Ич да не се мислиш. Јас аплицирав кога бебе беше неполни два месеци за да тргне после една година од апликацијата, ама џабе, го одбија. ( роден е јуни, аплицирав август, за да тргне септември другата година) Значи во наше општество не функционира ни ред, ни правило, ни критериум. Порано од моето аплицирање е уште не роден да го запишев, што не верувам дека ке сменеше нешто.
Дали на сите градинки работното време им е до 18? И дали преку лето навистина работата до 17н. Јас сум на работа до 17 а мм до 16 Ама во месецот еве да речам 5 пати се случува да заглави на работа до 17 значи 17:00 одма ѕвонат од градинка јас вчера дури испаднав порано да трчам да ја земам 1мин до 5 за да не јаде бубрези таа стигнав 15за5 ми вика значи и ние треба да си одиме и плус воа жешково кое жежок бе жено детето го зимам цело премрзнато од што пука клима цел ден. Зборувам за градинката во хром росица. Дека мм ја носи на сабајле вика нема ич деца они да можат и во 3 ќе си отидат,eпа извини бе јас не работам администрација до 16н,тешко им е 10минути да почекаат
Rabotnoto vreme e do 18 a toa sto gi pistaat pokasno ili zatoa sto e edno a ne I'm se raboti toa e drugo. Mozes da si kazes I mora da ti obezbedat personal. @Nikita7
Ја како не-мајка може да влетам? Баш поради фактот што секое дете е најбитно, најубаво и најпаметно на мајка, родителот никогаш нема да рече моето дете не треба да се социјализира, ајде ќе отстапиме место на родителот кој работи. Оваа логика по ред на запишување е еднаква на нула. Па не зборуваме за донирање органи, па детето кое е ставено погоре на список да има поголема предност. Еднакво право на запишување имаат сите деца, ама доколку ги исклучиш емоциите, можеби ќе сконташ дека оние родители кои работат немаат друга опција освен детето во градинка да го запишат. Слободен родител може да отиде во парк и таму да го социјализира детето, додека родителот кој работи градинката ја гледа како нужно зло, јер додека тој е на работа, детето не може само да функционира, да јаде, да оди во ве-це, да се измие, да легне и да заспие. Тука, освен за социјализација, правиме муабет и за згрижување на детето.
Ако треба да има КРИТЕРИУМИ ај тогаш нека ги гледаат и платите на родителите. Ако едниот има висока плата иако е и другиот вработен,нека си седне едниот дома. Свашта. Оти нели по дифолт,ако нечиви родители двакцата зимаат 24000 ден. Плата,а на другото дете само едниот зима толку,нека си седне едниот дома за да имаат двете деца еднакви права. Како ни одговара така си ги вртиме работите.
Кога ти ќе завршиш високо образование, кога ќе волонтираш неколку години, па од 200 евра почетна плата ќе стигнеш до плата од 500 евра, а еве, да речеме, и маж ти постигнал таков успех, ти седи дома и чувај го детето, јер имате високи примања. Јас не сум родител, па мислењето го напишав без никакви емоции. Факт е дека кога и двајцата родители работат, градинката првенствено ја гледаат како место на кое има луѓе кои ќе го згрижат детето. Невработен родител градинката ја гледа како место за социјализација и рекреација. И не, она не е научна фантастика, ова е реалноста. За жал, голем дел од родителите не го гледаат тоа, туку онака себично играат на карта дека децата им се дискриминирани.
А зошто па јас да се грижам за твоите волонтирања, образование и сл? Да речеме јас невработена, ти вработена. Аплицираме во градинка, твоето го примат, моето не. Ти заедно со сопругот имате примања 1000 евра, ние едвај 300. И сега моево да седи дома оти сум невработена, а твоето да оди во градинка? Па има и приватни градинки бе мила! Глупави и дискриминирачки ви се муабетиве, а не го сфаќате тоа. Сите ние сме еднакви пред закон и имаме еднакви права, па така како што јас плаќам данок, така плаќаш и ти и според тоа нашите деца имаат и од таа страна еднакви права. Пак ќе прашам, што е твоето дете позаслужно од моето да оди во градинка? Остајте на страна муабетите за работа итн... Добар дел од вработениве мајки имаат баба сервис, па пак ги носат децава во градинка. Никој не им рече нека ви седат дома, ама веднаш се оди со напад врз невработениве мајки оти седеле дома пиеле кафиња и децата им седеле во градинка. Замисли! Пак ќе кажам, единствен исправен критериум е редоследот по кој е запишано детето. Се останато е дискриминација. А најфино би било место да се караме тука и да бидеме гласни по форуми и социјални мрежи, конкретно да превземеме нешто за да колку толку се подобри ужаснава состојба со градинкиве.
