Само после мрп ја чував две недели,за другите вакцини два дена и толку...така да мислам нема потреба повеќе од два дена,баш и кога кажав дека била дома два дена после вакцината од градинка ми рекоа не било проблем и нареден ден ако ја однесам ќе знаеле да ја пратат ако нешто.
Ваљда е за овде прашањето. Дали некој носи пелени гаќички во градинка? Дозволено е или да носам обични пелени за таму а дома гаќички? Уште август ќе биде во јасли, после ќе оди прва мала од септември. По практични ми се дома ама таму не знам дали ќе сакаат да ја соблекуваат надолу цела за гаќички
Кај нас бараа обични пелени баш за да не го соблекуваат цел, а дома си користевме гаќички, во градинка обични носев.
Што носите како подарок кај дечиња од градинка? Прв пат сме повикани кај детенце од градинка на роденден во игротека. 2 години возраст.
Маичка и гаќички, блузичка, фустанче за девојчиња и киндер чоколадо, ако е поевтино тоа што сум купила носам и сликовница/ боенка. Во глобала алишта купувам
Што давате за имунитет за децата во градинка? Една недела во градинка и кашлаат, растураат. Дефендил давам веќе 3м.
Од сирупите ништо, само пари фрлам, а ништо не помага. Почнав сега со матичен млеч за големиот (3 год), јајце од препелица, повремено прополис и насабајле пие лимон и мед во вода, па ќе видиме резултати за некое време кога ќе тргне пак во градинка. Не знам колкави ти се децата и што смеат, на бебево (10м) ништо не му давам, да видам прво како ќе помине адаптацијата.
Еве и јас да се придружам на членката погоре. Мојава оди од март Мојава оди во градинка од март. Она имаше година и 4 месеци. Ништо не и давав освен што одсабајле пие сок со лимон, портокал и едена лажица мед. Овие скоро 6 месеци два пати се разболе само. Не знам, можеби е индивидуално.
Јас му давам рибино масло 1 лажичка дневно и Мултивитамин Бекутан не секој ден и еднаш во 3 4 месеци ми се разболува ама оди више 2 години од една година е започнат сега е 3
Ацидосаулус побарај спреј што се става во нос и грло како заштита е од бактерии кај некои доста помага. Али пак не е страшно доколку се без температура. Мојот еден ден оди во градинка за 3 саати фаќа гнојна ангина и 15 дена со темп е. А вака надвор и со прљави раце е и ништо не му е од игроотеки исто по 3 саати седи и пак здраво право е.
Јас сакам да прашам дали ви се случило и како постапувате во случај кога одредени деца константно ги тепаат другите? Во случајов кај внук ми има дете што постојано ги тепа другиве дури се случило за врат да фати дете, воспитувачкиве се вадат дека не виделе или дека е тоа детска игра. Се работи за поголеми деца од предшколска возраст што знаат и убаво си кажуваат што се случило и мислам не е во ред едно две деца да ги теторизират сите други. Сестра ми ми кажа дека реагирале и во групите и на родителите ама ете се повторува. Кога слушнав дека давело некое дете ми се споија жици, ми идеше јас да отидам таму. Особено што се работи за поголеми деца и очекував дека нема да има вакви работи, демек поразумни..
Имаше случка слична кај големиот. Од дете кое обожава да оди во градинка и да се дружи, стигна да моли да не оди. Имаше уште само неколку месеци до крајот и не изреагиравме, а размислив да се реагира во управа. Детето фрлаше со столчиња, превртуваше масички. И не можеа ни воспитувачките да се справат со него. Најтажно е што родителите не си превземаат ништо, а не е нормално дете таков гнев да има во себе
И кај поголемиов имаше дете што сите ги тепаше буквално сите секој ден се жалевме од воспитувачките добивавме одговор "зборувано е со родителите не сте единствени". Пишавме и во групата и на состанокот дирек на мајката кажавме жената се навреди демек тоа било напад на нејзиното дете. Женава беше свесна дека детево сите од група го одбегнуваат зошто се случувало и пред родителите да истепа дете...Демек пред исклучување беше не знам што... заташкуваа џабе се жалевме еве завршија. Тоа дете истото ќе го прави и сега во училиште..