Уште ова немав слушнато Неродено бебе (медицински не е ни бебе чим е уште в стомак) запишано в градинка.. Малце морбитно
Мислам дека баш буквално се е можно во државичево. Не сум сретнала ама претпоставувам дека со јаки врски, ќе може и да се запише Иначе глупичко е малку и нема логика ама..
Шала на страна во Аеродром ни 2023 родени не може да се запишат онлајн. Еве септември ќе дојде они уште не пуштија пријава . Морав лично да носам документи во централа.
Зависи каде. Кај нас мојата ја шетаат во рака или ја стават на душек и таму си игра. Додека да се навикне повеќе во раце беше после почнала и да си игра.
Од каков лекар е извештајот? Можеби би можела да се пожали во министерство за труд и социјала ама не верувам дека некој ќе се замара. А хроничен бронхит е индикација за одложување на ммр?
Па не е индикација ама не може да остане здраво веќе месец и пол како планирале да го вакцинираат и ја одложуваат, не е дека нема да ја стават во прва прилика
Мене ме советуваа после пнеумонија да не ставам вакцини 2 месеци. Не е за мрп, ама па знаат дека ги касниме и пак ја примија.
Можеби треба да и дадат извештај од диспанзер каде вакцинираат дека не смее да ја прими и дека се одложува. Па посче тоа да приложи во градинка. Едно нема никад да разберам зошто не ги примаат не вакцинирани сепак родителот си одлучува за свое дете ако некое понатака би имало мака во текот на животот родителот ќе му ја мисли... безвезе е
Мајки, Мојава треба сега во септември да почне во градинка ќе има точно 13 месеци. Искрено како се ближи времето мене се потешко ми станува. Душата ме боли. Не знам кој потешко ќе се навикне она или јас. Никогаш не сме биле разделени до сега повеќе од 2 часа. Проблемот е што премногу е поврзана со мене без мене не може да седи,и без мене не заспива, првин цица и после заспива со цуцла гушната со мене на спална. Премногу се врти во креветче нема шанси да заспие сака да се шири. И спие само јас ако сум до неа. Не знам како е можно ама ако станам до вц одма осеќа. Второ, јадењето исто проблем е,пребира а и сака мазно да е. Пример од кравји производи има атопичен дерматит, а во кашите ставаат кравјо нели? Вода не сака уствари никаква течност не ни внесува освен цицање. Никакво шише не прифати. Трето, не оди сеуште ама нон стоп се исправа. Сега ќе ја ставаат на под или како ќе биде? И дали да давам нешто за имунитет уште од сега? Споделете ваши искуства, би во била благодарна. Да ме утешите.
@Erika.greeneyes Што да те утешиме кога едноставно нема збор кој би ти ги смениле чувствата, моето е 3 и пол и ден денес си е поврзано со мене, ако спие во било кој период од денот морам да сум до него, заспива со тоа што со неговите две раце лицево ми го држи, на доктор ако клекнам да го соблакам то по инерција ме гушка… не знае за поинаку бидејќи само со мене е откако е родено… ти пишувам споредба бидејќи ако си е сега поврзано и да го чуваш дома и да тргне покасно в градинка пак ќе си е поврзано со тебе, моево една година си оди ама во тој поглед се си е исто. За таму како ќе му биде нека не те загрижува фактот, во добри раце ќе е, тие си знаат како, тоа им е работа, за имунитет кај нас ништо особено не помогна, веројатно мора да се поминат сите вируси и бактерии па да се стекне имунитет…. Или можеби така се тешам
Тоа што и прави проблем од храна, ќе си однесеш потврда од матичен и нема са даваат. Мојот на јајце е алергичен не му даваат.
Таму даваат чоколино со кравјо но за нејзе со вода ќе го направат или евентуално ако сака негователката да се договориш да и носиш козјо тетрапак па така да функционирате. За јадењето не се грижи дури и децата што не јадат во градинка се јадат ама буквално се, тие дечиња што се бунат и одбиваат им посветуваат повеќе внимание за нив и 5 лажички да лапнала денес, а утре 8 премија им е барем имаат внесено нешто. За течности и сама ќе си побара да пие зошто ужинката им е сокче, чајче итн. Рачунај она ќе гледа што прават другите ќе сака и тоа да прави. За заспивање само кажете им како се успива дома и да знаат што да прават. Моето се успиваше строго на рака легнат ако мрднев толку ќе станеше и после тоа се преобразуваше во диво животно маста цел ден ќе ми ја извади, а во градинка уште од 3 ден сам во кревет заспиваше и замисли секој пат насмеан излегуваше од градинка кога го земав Штом почнува и да се исправа доле се на под и ги пуштаат да се движат. Едно ќе ти кажам дома тоа што е невозможно кај нив е возможно имаат изгледано генерации пред нашиве така да без гајле биди Моето исто почна септември неполна година имаше за нова година успеаа да ги седнат сите на столчиња 18 деца и да ги сликаат и сите во камера да гледаат па сега ти види колку се способни
Детето побрзо ќе се прилагоди од мајката Мојот плачеше една недела,јас три недели тагував Ама верувај дека ќе му биде убаво таму. Моето дете тргна на 13м. До тогаш заспиваше со цицање. Таму магично почна да заспива лежејќи во креветче,а учителката го тапкала по газе. Така таа ми објасни и немаа никаков проблем. Исто така не беше проодено,па дел од времето го оставаа во креветче,дел на под долу. Ја обожаваше едната учителка и нон стоп лазеше кон неа. За брзо откако почна во градинка прооде, се шалеше она со нас,прооде од мука по мене За пиење вода пробај со Magic cup.јас таа му ја праќав. За имунитет после 3 месеци почнав молерс да му давам, откако тргна . Без оглед на суплементи болести,настинки,бактерии ќе има.