Ребека,примерот беше земен колку да се види дека не е во ред селелција. Би признала само селекција за санохран родител. Од кај знаеме дека таа што седи дома дека не магистрирала?
Зошто ми се обраќаш со мила? Не сме пријателки - дискутираме на форум. Јас никаде не реков дека жената која седи дома пие кафе и лакира нокти. Јас реков дека таа жена може сама да се грижи за детето, додека жена која е вработена мора да го остави детето во градинка. По навика пишувам жена, ова всушност се однесува на двајцата родители, може и таткото да е невработен па тој да го чува детето. Играте на карта на деца, никој не ги дискриминира децата. Јас не реков дека детето треба да заслужи за да оди во градинка, туку давам примери кај што родителите немаат друго решение освен да остават некој друг да го чува нивното дете. Ти седиш дома и сакаш твоето дете да се социјализира, друга жена оди на работа и сака детето да и е нахрането, наспиено и чисто.
А од каде знаеш ти дека родителот што седи дома може сам да се грижи за детето? И зошто вас би требало да ве интересира тоа? Како што кажав и погоре и вработените и невработените плаќаат исти даноци и децата треба и по таа основа да им се еднакво третирани. Зошто јас да плаќам за твоето дете да оди да се социјализира, да биде згрижено, чисто, а моето не? Само затоа што си вработена? Па седи си дома и чувај си го ако е толку лесно.
Оти твоето -да а моето -не, кога има место никој ништо не прашува, сите се примаат по ред. Ама кога нема, ти сама треба да кажеш -дома сум, не ми е итно, ќе почекам да се ослободи, нека оди на соседот детето оти и двајцата работат и нема кој да го чува.
Градинката е установа во која се врши првенствено згрижување, престoј, нега, исхрана, вклучувајќи и воспитување, спортско рекреативни активности итн.... Секоја мајка ја погодува ситуацијата на сопсвеното дете на прво место, а потоа за останатите...секогаш поаѓа со мислата зошто друго дете може, а моето не...Но во општеството секогаш некој мора да има предност, тоа не значи дека сите други се дискриминирани. Како пример, моето дете кое колабирало има предност да се прегледа пред детето што има 37,5 температура. Тука дискриминација нема. Јас сум вработена во државна институција, но кај мене нема толеранција...нема земање боледување кога сакаш или кога мораш...Сум го оставала детето со висока температура на домашните кои можеле да земат боледување, додека моја пријателка која работи во приватна фирма земала боледување и доколку детето и било ќенкаво... Во случајов моето дете е дискриминирано зошто неможе мајката да му обезбеди нега, наспроти детето на пријателката која работи во приватна фирма и може да земе боледување кога сака и да му обезбеди нега во секое време. Вработената мајка мора да му обезбеди првенствено згижување на своето дете, наспроти невработената ( која можеби во моментов е невработена ) која може во секое време да му пружи згрување и нега. А социјализацијата може да ја добие приближно иста и во игротека, парк и слично.
Игротеката нели се плаќа? Барем ние каде одевме беше така. Ич и ништо да не порачаш, влез за детето се плаќа. Ај тоа да видиш, ем невработен, ем без плата и пари, па и секој ден да плаќаш игротека и да чекаш да се погоди детенце на возраст слична како твоето за да се социјализираат. Парковите да, секогаш давам предност, но за мене се сезонски. Мал проблем кога врне, дува, снежи... Макар и наоблечени да испаднат, пак треба да чекаат друг јунак кој на дождот, со детенцето, отишле да се социјализираат. И не, не е ниту приближно иста социјализацијата.
