Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.542
    Допаѓања:
    8.248
    Пол:
    Женски
    Глупости.
    Ние одиме во срничка, на почеток прв ден пола саат после секој ден зголемував по пола саат/ саат.
    До крај на неделата остана со спиење и веќе за 3 недели остануваше до 4ипол, тогаш мм ја зимаше.
    После се разболе па не идеше една недела ама пак продуживме или до 3 кога сум јас дома или 4ипол.
    Така ако ги носиме како они шо сакаат за 3 месеци ќе се навикнат, баш како што викаш.
    Јас не ги оставав они да ми кажат за времето, им кажав дома сум уште две недели и треба да се адаптираме и секој ден јас им кажував во колку ќе ја земам.
    Една од воспитувачките ми рече на некои деца им треба една, две недели, на други малку подолго а има деца што никогаш не се навикнуваат.
    Не знам дали сакаат да се откажеш у старт или што е финтата…
    Да има кој да ја чува сиг не би одела во градинка.
    Мм која ја зимаше една стално му викаше денес ништо не јадеше, не спиеше и цел ден плачеше…
    А тука живееме до градинката и седам надвор да слушнам дали ќе плаче и не плаче а тоа и беше стандард одговор кога ќе прашавме како помина :|
     
    Последна измена: 6 септември 2023
    На Cloverrrr, Маја Т, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.189
    Допаѓања:
    40.553
    Пол:
    Женски
    Веројатно мислела дека септември и имаат најмногу дечиња на адаптација. Имам другарка што работи во градинка и првите недели од септември е секогаш најстрашно од плачки викање. Јас син ми во мај го адаптирав па се погоди 5 нови дечиња не заете што беше тоа. Пред короната дека беше па се влагаше внатре. Одам да го земам и се отвара врата а на врата креветче. Се зачудив, ама за многу безо ми стана јасно. За секунда имаше еден куп дечиња што плачат и сакаат да побегнат. Така да по мене треба малку разбирање, а за темпото процени си го детето и ако влечат а сметаш дека може побрзо да де адаптира диктирај услови.
    И мојот тогаш веќе третата недела беше со спиење.
    @Doktor F ама твојата се адаптираше сред август кога нема многу нови деца.

    И мое бебе ќе оди јасли во бамби, ама здравје од март е планот.
     
    Последна измена: 6 септември 2023
    На Cloverrrr, Coco31, Cherry79 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.731
    Допаѓања:
    16.456
    Го делам мислењето со Ано,септември е секаде таков,и баш ве разбирам тие со прво детенце,иста бев и јас,имам пишувано и претходно,големата ќерка тргна во септември во јасли имав само две недели да се адаптира за да тргнам на работа ,бабите работеа немаше ни кој да дојде да ја зема порано.Првиот ден кога ја оставив она ок,после еден саат ја земам црвена отечена од плачење па и на сето тоа некое девојче ја гризнало за образ и со два заба си ја земав :D.Сега ми е смешно дека со истото девојче учат во одделение и се многу добри дургарки ,ама тогаш ми беше шок и плачев кога ја земав,па се сеќавам негователката ми рече мама не се секирај ќе се навикне и ќе порасне,и јас имам ќерки за мажење и иста бев како тебе.И така бидна за две недели детево како да знаеше си почна да останува подолго,подаваше раце на влегување и после со трчање одеше во градинка до крај,ја обожаваше градинката ,дури викаше и сабота и недела да оди сакала.
    Малава исто тргна во септември во јасли пак исто слушав риканици од внатре,е нејзе и требаше многу подолго да се адаптира,повеќе плачеше и се мислев ќе има проблем со неа,ама после неколку месеци веќе почна да останува подолго и еве трета година почна без проблеми, останува меѓу последните во 17:(.
    Затоа потполно се ставам во ваша кожа и знам што се сум поминала,така да имајте малку трпение и разбирање и соработувајте со негователките,ќе поминат овие месец два па ќе се смират.

    @Misskirova на другарка малиот тргна во истата градинка во јасли од понеделникот,и големиот и одеше во таа градинка задоволна беше и затоа и малото го запиша таму инаку живеат во Тафталиџе.
     
