и мене вчера ми се јавија од сабајле. ми рекоа досието да го однесам во текот на месец јули (не знам зашо толку рано)..вајда документ од брисеви пред да појде..м?
Досие од книжара , првата страна ти ја пополнуваш а втората матичниот. Треба брис од грло и нос ама тие не постари од седум дена, барем така пишува. Вајда крај на август ќе ги носиме, ич не знам.
^Зависи,во секоја градинка различна политика,иако по редот на нештата во сите треба да е исто. Нам од градинка ни го дадоа.
Dokolku navreme se podnesat dokumenti nema potreba od panika site deca se primaat bar moeto iskustvo taka kazuva. Spisocite se gotovi od juni koj dal dokumenti site se staeni.
Мајки од н.лисиче да не знаете каде ке се гради новата градинка што ке собира 250 деца. Пишува во списанието на општината, ама не е објаснето каде ке се гради. Дали постојната бубамара ке се проширува или ке се гради целосно нов објект на друго место.
Јас колку што знам ќе се проширува Буба Мара Инаку, според урбанистичкиот план предвидена е нова градинка во Ново Лисиче, ама не верувам дека скоро ќе се гради (дај боже да грешам)
Има некоја мама што носи дете во Карпош во градинка (Распеана младост зад Центар за странски) ? Јас планирам од септември да го пратам. Многу се плашам, не од градинката туку од тоа што нема кој да ми го чува/зема кога ќе треба....
Градинката работи до 18 00 ако нешто ти значи да можеш да се организираш за земање. Син ми оди во таа градинка и јас сум задоволна. Ако нешто те интересира слободно прашај
Ако на време, во март/април си поднесеш документи (за прием во септември) , ако живееш близу градинката (бидејќи и тоа е во условите, да го носиш детето во градинка која е во твојата општина и ги опфаќа улиците околу градинката), ако двајцата родители се вработени, детето ти е примено без никаква врска. Тие деца имаат предност пред останатите кои не ги исполнуваат овие услови. Ова го пишав бидејќи познавам родители кои СЕГА (во август) сакаат да поднесат документи за од 1-ви септември да им оди детето во градинка...плус во Центар (11 октомври) да го носеле бидејќи на таткото му е ,,успут,, до работа , а мајката дома седи. Ги одбиле, зашто градинката ненможе да ги опфати децата од околината а не и од дургите општини. Ние скоро се доселивме во населбава, никого не познавам, детето беше примено БЕЗ никакви врски.
Можеби има врска во која градинка. Во нашава не држи тоа што го кажуваш. Поднесов барање во август 2015, за да тргне во септември 2016. Истото ми го рекоа ти што кажуваш. Во април имаме комисија за да ги формираме групите, во август ке бидат истакнати списоците, а вие пошто на време поднесувате нема да има проблем. Дојде август 2016 , на списоците моето дете го немаше. Инаку живеам на 3 минути од градинката, и јас и мм работиме. Кога реагирав и ја прашав раководителката зошто? И што да правам дрско ми рече, па запишете се во друга градинка, викам па оваа ми е најблиску. А со врски одма го допишаа преку нок на списокот.