодветно да се третира, не ми е сфатливо од чиста мира и моево затнато со кашлица.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.979
    Допаѓања:
    13.053
    Пол:
    Женски
    Испитани алергии кај двајцата, брисевите кога како ама и да има бактерија ниеден доктор не препишува антибиотик за растечен нос. Врти сучи тоа е. Дете со температура, со сируп итн никогаш немам пратено во градинка еве 2 месеци го чував дома да го долечам, очекувам за викенд пак да се раскашла.
     
    На azelea, Tiny Love, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.990
    Допаѓања:
    59.660
    Пол:
    Женски
    Со кашлица нема играње обавезно брисеви и доктор убаво да наслуша,мојот од шарлак со комбинација со мораксела направи тешка пнеумониа заглавивме во козле.
    Матичната викаше чисти носе инхалирај и тоа тоа аха важи..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Не знам стварно што да кажам, не сум доктор пишувам само од мое лично искуство со детево а од кога е почнато во градинка коса ми побеле од тие вируси и бактерии, ако е бактерија во носе нели се лечи со антибиотик локално, тие дена мирува дома тоа ни биле и препораките од матичниот, муабетот ми е тие кашлици и течење на нос не се така наивни како што мнозинство си пишува, се последица на нешто, башка што и мали се, грев ми е и не можам да се помирам дури не го излечам се до наредно пуштање во градинка :)
     
  17. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    5.220
    Пол:
    Женски
    Кај нас е 99 посто алергија бидејќи со терапија за алергија му се смирува кашлицата ама нејкам да му давам сирупи за алергија преку ден зошто знам какво дејство имаат барем врз мене...навечер давам, чистам нос и спие супер, сабајле пред градинка чистам нос и тоа е, тој и онака има мрсули само ако кивне или ако влечам, вака во мирно седење нема никаков секрет, ама знае да се закашла од време на време и звучи како да доаѓа од плука ама не е...слушан е сто пати нема ништо на гради

    Еве штом имате сличен проблем препорачај ми каде да одам: Детска клиника, Козле? да правам тестови преку крв? стварно нзн, во мојов град нема ништо од тоа...а имавме проблеми со реакции од храна до некаде година и пол, сега се нормално јади, се што му предизвикуваше алергија очигледно ја надрасна, сега претпоставувам се работи за респираторни алергии ама нзн каде да одам
     
    На daniangel и elimkd им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    сирупите се даваат стрикно пред спиење бидејќи го успиваат.

    Ако добро се сеќавам ти беше од Охрид, мои роднини правеа испитување за малото во Отешево Преспа, има и приватни лабаратории кои прават вакви тестови како Авицена, поблиску ти е во Тетово, а ги има и во Скопје, има повеќе панели, цената на еден панел е 2.500ден, мене ми го препорачаа педијатрискиот, имаат и веб страна можеш да провериш, примерок земаат директно од вена и за еден ден се готови резултатите, само минимум предходно 24часа не треба да му се дава на детето терапија за алергија. За Скопје мислам дека не е во Козле ама тие што повеќе знаат нека пишат
     
    На doubleinfinity му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    10.610
    Пол:
    Женски
    Имаш педијатриски панел во Авицена.
    @brm_brm јас се напињав на почетокот ама си легнуваш на брашното. Ако кашла од секрет што и се слева пуштај ја.
    Мојава не била во градинка од реални болести цел месец, неверојатно е кои комбинации ги праевме да ја чуваме дома. Здравје од понеделник планирам да ја пуштам ама да ја тргам пак зашто носот и трчел сигурно нема.
     
    На daniangel, azelea, Tiny Love и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.220
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Тоа со кашлањето е налет. Нема ништо ама кашла. Со антихистамини може да се смири ама јас еднаш така зезнав работа. Се смири кашлица, ама спушти надолу. Генерално кога кашлаат треба нешто да искашлаат, ама ако го надразнат грлото после кашлаат од тоа и така во круг. Ова е многу убаво ама за деца над две години е, ако е надразнето грлото го смирува. Според упатство е 3 пати на ден по пет прскања ама јас го користам 2 пати дневно по 3 прскања кога има таква надразителна кашлица, 2 до 3 дена. Без рецепта е, ама прашајте си педијатар.
    https://www.zegin.com.mk/mk/bosnalijek-lizobakt-p-sprej-za-usta-30-ml
     
    На mal.ecka и doubleinfinity им се допаѓа ова.