Моето одеше таму,и навистина би сакала да има во сите градинки. Ги прегледуваат и следат децата. Еден ден докторката дојде да разговара со мене,дека и личи на слабокрвен да провериме крвна слика. Точно беше,па пиеше сируп за подобрување на железото. Детето имаше 13м,одеше таму пред 3год.
Се треба да има и доктор и мед сестра и дефектолог, логопед… ништо ич Еве прв пат слушам дека имало некаде медицинско лице
Немаме премногу искуство, само пола година оди ама јас сум задоволна од се. Пристапот на учителките им е убав, секогаш на време сменета пелена, се трудат околу јадењето пошто мојот е нејадач ама таму јаде се. Кога искача е среќен и после периодот на адаптација веќе не плаче на оставање во градинка. Во последно сака да се врати во занимална кога го земаме. До сега стварно немало за што да се замери. Се води и некој ред болни деца да не се примаат иако тоа не е гаранција за неразболување. Ако нешто плус те интересира пиши ми лп.
Треба да има во секоја градинка, може работи како негователка, па да не знаете. Нели медицинските сестри го прават менито во градинките, така мислам беше.
Искрено не сум знаела, знам дека бараа кај нас ама не им е одобрено, а треба да има педијатар, да се прегледа дете и сл.
А сега ми текна. Има и во градинкава кај што сега оди моето. Имаат списоци со имиња,како систематски прегледи 2-3 пати годишно им мерат висина и тежина. Долу е потпишана сестра Наде
Треба да има сестра, една за повеќе клонови, која доаѓа на повик. Што значи некогаш вие побрзо од работа ќе стигнете до градинката, отколку сестрата. Најдобро да се обратиш кај директорот на градинката, да прашаш за точна информација дали воопшто имаат сестра, и ако имаат во кој клон е стационирана, па можеби во тој клон да го префрлиш детето. Има и медицински лица кои работат како негувателки, директорот најдобро ќе те упати.
Мислам дека во секоја градинка е задолжително да има медицинска сестра. Но, тие даваат прва помош при удар/пад, и ги проверуваат ако пројават симптом на болест за да се јават на родител, ете и менито. за други состојби одма викаат брза помош/доктор. Мислам дека нема да најдете градинка што ќе ви прифати да става чепче.
Ве читам за медицинските сестри, па нели правилото во јасли е да има една негователка и една медицинска сестра? Јас колку што знам така е по закон.
Па може гледала жената Храна и вино, па се разбира, теее што сте и вие . Кај нас докторот го прави менито. Е сеа што доктор е чим ставил бисквити и чоколадно млеко за јасли, не би коментирала. Едит: сега отворив во комбинација со сестрата и готвачот го правеле. Ете може они се по благото.