Прашајте си ја матичната, мојот никогаш не ми рекол чувај го дома една недела или две, вика пуштај го. Ние славје дома ова е 5та недела без антиб
Да да ќе ја прашам, осеќам ќе ми рече да го чувам дома, минатиот пат пиеше антибиотик 10 дена ама продолжи да кашла и секрет од нос уште 3 недели, па нејзината препорака беше да седи дома што е можно повеќе...и откако се врати во градинка после 1 месец, 2 дена му требаа да закачи нешто пак, ама само секрет од нос имаше и си одеше во градинка и сега закачи некоја бактерија што му го воспали ушето и 3 дена беше со 39 температура и ајмо наново
Уво не е играчка, мора да се излечи добро. И големиот мој е со виспалено уво и еве во втора недела не иде во школо, докторот рече до понеделник да седи дома. Прво е тешко да слуша гладни звуци кога има воспаление второ ако недајбоже недолечен фати нешто плус многу е мачно за увото. Од лично искуство ти кажувам, уво воспалено боли многу, не можеш да слушаш, боли, иритира секој звук.
Знам Ангел, како мала имав многу проблеми со едното уво, истото на син ми сега што му е воспалено, и кај мене и кај него тоа уво дава повеќе секрет, чудно како се погоди истото, и тој чудно завчера ми ги тегнеше а беше со темп 2 дена и затоа посумљав на ушите и испаднав во право..а вака не покажува знаци на болка, денес веќе трета доза испи антибиотик и сабајле беше океј, витален, трчкаше, од сношти нема качено температура и се надевам така ќе остане..ќе го следам, ќе прашам и матичен па ќе видиме
Со Moraxella catarahalis бактерија во нос, само со растечено носе, после колку време ги носите во градинка?
Прва пат ја фаќа. Веќе една недела е дома, се мислам дали е доволно или уште да седи. Веќе сме добри ама носето е уште растечено, не многу ама тече. Како правите во вакви ситуации, докторот уште во петокот ми кажа дека може да се врати во градинка, ама јас не сум сигурна :/
Јас би носела, штом веќе е дома неколку дена доста е. Прскај диво оригано сабајле и навечер, ќе помогне.
Јас ставам редовно ацидосалус, незнам дали делува,ама освен растечен нос до сега само еднаш се разболе посериозно. Во 3м.
Не е за во темава. Ама ако сакаш да ми кажеш кога му се појави осипот, дали после оздравување и каков осип имаше, ве тестираа за ковид? На мојата после болница и се појави осип и 3 недели не поминува, завршивме со сируп за алергија, а не мислам дека и е од храна.
Прво беше осипот па температура па пнеумониа значи пред болница. Да двајцата не тестираа за ковид и бевме негативни. Однеси ја на кожно нека видат они од што е. Обично вирусен осип ислезнува за 3 дена.
Во што ги облакате за во градинка. Денес ја пуштив во боди на прерамки, тенко блузиче и претенки хеланки. Кога ја земав буфната беше целата од жештина, ми вика учителката температура и мерев од што е црвена, пекол е во градинкава. Некако не ми се пушта на кратки...
Боди на кратки и тенко блузиче оти од сабајле ни е уште свежо, таму ја расоблекуваат на боди само. Занималната ја пече цел ден сонце, кажаа дека е прежешко
Облечи и маичка и дуксер. Така кога ќе и е топло ќе може да се соблече,ако и е ладно да си облече дуксер.