Мајки, здраво Може пак мислење од вас? Минатата недела цела ја изоде во градинка. Секој нареден ден почнуваше со поголеми плачки пред одење. Ама онакво тажно плачење, кое го користев за да го утешам ама со став дека мора да оди. Му велев ниту ние нејќиме на работа, а тој ми враќа сакам на љабота После вика сакам кај дедо и баба, сакам крај езеро, сакам да се стемни, сакам со баба итн...По пат да не расправам, турни ме да кинисам, тргни застани, крени го па борби спушти го. Ете пак за чудо таму се смируваше и седеше до 12. Јадењето го јаде, со деца се дружи понекогаш, ама не кажува за мочкање. Леле во четвртокот кога ми го предаваше негователката, залетана со зборови уште нестигната до врата "лелеее денес тапан главата сите ми ја направија особено вашиов" е зошто велам...Не мочкал во нокшир, цуцал прст и така седел, цимолел. Гарант ми вели дома е со шише и цуцла и пелени. Го прашала малиот и овој ѝ рекол да, дека носи пелени дома. е како му верува на тригодишно дете?? Викам нит цуцла нит шише нит пелени. Дома оди во вц, таму му стои нокширот, самиот сега го терам да спушти гаќи и моча и облекува. Ама како ми се тури таа, па бил инаетчија, нејќел да ги послуша, таа му покажувала како да се облече тој ѝ велел ти облечи ме. И ај сеа? Како да постапам, дали него да го дресирам или нејзе да ѝ речам помека да е, дури свикне детево? И како да правам за мочање, секој ден во него се моча, не им кажува ним, до кога вака? Зошто отпор дава за мочање, дали до адаптацијата е или до пристапот на негователката? Зашто пример ако нешто му прават таму да се груби, веројатно би плачел и таму, или не?
Они си одат по шема некоја се зависи од негователките. Инат им тера и ќе им тера додека се адаптира, не сите деца сакаат да им кажуваш што да прават особено од луѓе што не ги сакаат толку многу. Можеш да им кажеш да не го форсираат сепак е на адаптација потенцирај им го тоа бидејќи забораваат. Децата што оделе констнтно од јасли веќе се отрпнати на нивното викање, урлање, терање, но на новите деца што се поголеми и потешко им е само они треба поинаков пристап да имаат.
Ако им речеш ним нема ништо да се смени, а револтот за мочкање е поради тоа што од старт они со тоа почнаа, не прво да го заиграат, да го привикнат, они одма пелените и мочкањето. Имам и друга читано дека кај вас не примале деца во пелени во група, само јасли. Лош им е пристапот, детето си има карактер и тоа е.
Јас мислам дека малиот протестира и според мене, нормално е. Дали нема да јаде, нема да спие, нема да мочка во нокшир или нема да е послушен, негде ќе излези револтот. И со тек на време ќе помини, не можи вечно да се инаети и да мочка в гаќи/седи гладен/ненаспан... На муабетот од негователката дека ѝ ја пукнал главата, гарант дома вака-така, јас би ѝ рекла 'сигурно имате искуство, не треба јас да ви кажам дека ххх е чувствително дете и веројатно е очекувано дека ќе е револтиран, зашто сепак, ова му е прв пат одење во градинка. Верувам дека имате методи за да се справите и периодот на адаптација да е полесен и за него и за вас. Ако имате некој предлог на кој би се вклучиле и ние како родители, отворени сме за соработка.'
Користат ли клима во градинките кај вашите деца? Јас не можам да им го најдам крајот. Времево стварно е претопло ама јас мислам дека важно е која е температурата во занималните. Сабајле ги однесов во долги доле и учителката ааа премногу е топло обавезно шорцеви, дека не смееме клима да пуштаме претопло е во занималните. На зимање другата иста приказна. Помалиот не кажал дека му се моча и пуштил малку па го преоблекла во едни дебелки тренерки заборавени во ранчето (иако имаше и потенки) и нели претопло било. Ок реков утре ќе им облечам шорцеви. Ама децава никако не прифаќаат,упорни се дека ладно им било. Прво малиот рече мене ми студеше. Го прашував на кој дел му студело вика на рацете кога седев на столче и тоа што свети горе на ѕидот правеше многу да ми студи. Големиот вика клима е тоа и мене многу ми студеше кога ја пуштаа.
Јас кога го зимав големиот смрзнат беше, тогаш немаше нели рестрикции и пуштаа многу клима, смрзнат, носот вечито затнат. И кога ќе прашав дали пуштаат клима викаа дека пуштаат ама на 24.
Децата нема шанси да те лажат што значи пуштаат клими, гледам по сликите сите деца се раслечени со шорц и фустани ептен слабо облечени па оваа недела и јас така го носам дали користат клими не знам моето не знае до толку, само ми рекоа васпитачките дека е топло а и цела занимална е на сонце што можам од слики да забележам
Фала ви на сите, и кажав на негувателката рече ќе пренесе на кој треба И да не се изненадам, сметката ќе биде паушална на пола
Kaj nas kazaa oti ke se plaka 520 den za mestoto ama jas licno ne ja ostavam kerka mi doma oti zorno e posle pak so adaptacii da pocne zimata bese 20 i kusur dena doma i posle nekolku dena so placki odese na gradinka oti se navikna doma
Среќа па јас со ќерка ми го немам тој проблем 5 недели седеше дома за мрп да прими и без проблем си продолжи после тоа
Мали мој не одеше месец ипол и кога тргна абе само кога виде кај оди кога почна да скока да се радува,со трчање си влезе внатре. Едноставно има деца кој обожаваат да одат во градинка.
Овие се мали не ја споредувај со нив. Големиве си живи манипулатори и лажговци,големиот секој ден ми измислува нешто за да не оди.