За градинка не сметам дека е нужно зло туку најдоброто нешто што можеме да го направиме за нашите деца, да се прашувам јас и градинката ќе биде обавезна исто како училиштата. Она што мојата ќерка го знае на 2,5 години претежно го научила во градинка, нејзини врсници кои не одат не знаат ни половина, а мојава не е ништо поинтелигентна од нив. Имав среќа да го запишам детето во градинка на 5 мин од дома без никаков проблем, врски или чекање затоа што нашата градинка не е од "посакуваните" државни градинки. Сите сакаат да ги запишат во таа што е доста подалеку, а не гледам зошто. За да седат во групи од по 40 деца? За да се молат на Бога дали ќе им биде примено детето? И колку за ваша информација во Белград апликација за во градинка со еден невработен родител не се зема во предвид воопшто. За мене не фер ама тоа ти е
Е фала ти на оваа сеопфатна анализа на мојот карактер и личност Ќе ја прекинам дискусијава тука, оти во недостаток на аргументи одиш со лични навреди, па е бесполезно да се дискутира. Поздрав
Не е градинката нешто најдобро што може да направиме за своите деца, тоа би било кога би имале можност целосно да им се посветиме уште мали, до одредена возраст, како 3 или 4 години пример, по мое. Да немам работа под оваа возраст не би ни помислила да пратам дете во градинка, оти таму ќе се социјализирало, ќе научело песнички и како заби да мие. Толку сум неспособна да едно дете,свое дете, во рок од неколку години не го научам на многу работи што би ги научило и во градинка? Да сум дома нема да можам да го носам да се дружи со други деца и возрасни? Каде таа дефиниција дека само градинката е социјализација? Да не е комплекс некаков дека сите веќе децата во градинка ги носат, па леле твоево дома седи? Серии гледа? Да, еве разговараме дали Хулио е татко или брат на Есмералда. Не пропушта ништо детето од страна социјализација или образование ако имаш време и желба како родител да му се посветиш. Година или две пред тргнување на училиште доволно е. Ама ете, се тепаат луѓе кој попрво детето во градинка да го прати оти ќе остане уназадено.
Да не цитирам мислења....таква ни е државата има недостаток на градинки и персонал. Доколу се среди ова ќе нема "дискриминација". Сите што не се вработени, а се со мали деца, кога ќе се вработат, ќе го искусат моментот на згрижување на детето, социјализацијата ќе ја стават на втор план, верувајте. Мојата од година ипол оди редовно во градинка, ама инситуцијата не и пружи ни "с " од социјализација. Не и вијаеше ниту на говорот, ниту на однесувањето. Јас такво искуство имам, ете..другите градинки во околината се многу подобри, се работи многу со децата, но заради местото на живеење јас им давам предност на тие дечиња, а моето е "дискриминирано" во поглед на социјализација зошто неможам да одберам подобра градинка заради местото на живеење. Во оваа градинка воопшто не се работи со децата...ама тоа е, битно ми е да е згрижена, немам каде да ја оставам. Во моментов користам годишен одмор, детето прозборе како што треба, се разјаде, качи некој грам повеќе и се скроти.
Да имав избор и јас не би пред 3-4 години. Ама за жал бабите се по 80 години и не се нафаќаат да гледаат дете (додуши не ги ни прашавме,ама тие не се ни понудија) За жена немам пари. Лично ,имам одлична оценка за нашата градинка.Понекогаш знае да ми "зоврие" главата кога ќе приметам нешто,ама си го прегризувам јазикот зашто кај мене важи онаа старата изрека -ако не ти одговара гледај си го сама. И јас не сум совршена. И мене ми паѓало дете,и мене ми се случило да повишам глас и да плеснам по газето,да ми е умочано детето..да му дадам смоки и чоколада место нешто поздраво.. Жал ми е за тоа што нема градинки за да може да не се двојат децата и уште од мали нозе да осетат на свој грб што е дискриминација.. Ама во нашата држава се е на тој принцип