Син ми го земав денес како од ратиште. Изгризан, во рани. Негувателките тврдат не виделе, не плачел. Еве уште има отисци од заби. Веќе неколку дена има гребнатинки ама ај рачунам деца се, се случува. Ама гризено вака? Можам нешто да превземам?
Ако е константно не би оставила така, разговарај убаво со воспитувачките ако нема плод тоа кај директор... И со родителите, колкаво е детето? Знае само да каже кој го повредил?
Прашај го него, ќе ти каже кој го повредил. Ќерка ми ми ја вратија огребана на фаца еднаш, исто појма немаа што се случило, па си кажа онс по име кое дете ја удрило. Кога им се јавив ми викаат па да бе они двајца стално се бутаат за точакот.
I mojata deneska bese izgrebana i udrena ima modrica na okoto i utre ke prasam sto e rab i pisav poraka na ucitelkata ne mi odgovori a kerka mi kazuva oti 2 devojcinja 3 dena po red ja tepaat
Од вчера продолживме со носење во градинка. Вчера не се бунеше ко за прв ден, ама и ние бевме искрени и чесни и му кажавме каде одиме. Таму кога дојде да го земе учителката, направи едно муце како ми се плаче ама не пуштам, ја фати неа за рака и се упатија кон занималната. Дури одеше, душе, се заврти два пати кон нас, ние му мавнавме насмевнати и имаше пола осмех пола тажни очиња. Денес, уште со будење утринава не сакам не сакам. Ај се разбуди, го облеков и цело време велеше сакам да е ноќ, да се стемне. За да може да биде дома тоа му значеше. Нели е интересна детската психа? И знам дека нејќе ради шо таму мора да мочка на шолјичка, а не сака се плаши, а овие го тераат. Дали да им речам таму да не го тераат, чекор по чекор или да не се мешам во работата? И кога го оставивме велеше не, тато крени ме, ама го зеде за раче учителката и пак како грутка за плачење да му дојде. Се сврти кон нас и си влегоа. Знам дека градинката ја сфаќаат како ужасна рзделба. Според вас, секое утре сега ќе негодува или ќе навикне еден ден? Како да правиме ние? Како правите вие кога децата се бунат? Ај денес едно девојче има роденден, па некако посака, ама секој ден нема роденден. Јас сабајлево го зедов во скут, му реков дека го разбирам и дека го пуштаме на сигурно место, дека може слободно да си игра дека му дозволувам да седне на шолјата оти е безбедна, дека тетките се добри и грижливи за нив, дека мама и тато ги знаат. И веќе не знам понатака како да го утешам.
Супер правите, еве го мојов 4 месеци иде и пак наутро знае да кажува не сакам да одам, ама му кажувам дека мораме да идеме сите на работа тој на школо(градинка) и дека таму ќе си игра со другарчињата и оди мирно и некогаш со трчање влегува таму некогаш е натажен ама нормално не ни е секој ден мерак за нешто. Може ќе прекине некогаш да вели не, а може и не. И да прекине може да има период пак кога ќе вели не. Се додека е нормален кога ќе се врати и весел немаш простор за паника. Има деца и на школо што не сакаат да идат, нема дома да ги оставиме Среќно.
Сакав да ти вратам и на првиот пост, ама болна јас, болно дете и расеан ум...во јасли одите или во прва мала? Ние почнавме градинка на 2 години и 2 месеци, ама таа првата недела кога почна јас зедов одмор и буквално се посветив на ритуалот спремање одење земање и слично..кога го однесов првиот ден кога видоа големо дете (зошто во мојава градинка во јасли две години многу му биле) беа као загрижени како ќе се адаптира зошто поголем..во исто време почна помало детенце, година и 2,3 месеци и за него уз муабет самите воспитувачки беа многу оптимистички дека мало одма ќе се адаптира...ама на крај испадна обратно...моево првите два дена седеше по 2 сати после третиот и четвртиот до 12 и следен чекор беше да остане на спиење ама се разболе..беа премногу изненадени дека многу убаво се адаптира буквално во рок од една недела ќе почнеше да останува со спиење..ама ете се разболе и 4 недели беше дома...иако се ова звучи многу убаво, не беше се магично...плачки на разделба имаше секој ден и таа првата недела..и после кога продолжи пак повторно...еден период можеби од една недела буквално знаеше дека кога ќе свртиме од главната улица за накај градинка знаеше дека не оди кај баба и дедо туку дека оди во градинка и рикаше уште од кола, буквално рикаше и не излегуваше од кола..тоа траеше 1 недела...и толку...после нормално си стигнувавме во градинка го кревав од кола ми даваше раче заедно си влегувавме се облекувавме и ќе дојдеа да го земат и пак плачки..помалку ама плачки.. е сега имав можност да обзервирам дечиња кои долго време одат во градинка, и ги гледав како си се супер адаптирани, мама му облекува топлинки му дава пелена и детето само ја фаќа воспитувачката за рака и заминува со неа..ни а ни б...и си велев дали ќе дојде денот и моето дете така да прави..и дојде..последно кога го носев му подавав пелена, чекавме воспитувачка и заминуваше сам со неа..кај нас многу се искомплицира со разболувања, досега во 3 месеци ни 1 месец не му се собра да оди во градинка, само е болен..напишав голем пост ама всушност сакам да ти кажам дека ќе биде, само треба време
Јас мислам дека ви е супер пристапот. Не им се оди секој ден, и на нас не ни се станува од кревет секој ден ама со зборење многу и секојдневно ќе прифати, башка твојот дечко повеќе разбира од мојата мочла. Мојава кога не и се оди со вриштење ја оставаме на врата... Жално е за гледање дури. Твојот поразбран е, ги фаќа за раче. Ова од земја се треска за да не влезе.
Не само што се треска од земја и си одеше не се ни сврте дали одам по него солзите на лице и низ капија си отиде, а моето е дете што сака деца и да се дружи и знае каде сака да оди и што сака во животот за се. До сега ни за јадење немало борби, да го прашаш што сакаш да јадеш ќе ти каже и си го бара тоа јадење договореното, а не како други сакам па не сакам. Ама најверојатно премногу тесно им е во градинка сите пискаат плачат и како траума му доаѓа и не сака.
Минатата недела едно бебче пред неа плачеше на врата, и нејзе толку и требаше почна да трча накај улица Ама ќерка ми ги ствара траумите на вашите деца Оди маж ми во петок да ја земе, она вриштела се корнела, не сакала да спие. Па една мамичка му се свртела да сме и кажале на Софија да спие во градинка А сака деца премногу, ама изгледа не ги сака сите на едно место
Значи дете е плус и на сите не им се спие. Треба учителките да ја занимаваат и да ја однесат со нив на кафе како што прават и кај нас во градинка. Тие деца што не спијат надвор нека и играат за да можат другите да одмараат. И кај нас во група имаше едно ама од влагање до 12 плачело никако овие не можеле да го смират им рекле барајте си чаре ова вака не оди.
Така и прават. Она многу ретко спие. Ама и ретко плаче. Најчесто пијат кафе заедно, или цртаат по ѕидовите. Ама во петокот баш вриштела саат време. Си дојде дома, изеде се што и дојде при рака, си поигра и легна одспа 40 минути и ново дете одма
А Софија што му рекла? "Фала тато на советот, ја разбирам фрустрацијата на мамичката, нема да се повтори?!"