Ако прочиташ малце поубаво ќе видиш дека пишувавме за проѕирен секрет дека се оди а со боја на виножито не. Има разлика од дете што било болно има последица од кашлање, а има разлика и од дете што е моментално болно. Да не се убедуваме и да пратиш дете со антибиотик во градинка која е целта? Пак не го заштитуваш никако полошо му правиш. Ете ти си го чувала дома пиел антибиотик некои ги носат со антибиотик во градинка, гревота е детето.
А мене знаеш ли што не ми е јасно? Како воспитувачките не ви реагираат кога носите дете со мрсули и кашлица?
@doubleinfinity за во Преспа земале упат од кај матичниот, многу се задоволни од целокупниот третман и од персоналот, друго, сметам дека детенцето твое е многу мало за да му испитате алергии, се препорачува над 3 години. за истиве се работи, не сметам дека нема потреба од испитување затоа што во случајов испадна дека нивното дете е алергично на даб а тие дома се грееа на даб, фрлија каминот си купија клима си го решија проблемот со детето
Првиот пат кога имаше бактерија моето дете со температура, со сите симптоми, си седеше дома долго и кога конечно тргна во градинка и објаснив на негователката што и како се случи, дека е добар, нема зелен секрет веќе итн, знаеш што ми рече? Абе што се замараш толку сите кашлаат и се со мрсули до колена. Носи го, не го оставај дома за тоа. И што да помислиш понатака? А ми рече и дека болни ги носат, видливо болни, со температура. Вика ги враќаме дома, утредента се враќаат со потврда од лекар и не можеме ништо. Јас имам друго прашање. Што кога детето има бактерија од оние типичните во градинка (мораксела, хемофилус), нема никакви симптоми освен повремено течење на нос, лекари не даваат антибиотици, што тогаш? Ги чувате дома додека магично не исчезне бактеријата, наоѓате начин да земете антибиотик?
За конкретно твое дете прашуваш или општо ти е прашањево? Дека нели кога испитувате брис и на резултатот излага бактерија да речеме мораксела, нели во прилог на извештајот пишува кои антибиотици делуваат на таа бактерија, обидете се со локален антибиотик капки во носе и поназад истото те цитирав, кај моето ништо така од себе не поминува а сни прибале неколку пати, се одело на полошо. Не наоѓам никаков начин на своја рака да земам ни под разно антибиотик, што ако се искомплицира? Кој го лечеше? -јас! за останатиот дел не е во ред ниту фер од нивна страна, дете со температура да примаат и да креваат рамења-не е до нас ама изгледа не се погодил некој родител од страна исфрустриран па да им каже убаво до кого е, да фати да им ја искине таа потврдата
Па ве прашувам што правите во таков случај зашто еве поголемиот на секој брис има или мораксела или хемофилус. Лечено е многу пати локално и тоа со молење ми давале и дали не се лечи или повторно ја фаќа, не знам. Малово од 2 месеци има стрептокока, само еднаш ја лечевме локално, немаше ништо и пак почнаа зелени мрсули. Кај и да е, ќе го пратам и него во градинка, планирам пак да го носам на доктор за нов брис и да бараме решение зашто откако е роден сме со спрејчиња и аспиратор. Ама знам дека пак ќе се вртиме во круг, антибиотик не даваат, ќе си носат сешто од градинка, ќе си бидат стално болни, јас осудувана дека болни ги праќам, а јас глава не можам да кренам од болести, се забетонирав дома веќе.
Моракселата прво ја лечевме локално со цитерал, за кратко време пак почнаа мрсули, кашлица и црвено грло, на брис повторно таа мораксела ни препишаа амоксиклав и сега понеделникот не пратија пак за брис од уво нос и грло (искрено не знам зошто кога е само затнат а нема мрсули) и ако утре пак излезе мораксела ќе си пукам в колено. За останатото стварно незз што да ти речам, дечињава дома веројатно поголемото си пренесува на помалото и се така во круг, така да прати го и малото в градинка да донесе нешто ново да биде поинтересно се шалам.. тоа е ќе пораснат
Донесе некоја друга стрептокока и една што не ја покажа на брис Се изредивме сите дома, сега почнуваме нов круг Ова со моракселата што го кажуваш го поминавме пред 2 години, панцеф, сумамед, цитерал, па хлорамфеникол и после остана на течење нос и сега ниеден доктор нема да ја третира. И така доаѓа до идење во градинка со зелени мрсули, а детето е здраво.
