За кои градинки реонски станува збор? Естреја имаат и фејсбук страна, само не знам кој им ја води. Инаку и директно кај директорката знам може поплаки. Најубаво е во централните градинки. Таму има најмногу дисциплина. Читам ова со патиките
Ова се контакти од инспектори од МТСП. Прашувам дали има и контакт меил со МТСП. А фб страната на Естреја сигурно некој им ја води. И да мама, допирна точка немаат останатите клонови со централните градинки.
Здраво мајки, колку време трае потврда од матичен лекар за здраво дете, ја земав минатата недела ама ја немам пуштено сеуште, сега ако ја однесам би ми ја важеле ли сеуште?
Ама ова кај бебињата во вакцинален пункт? Прашајте во центар за јавно здравје Пролет или каде што вакцинираат возрасни. Јас колку што знам може да се прими оваа и подоцна.
Секое дете е со различен имунитет, иако сите мора да ги пројдат детските болести. Ако го чуваш дома , веднаш штом го пуштиш ќе се разболе и ќе биде болно со се што не прележало. Дали на 3г, дали во школо. Со тоа што, пример сипаници и мононуклеоза, многу потешко проаѓаат кај поголеми деца. На страна што градинката носи многу добри работи за детето, и покрај разболувањата.
Малото 22 месечно имаше високо ризична пнеумониа со хоспитализација и ни дадоа 2 месеци забрана за градинка. Ама и големото иде во градинка ќе треба и него да него пуштам.
Осип,кашлица темп која не се спушташе,поспаност и со стомачето дишеше буквално му скокаше. Фала му на бога сега е добар.
Синчето е болно со воспалено уво и многу секрет во носот што се слива во грло, три дена беше со висока температура, вчера почнавме антибиотик и ќе пие најмалку 7 дена..сега моментално е дома ама сега прашањето ми е кога пак да го пуштам во градинка? одма после допивање на антибиотикот или да го држам дома уште една недела плус?
За да фати нешто ново зошто многу се заода, цели 3 недели, па мораше да се разболи Да да ќе одиме сега на контола задутре, па ќе видиме, првично докторката ни рече 7 дена антибиотик ама зависи од состојбата...само сакав да слушнам мислење дали да го чувам дома уште една недела после завршување на антибиотикот