Се согласувам дека постепено се треба да се испита за да се исклучи причината, но да нагласам дека грешка си ме сватила за ноншалантноста, или може општо ти е напишано за повеќе членки. Не прашав да ми кажете до кога ќе трае кашлицата , ваљда ми го свативте муабетот. Далеку дека се дави во мрсули и буфта! Користам максимално отсуства од работа за да сум дома, ама доктор ми вика здрава е, зар дома ќе ја чувам. Секако ја носам 1-2 неделно да ја види, таман да закачи нешто таму
Кој не се напињал на почеток се собравме мајки и кај директорот бевме и за ова и за топлинките и за менито, првата година ко заоде в градинка, после си легнуваш на брашното, првата година сите стомачни и респираторни вируси ги помина со 3,4 антибиотици, во меѓувреме кога беше здрав беше со мрсули, а здрав пази, е тогаш одеше в градинка, после првата тешка година која ја помина повеќе дома отколку во градинка дојде 2рата и 3тата која ги помина супер само со конјуктивит во пролет, еднаш коксаки, декември грипот со тт цела недела и 3 пати ларингит сега во последниве 6 месеци. За ларингиот сакаме да одиме Отешево да испитаме алергии.
Малку ми е чудно, сите деца што кашлаат се со алергија испаѓа. Епа како тогаш се пренесува на други деца? Еве мене ми е чудно и стопати имам пишано. Чудно ми е како истите деца се во градинка секој ден. Зарем никогаш не се болни? Не знам навистина.
Ќерка ми беше без прекин секој ден од јануари до средина на април. Дека и протекуваше носот и протекуваше. Е сега кога почна со рота, па рино вирус, па хемофилус, па тапанче пукнато во рок од 1 месец, си ја чував дома. По мене ова се реални болести. Течење нос не болест за дома да чуваш. До душа можда да имаше кој да ја чува во секој момент можда и за тоа ќе ја чував дома и ќе се расправав зашто носат деца во градинка со растечен нос. Реалноста е дека 90 посто од децата во градинка нема кој да ги чува и ќе си се помириме со фактот дека тоа е, имунитет мора да се стекне.
Ок да, но течење или затнат нос полн со секрет може да е бактериско и не секое дете поминува лесно. Многу мајки што ги знам, децата полни со зелен секрет и ми викаат: Па сигурно е алергиски. Значи они си нагаѓаат, не оти испитале. Плус и носат деца вечерта со температура, утредента во градинка. Дно.
А што фајде ако се испита алегија и се измалтретира дете боцкање во вена или на кожни тестово како и да е . Дете под 3 години кај што ништо не значи потврдена алергија и што ниеден резултат не е веродостоен. Ако детето нема температура е свежо и нема наод ни на гради ни грло не гледам зошто дома да седи или да се малтретира со испитувања. Секако ако носот тече чат пат или не му нарушува сон кашлањето па да се буди цела ноќ и слично
Со тт да однесиш дете било каде треба тебе нешто да ти фали, гревче е кога има тт каква градинка, какви гости, дома се седи тогаш. Еве со ларингит кој викаат дека е алергиски дома е, не се дружи со деца. Само инхалации му правам 2 пати денот со дексаметазон и физиолошки
Да најчесто кога кашлаат има нешто што ги дразни и природен инстинкт на човекот е да сака да се ослободи од тоа што му смета,општо човекот затоа кашла...ама моево само кашла, висевме кај матичната секој 2 дена од страв од пусто спуштање,џабе...нема ништо на гради... плус му се појави во период на цветање а истото и јас го имам од таму најмногу е сомнежот за алергии, зошто имаме фамилијарна историја Еве моето кашла баш од секрет што му се слива од нос, брисеви направени чисти се, и самата матична се сомнева на алергија зошто и јас го имам истото...само јас си земам спреј се прскам и ми поминува а на дете да шрицам кортико не шрицам...и никогаш со темп не сум го пуштила, еден ден крена темп 4 недели го држев дома, ама до кога ќе го држам...до бескрај? Е затоа не испитувам сеуште алергии зошто сама бев сведок како скоро сите алергии на храна како растеше ги надрасна, а покажуваше реакции на се и свачега...затоа матичниот ми вика чекај бар до 3, а исто ми го рекоа на детска клиника, сега летово сме 2 и пол па ќе размислам @elimkd или @lackygirl пишете ми за Отешево, каде точно? доктор, клиника, се закажува или?
