Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Оффф :rofl:
    Мојот го запишаа само што се роди, со име и презиме, ама само што извадов матичен им го кажав.
    И пак не го примија со 9 месеци. Мораше да почекаме да дојде септември. Тој период па и имаше некоја епидемија на коксаки кај бебињата и баталив. Си поседав дома со дечките :)
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.354
    Допаѓања:
    33.727
    Пол:
    Женски
    Тоа молење секако ќе треба да има, познато ми е.
    Сега малиот тргнува во градинка, така?
     
    На tanjaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Да. Измешани емоции.
    Лепенка ми е ме бара со поглед и само дедо му е пред мене, кај никој друг не е толку слободен. Ќе биде борба. Ќе си поплачам пред градинка :)
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.354
    Допаѓања:
    33.727
    Пол:
    Женски
    Леле едвај чекав да го запишеме и му викав на мм со песна ќе го носам в градинка. Првиот ден на 15 мин го оставивме, седевме со мм в кола со пуштена штоперица и јас рикав поќе од детето. :bandit:

    Со лесно и брзо да се адаптира синко, најубаво на свет да му биде. :sun:
     
    На daniangel, karak, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  5. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Фала мами :l:
    Исто ми беше со поголемиот.
    Тоа е само почетокот, ќе ги мислиме и гледаме како ни одлетуваат од раце и ни останува само да си поплачиме. Мајки :)
    Само да се здрави и среќни
     
    На Mia Fuentes и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.237
    Пол:
    Женски
    Мајки и ќерка ми ќе почнува во државна во Битола, коски ми се тресат, многу е поврзана за мене иако е поголема од вашите:( Како сте задоволни од државната @IRBBB, те читав мислам тебе за топлинките дека не им ги ставаат.
    Воедно, има некој да сподели совети за полесна адаптација?
    Со лесно на сите дечиња :f:
     
  7. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.371
    Пол:
    Женски
    Малото го запишав во градинката кај шо го носев поголемиот иако ни е многу далеку. Задоволна бев многу. Тој премногу ја сакаше градинката и воспитувачките имаа голема улога во тоа.
    Соработката со воспитувачките е најважна.
    И нема универзални совети за адаптација. Има деца кои полесно прифаќаат, некои потешко, некои па ич не сакаат. Имав среќа со големиот премногу сакаше да оди. Со јадењето на почеток беше супер, подоцна беше на сув леб и само сувите оброци ги јадеше. Кога имаше ќофте или риба и репете барал, а манџите никако. Ужината ако беше нешто месено или лепчиња пржени јадеше, овошјето не.
    Во глобала имаме убави спомени од градинка и пријателства кои му останаа (уште се викаат по родендени со другарчињата од таму)
    На почеток вирусите се неизбежни. На година и пол и сипаници фати. Значи спреми се на тоа, јачај имунитет од сега.

    Иако имам искуство исто се чувствувам за помалото :)
     
    На Mia Fuentes, karak и Skyler им се допаѓа ова.
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.127
    Допаѓања:
    38.707
    Пол:
    Женски
    Ова обновување на документи за во поголема група во сите градинки го има? Кај нас немаат пуштено никакво известување

    @Pacient srna има нешто такво во Панорама? Да знам дали да барам во Бели Мугри :D
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.778
    Допаѓања:
    1.508
    Кај нас во Кочо Рацин Капиштец нема никакво известување, кажаа тек другата недела ќе има список и све друго што треба па ќе видиме
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.779
    Допаѓања:
    16.800
    Да,во сите. И ние секоја година потпишуваме нов договор.
     
    На LiquidLuna и sani99 им се допаѓа ова.
  11. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Ние во мај потпишавме нов договор ни важи до следниот мај.
     
    На LiquidLuna и IRBBB им се допаѓа ова.
  12. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Во мојот град ништо не требало, сега баш се јавив, мојот одеше јасли па сега од септември ќе е во прва мала, тие сами си средувале документација, не требало ништо...секаде различно
     
    На LiquidLuna и IRBBB им се допаѓа ова.
  13. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Кај нас имаше известување минатиот месец да се обноват договорите најкасно до 20.8. Треба само да бидат подмирени сметките до 7ми месец
     
    На LiquidLuna и IRBBB им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.393
    Допаѓања:
    28.350
    Секоја година се потпишува нов договор во сите државни градинки.
     
    На daniangel, LiquidLuna и IRBBB им се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.354
    Допаѓања:
    33.727
    Пол:
    Женски
    Мама тоа беше само во нашата група, во Снегулка. Во истата градинка, во другите групи не беше така, за во Пролет сигурна сум дека не е така. Тоа е проблем со негователките, не до принципот на градинката.
    Дај Боже тие да ви се погодат и за работа со децата и за соработка со вас, да не се ескиватори, ништо друго не е важно.
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.127
    Допаѓања:
    38.707
    Пол:
    Женски
    Епа и ова е под Кочо Рацин. Сигурно е исто. Фала ти мама.
    Ќе прашам после кога ќе ја зимам ќерче
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    6.592
    Пол:
    Женски
    Ова е за Охрид така?
     
  18. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.247
    Пол:
    Женски
    Да..освен што во јуни ми се јавија и ме прашуваа каде сакам да го пуштам во прва мала, дали ќе останува во истиот клон или на друго место, ми рекоа правеле списоци во централа па им барале податоци...од тогаш син ми не е ни отиден во градинка и баш се јавив во централа да прашам дали треба нешто да направам, ми рекоа ние си го регулираме тој дел со префлањето, не треба повторно да го запишуваш/конкурираш/било што...едино ако ми дадат нов договор да потпишам кога ќе го однесам во прва мала, ќе видиме
     
    На daniangel и lovely91 им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.127
    Допаѓања:
    38.707
    Пол:
    Женски
    Апдејт: Кочо Рацин - Бели Мугри сами си ги средуваат документите и ги доставуваат до поголемата група. Не треба ништо да се носи за обнова на документи
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Во Кочо Рацин Скопје не се обновуваат договорите.