Ne bre nemase ni lani. Samo nova viber grupa praat i ti kazuvaat kade da nosis dete. I roditelska ke ima ama toa vo sep koa ke gi napraat grupite.
Аеродром Срничка за обновување нов договор како е, треба нешто да се носи? На фб имаше известување дека треба да се отиде до 31 август.
Дечки ,слушнав дека во градинка не дозволуваат АД . Не ми е јасно . Мојата ке биде девет месеци кога ќе почне . Без млеко нема шанси. Ај ве молам тие што имате искуства споделете.
Со платена уплатница за август одиш во главната градинка Управата кај што е земаш од финансии потврда едно ливче дека се ти е подмирено (можеш и таму директно да уплатиш со картица само), и со тоа одиш кај педагог психолог таа канцеларија ти дават Договор,кога ќе го потполнеш ќе го вратеш исто таму(или прашај дали може кај вашата воспитувачла/негователка).
Нема АД во градинка ,и двете деца ми беа на АД тргнаа во градинка на 9 месеци и таму почнаа со кравјо во кашите.Дома им давав АД.
Мајки здраво, јас сум збунка малку, ќерка ми ќе почнува во државна градинка за првпат на 4 години. Кој има искуство со градинката Вангел Мајорот Карпош, Битола? Што треба да и пратам, облека, хигиенски продукти, и како оди адаптацијата? Ќе ми значи секој одговор, фала
Дали има некој што го носи детето во Детска радост- Калинка ? и дали знае некој кога објавуваат список за примени дечиња ? рекоа крајот на Август , сабајле бев немаа списоци ....
И мојот без цицање не заспиваше, таму заспиваше сам во креветче Па почна и дома така да заспива, бескрајно благодарна мајка бев Второто ми е сега на ад, почнувам едното млеко да го заменувам со ужина, така да продолжи во градинка. На почеток секако нема да седи цел ден, постепено ќе се навикнува.
Не се плаши, на кумата моја исто детето само со ад заспиваше, учителките таму и кажаа мајка не се секирај за три дена ќе заспива без шише. И во право беа, за две недели детето остануваше на спиење веќе. Ќе си најдат тие начин. Моетп од кога му тргнавме цуцла никако не сакаше денски да преспие едно два месеца. Како тргна градинка пак го научија да си преспива. Ќе биде се добро
Дали во јасли само во креветче ги чуваат? Или ги пуштаат и низ занимална да си играат? Неполни 10 месеци ќе има кога ќе почне.
Зависи каде како, кај нас ги пуштаа доле на земја само за јадење ги ставаа во креветчиња за да не се изгорат и ако некое ептен гриза и парче ги прави сите знаат да го стават во креветче, а за спиење не ставаат дете до тоа што гриза туку преку едно
Во нашата група беа нонстоп доле на подлоги, на страна од поголемите деца што трчаа и играа. Во креветче од слики што сум гледала се пред спиење додека ги пресоблечат сите и кога ќе се разбудат додека ги облечат. Најмалите што имаа по две дремки беа почесто во креветче ама кога има активности ги спуштаа доле.
Во градинката кај шо го носевме синко бебињата што не одеа беа в креветче постојано (барем јас кога и да појдев да ги земам, тие беа во креветче). Во Битола ова.
И кај моиве во Скопје исто е. Моиве од сеп почнуваат пак ама во голема група, давам сируп Саностол и се надевам дека нема поише да се дома него ли во градинка. Само да не се премн болни!!
На колешка на мајка ми детето не и го примаат во градинка затоа што нема МРП, а има извештај дека има хроничен бронхит и дека ќе се одложи вакцината. Смее да се жали некаде?