Фала ти. Баш тоа ме интересираше. Јас секако сакам да ги прими сите вакцини. Само прашањето ми беше дека нели мислам треба две недели дома да седи, и скроз здрава да биде. Сега беше со вирус. Па ќе почекам барем 2 недели. И ќе му дојде да почне без вакцина па да ја прими ама секако ќе прашам и во градинката како е најдобро да направам.
@elimkd супер совет ти дала. После ммр има на 18 месеци прва ревакцина петовалентна ако не се лажам, имај ја и таа на ум. Едната ако се касни и другата автоматски ќе се закасни. Минимум 45 дена треба да поминат од едната до другата вакцина така во диспанзер ни кажаа. Во градинка штом почне многу потешко здраво дете во континуитет да се одржи. Што можеш стави си пред градинка да не и се сецка и адаптацијата плус. Со лесно и со вакцините и со градинката
Уште е до 15 м денес инфо ни кажаа во срничка поточно. Ми ја примаа цуца во градинка Сликнал мм менито за јасли, и гледам млеко во кашите тетрапак, ќе мора да ја пробувам сега пред да тргне ич неќам, а плус интолерантна е на лактоза
Ако е интолерантна ќе однесеш потврда од лекар и нема да и дадат млеко. Не ни пробувај ич. Исто бевме и ние.
Што имаш пробано од млечни и по колку пати, каква реакција даде? На бебето не му давам млеко ама му давам јогурт, кисело млеко, млечните каши, немал проблем. Ние сите сме интолерантни дома ама немаме некои поголеми реакции, ризични по здравје сакам да кажам.
Исто јогурт, кисело млеко, грчки јогурт, несолена урда, вечерните каши и павлака. Од ништо немаше реакција, е сега и јас сум иста од се тоа ништо али од млеко стомак ми се подува и некогаш ме боли желудник, а не секогаш дали влијае кој тип на млеко незнам, и затоа ми е страв за млекото.
Се најдобро срц. Мојата цела година е таму, презадоволна сум. Имаат испади де, ама ништо страшно Пиши нешто конкретно ако те интересира
Ова е на Водно така? А таа во Капиштец се вика само Кочо Рацин? Да не сум се збркала не знам со имињава
Оваа е на Водно, до школото. А другата е Панорама таа ептен горе. Во Капиштец им е главната мислам, само Кочо Рацин треба да е
Зависи од градинка до градинка. Некаде им ги прават со вода, некаде ќе ве тераат да носите од дома купечки. На син ми едноставно не му даваа млеко и млечни, ама беше поголем, немаа млечни каши туку во чашка млеко.
Епа тоа е мојава точно годинка ќе биде, ќе видеме како ке правиме, нејзиниот матичен беше со став да проба се, среќа од горе наведеното нема мака, ама со млеко ќе видеме
Сите доктори се со таков став да се проба и да се види. Само полека, по малку. Пример поголемото дете не сакаше да види млеко, од скоро почна да бара сам со крем кога јаде, знае да се пожали на мешето ама ќе се искака и поминува, иста сум и јас, мм обратно запек му прави. Има и полоши случаи кај што стварно има полоши реакции, во тој случај секако ќе бараш решение ама нема да знаеш ако не пробаш.
Кога се породив ремедика и испитаа преку крв, таков беше пакетот и комплетно испадна интолерантна Така мислам и јас, ќе разговарам и со нив во градинка како се на став, па ќе одлучиме али мислам еднаш да а пробам малку ќе и дадам
Алергиска реакција на антибиотик кој ја содржи истата состојка на вакцината. Не ми текнува на името,вака не советуваа за мрп.