    На Mia Fuentes, Misskirova, Cloverrrr и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.003
    Пол:
    Женски
    И мојава почна од петокот. Денес ни е 4ти ден. Пола час, 45минути седат сега за сега.
    Ама цела градинка рика во хор. Кога ја оставам одма плаче. И кога ја зимам цела е црвена и не може да се смири главчето и се тресе, липта. Си реков ајде секој ден малку по малку на подобро ќе иде, ама секој ден плачела без престан и не јадела. За јадење и дома е терсене.
    Друго што ме замисли е откако е таму еве секое сабајле кака и ме прашуваат што сум и дала да јаде дека секое сабајле истото е ,какала како помеко не баш цврсто.
    Дома не кака така, дома кака еднаш обично покасно не толку рано. Викам да не и е од страв,стрес ова какањево?
    Ми изгледа дека многу тешко ќе се адаптира. Од петокот откако прв пат беше во градинка девојчево буквално како траума има дека ќе ја оставам. И претходно беше лепенка за мене ама ова сега е страшно. Залепена за мене цело време, дури и кај татко и не сака да седи. Ако треба да одам во вц па тоа плачење па ме бара по сите соби и плаче,па јас како будала од вц викам по неа ја смирувам.
    Си реков ајде во градинка таму ете со други деца со воспитувачката ќе се олабави малку од мене. Ова обратен ефект сега повеќе е залепена за мене.
    Мала е сеуште не разбира да и кажам дека нема да ја оставам дека ќе ја земам.
    Којзнае што си мисли нова просторија никој познат нема, се ново непознато за неа гарант си мисли сум ја оставила.
    Тешко ми е многу ама се надевам за брзо ќе се адаптира.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.384
    Допаѓања:
    28.327
    Мајки знам дека е тешко, ама не покажувајте пред нив. Насмеани зборете дека ќе ги земете, дека во градинка е убаво, и како што кажа Ано повеќе разбирање и доверба. Во јасли им плачат 10 деца у хор, мислите не им е подобро на негувателките да имаат адаптирани деца побрзо. Ама треба соработка. Деца на родители кои се секогаш сомничави не се адаптираат никогаш.
    Имаше кај син ми дете, го отпишаа џунгла било, не сакал... ги сретнав после 6м на ихралиште, уште 3 градинки сменети, две приватни, никаде не чинело, не сакал.. ете не оди. Ако не се помине адаптацијата и научи дека не мора да оди, никаде нема да им е убаво.
    Инаку син ми до паркинг го слушав дека плаче кога се адаптираше...
     
    На Mia Fuentes, karak, LiquidLuna и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Една мала подрашка од упорна мајка на двајца страшни плачковци. На 10 месеци почнаа во градинка, никогаш ни пет минути предходно не беа делени од мене. Рикаат, плачеа, дома липаа у спиење, не смеев до вц да идам се плашеа да не ги оставам. Но упорна бев секој ден ги носев и постепено накачувавме на време, за еден месец се адаптираат. Немав можност за чување дома па сакале нејќеле се навикнаа, сега со смеа ги носам и ги зимам. Кажав еднаш, дете ако треба да плаче ќе плаче и на 9 и на 18 и на 36 месеци, тоа што треба ќе си го исплаче, само трпение и упорност мами.
    Само тие што се одкажале не успеале.
    Со лесно ❤️
     
    На Mother of 2boys, LizzyGrant, Mandela и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    4.186
    Пол:
    Женски
    Поддршка и една најсилна :hug: за сите мајки што проаѓаат период на адаптација.
    Се е нормално и плачки и отпор, само имајте на ум дека децата многу брзо се прилагодуваат на се. И мојот премногу плачеше на почеток и одбиваше да јаде ама како поминуваа деновите се опушташе повеќе. Сега оди без плачки, таму јаде се (дома ништо) и за викенди кога излегуваме да прошетаме покажува накај градинката се радува дека ќе оди. Огромна промена во однесувањето на подобро има откако е во градинка, полесно се вклопува со деца и е многу поразбран.
    Така што стиснете заби и ова ќе помине. :l:
     
    На Mia Fuentes, LizzyGrant, Маја Т и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.527
    Допаѓања:
    2.646
    Пол:
    Женски
    Фала многу женски на искуства:l:
    Знам дека е процес кој поминува и треба трпение. Само немав претстава како тоа се изгледа и мислев барем малку дека негователките имаат емпатија или па се интересираат околу децава ( на ова мислам да се праша какво е детето, карактеристики, навики) Изгледа многу очекувам незнам што да кажам. :?:
     