И мене ова не ми е јасно. Ама не гледам некој да се произнесе како ги чуваат секој месец по три недели дома, а вработени се?!
Ke ti trae dur izlezat site zabi. Mojata bese taka izlegoa 5kite i nema kaslanje ne tece nos cat pay ke prsnat solen rastvor cisto toa zasuseno sto e da izleze da ne brcame stapce u nosot i toa e toa. Da ne ja podrecam od januari den nema utnato u gradinka. Duri i 5kite odejki gi izvadi,se ligavese ama ne krena temp. I pred vakcini i odma po vakc ja nosev niso ne i bese. Ke ojaca ama si treba vreme. Mojata trgna lani mart,nemase ni godina duri sea januari raat pocnav da gledam od razboluvanja
слушав интервју со имунолог од детска,....кога дете има само мрсули па макар и обоени, не се третира ниту системски ниту со локален антибиотик, затоа што, доколку детето нема тт, активно е, весело и локално се третира бактеријата која реално не прави проблем на детето, тогаш се создава стерилна средина и веднаш потоа се закачува многу лесно нова бактерија. нормално е носот да не е стерилна средина, и ако има бактерија која не дава симптоми како тт, малаксаност тогаш не се третира.
И на државно не те трпат да си секое едно дома, а и да те трпат, платата нема да земеш и што работа после. Еве јас сум на државно па сум оставала дете дома со жена, со баба, со татко за да може да одам на работа.
Е па тоа. Не се чува дете дома ако е во добра општа состојба. Сите ги чуваат уште по една недела или две дома откако ќе оздрават, да ојачале. Тука е грешката. Тоа чување дома за ојачување се прави после варичела или слични инфективни заболувања, кога навистина опаѓа имунитетот, а за обични настинки и бактериски инфекции што поминуваат со антибиотик, нема потреба со недели да се чува дома. Матичната на децава истово го збореше и ја послушав, се покажа точно кај нив.
Фала Ели на информација, ќе ја имам во предвид, и јас мислам дека е мало, барем 3 да направи зошто пример кога почнавме со исхрана имаше мн реакции на храна со тек на време ги порасна..а и да му најдам алергија на полен или прашина што ќе му правам? ќе го чувам во стаклено звоно? ама сепак сакам понатака да направиме еден комплетен алергиски тест, па ако нема ништо да знам барем дека не е тоа...фала ти пак
Ќе му даваш терапија, ќе исфрлиш пд дома теписи и завеси, има начини. На моето правев алерготестови на 2ипол години, колешка на 2г истите ги направи. Респираторни се прават порано.
Немам дома ни теписи ни завеси..терапија секако прима по совет на матична, зошто навечер кашлаше и сам цело време се будеше и се давеше, а со сируп веќе две недели мирно спие, затоа матичната ни ја продолжи терапијата
Епа тоа е тоа, не е дека ништо не можеш да направиш. А ако не знаеш на што е алергичен можеш да направиш поголема беља, ко ние со млекото, дете од млеко прави бронхити а ние му го дававме да го пие/јаде. Откако сопревме не направи веќе опструкции.
Не верувам дека е млекото, од 40 дена е на АД, веќе има скоро 2 и пол години, а прв пат се разболе на 1 година, вероватно ако беше млеко ќе покажеше порано проблеми...Секретов и кашлицава шашава му се појавија кога почна во градинка, додуше пред тоа два пати беше болен, еднаш беше вирусно по кс, ама спушти на гради па заврши со антибиотик , следниот пат беше 99 посто ковид..ќе направиме алерготестови секако, само да видиме кога, дали да брзаме или да почекаме...секако ако е болен цело време нема така да оставиме
Na drzavno moze da mrcst ama ako si na neopredeleno niso ne ti mozat. Platata sekako skratena e, a i napreduvanjeto vo drzavno se znae kako odi