@doubleinfinity ти пишав и лп, моето е 4 и пол год, др знаци за алергија нема, јас сакам ради ларингиот да го однесам таму да провериме, оти зимата имаше напад од него, отидовме на итна, страшно беше, урбазон му ставија па се смири, мене животот за 20год ми се скрати. Ако некој знај добар доктор за. Отешево нека предложи.
И мојата сега ке полни 4 год идната недела, ларингити нззз колку имаме поминато. Сосема те сфакам за тоа со скратвање на животот. Минатата неделс 5 дена инхалации со кортаир (за прв пат, инаку декса користевме секојпат) и 6тиот ден стандард спуштено на гради, ајде панцеф, и пошто бевме на детско (Битола) и кажав на докторката дека бевме јануари, март и сега уште на почеток на мај Си ги провери извештаите на комп. и ни даде препорака за испитвање на алергии ама обавезно во Козле Скопје а не Отешево. Во мегувреме дури не најдиме термин да сме терале цел месец обавезно со инхалации 2х дневно.
Офф со помин и кај вас, добар е засега не спушта на гради, 3 дена со дексаметазон и поминува, од матичната немаме предлог за да испитаме алергии јас сакам лично за мој мир бар до Отешево прво да одиме. Ама ме загрижува и мене 3 пати во 6 месеци.
Грешка си голема. Тие што нема кој да им ги чуваат децата ги држат дома и да им се серат на глава предпоставените, а тие што имаат и родителите што си седат дома ги праќаат болни децата додека не заврши во козле. Јас сум против тие родители што кога ќе ја снема температурата, а дете уште кашла праќаат дете во градинка, не не е заради тоа што друго дете ќе прифати работата е што џабе се труе со антибиотици зошто тоа е лечено недолечено пуштено во градинка и во меѓувреме уште 2 бактерии фатило и мора во козле да лежи. Тоа е не родител за мене која е поентата да го праќаш болно а утре ќе заглавиш цел месец во козле? Не размислуваат родителите за последиците дека дете имунитет ствара ако природно се избори со бактерии и вируси, а не со антибиотици што се живо и диво уништува во имуниот систем и тоа во фаза на растење.
Е аман бе што луѓе познавате?! Детето болно во градинка го праќаат, а они на нокти и во теретана одат?! Ми нема врска муабетов.
Ти кажувам нај искрено како е. Еве кај мојот во градинка со име и презиме ќе ти ги кажам кој се. Зошто се такви идиоти од луѓе неспособни и чекаат крајна граница. Да не коментирам колку деца завршија по месец дена во козле зошто имаа фатено вирус имаа 3 дена температура и пуштија деца во градинка и фатија бактерии и толку им беше лоша крвната слика што мораа да останат подолго за да се опраат. Па после им дојде памет ама не е секогаш да стигнеш до ивицата па да дојде памет. Да не коментирам и дека на роденден ги носеа со температура за детенцето да си поиграло.
Акутна кашлица може и до три недели да трае, а не значи дека цели три недели е заразна. Еве моиве, во школо одат, големи се, од септември не се престанати со кашлање, кога повеќе, кога помалку. Дома ли да ги чувам?
Сигурно нема после 3 дена од кога ќе му снема температура и уште е под антибиотик да го пратиш во градинка. Не е целта само температура ако нема дете може да оди во градинка. Едно е дете да поткашлува, а друго е да кашла како бронхит да има и да му течат жолти и зелени мрсули. Едно е да го почуваш дете да закрепне малце за 3 дена не закрепнува дете од се. И друга работа едно е проѕирни мрсули да има од топло ладно, а друго е во виножото.
Потполно се согласувам, мојот сега скоро беше со бронхит во четвртокот ни рекоа мн кашла бевме на педијатар антибиотик додека не се исчисти скроз секретот од белите дробови да престане да кашла дома седеше и го испи и антибитоикот па после почна од коа се стабилизира скроз иако немаше температура после еден ден од првата доза. Ама има и такви што веднаш ќе ги пратат во градинка денес спушта температура утре во градинка, сабајле антибиотикот и пушти дете...
Тоа го зборам разлика има од кашлање до кашлање и од нос течење со секрет во боја и без. Или кашлало детето црвено грло му дале антибиотик и го носи во градинка, зошто? Никогаш нема да ги разберам.
Значи според вас некој треба да си даде отказ или евентуално секоја втора недела да зема боледување за дете? Како ги чувате вие вашите деца дома подолг период ако сте вработени? Еве мојот втора недела кашла, претходната недела имаше кој да го чува, пиеше антибиотик и седеше дома. Заврши со терапијата, уште има кашлица и растечен нос (проѕирен секрет). И сега треба да не го пуштам во градинка? До кога? До другата година?