    На Маја Т и azelea им се допаѓа ова.
  9. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.335
    Допаѓања:
    33.685
    Пол:
    Женски
    На tanjaaa, nadenadia, Tamarah и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    И јас се чудев како може да не ми се ни претстави а ми го зема детето на чување али јбг. Ќе се навикнеш
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво,
    Ние од понеделникот сменивме група и воспитачка/ негувателка.
    немам проблем да не сака да оди сабајле или слично ама имам проблем кога ќе се врати…
    Се понаша како 2 месечно бебе ако не ми е во раце плаче хистерично. Др нешто како да е болна нема назнаки единствени што јас мислам дека и е е тоа што и се смени групата.
    Не знам како да го надминам ова а бога ми не е ни лесна за пола ден во раце да ти е 14 кг е, кичма ми одпадна…
     
  12. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Воопшто да не те чуди, секаде се исти.Мојата за прв пат почна со градинка на 11 месеци и тоа ја запишавме во приватна градинка (нема да ја именувам).Имав премногу очекувања со оглед на тоа што го плаќавме, ама за жал ништо од тоа.Дури една од воспитачките секој ден знаеше да коментира како моето дете е тврдоглаво и лошо ( и неколку пати да праша на кого е таква, сигурно на мајка и), а јас дури и се правдав, а збориме за дете од 11 месеци.Е сега да можам да го вратам времето ќе и кажам убаво.И покрај тоа што се адаптираше, мислам дека до крај си плачеше кога ја носевме.Сега правевме пауза од скоро 5 месеци, па пак нова адаптација за жал.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tamarah

    Tamarah Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мајки, нова сум на форумот, но решив да прокоментирам на темава бидејќи сега минувам низ многу тежок период со синчето, 2.5 години, при адаптација во градинка. Почнавме во петокот и до денес максимално издржа час и половина внатре.. Првите 2 дена со плачки, но вчера и денес на излегување од таму ми делува депримиран и сериозен (без плачење).. Не сака да јаде, ниту да пие ништо таму.. како што минаа деновиве престанува да јаде и дома.. едвај нешто да стави во уста. Иако е доста независен, откако почна не се трга од мене и од татко му, цело време кенка и од ништо не е задоволен и непослушен за работи за кои претходно бил послушен.. до степен каде иако спие сам во соба во кревет веќе скоро цела година, се буди и доаѓа кај нас и кенка во сон. Од вчера вечерта го осеќаме дека има некоја "квази" покачена температура максимум 37.2-5 чат пат кога ќе му измериме која му се спушта.. ама верувам дека е од стрес и нормално омалаксаност поради нередовно јадење.. Не знаеме како да се однесуваме со него веќе, построго или помеко од претходно со цел да се адаптира побрзо.. Ако некоја од вас има некаков совет од искуство би бил добредојден.
     
  14. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Dali moze da se zapise vo gradinka, jas ne rabotam samo maz mi
     
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.036
    Допаѓања:
    48.399
    Пол:
    Женски
    Може, све може кај нас кога имаш врски :)
    Крај краева ако ти побараат потврда дека си вработена може да ти дадат од некоја фирма што ги познаваш газдите.

    Ова со потврдиве е жива глупост, градинката треба да е право на секое дете, да се дружи, да учи, да се социјализира, а не само за тие чии што родители се во работен однос, еве пример ако ми дадат отказ тоа значи од градинка детето ќе ми го отпишат?
    Без веза
     
    На Mother of 2boys, Doktor F, LazaLaza и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Jas ne sum vrabotena pa kerka mi ode vo drzavna gradinka bez nikakvi vrski ja primija
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.036
    Допаѓања:
    48.399
    Пол:
    Женски
    Додуша и во нашиов случај ниту ме прашаа ниту побараа потврди од работодавач ама мислам дека во пријавата стоеше да се наведе …
     
  18. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Moze i jas ne sum vrabotena a kerka mi ja primija lani vo drzavna gradinka vo strumica
     
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.036
    Допаѓања:
    48.399
    Пол:
    Женски
    Може дека станува збор за помали градови, нема долги листи на чекање
     
  20. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.668
    Пол:
    Женски
    Потврдите од дамба неважат.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.