Син ми 5.5 год во голема група,не го запишав во школо ке оди и оваа год во градинка.Сега почна во нова голема група има нови учителки кои од старт многу убаво го примија многу позитивен пристап имаа, детево е одушевено, и ми кажува дека лани уствари се плашел од учителката.Мака мачевме цела година не сакаше да оди во градинка никако.Значи сепак најголем удел имаат учителките, јас мислев дека е подобро да биде кај построга учителка зашто е прилично немирен ама колку сум била грешка, само повеќе револт сум предизвикувала несвесно кај детето.Не сакаше да оди, не јадеше ништо.Сега почнал и да јаде по малку што е исто голем напредок, е само не сака никако да седе после 12 зашто ги тераат да спијат, он не сака да спие а неможе да седи мирен.Се надевам дека со тек на време ке прифати да седи и покасно, ке пробам заедно со учителките некако да го убедиме.
Може. Јас потврди не сум вадела, само пишав дека сум вработена, така да не знам колку е релевантно тоа со потврдите. Јас откако ја запишав ќерка, се водам како невработена и никој ништо не кажал или прашал.
Веќе ни се изремети сонот и навечер а и денес преку ден, мислиш друго дете е кој знае како ги преживуват овие работи Само се тешам ни прво ни последно не е
Мајки ќерка ми во понеделник почнува во градинка. Имам една познаничка и нејзиното дете почна сега (веќе е почнато од 01.09) и ќе бидат заедно во група. Прееска ѝ се јавив да ја прашам како е, што и како им кажале. Ми вика цела група е нова и сите деца на таа возраст се прв пат во градинка (инаку имаат околу 3години) и дека биле на адаптација првата недела по 2 саати во денот. Па од следнава недела ќе зголемувале. Јас мислев да ја оставам првите 2-3 дена по неколку саати и после тоа по цел ден зошто некако многу ми се гледа долго адаптација 1 недела по 2 саати за таа возраст. Поголемки се и разбираат повеќе играат веројатно, така некако ми е по логика. За колку време се адаптираат децата на таа возраст? Има некој искуство?
Мојот почна на 2.5 3 дена беше 45 мин, 4 и 5 ден до ручек 11.30 12. Следната недела рекоа ќе пробат да спие таму и остана со спиење.
Зависи до детето, неможеш однапред да знаеш. Кај мене на пример два дена одеше по два часа и тоа плачеше на одење и идење и меѓувреме пак си плачел а има 4 години. Другите 3 дена го оставам по три часа и плаче само на одење, на идење со задоволство ми кажува како поминал и што правеле ново. За наредна недела се договоривме со воспитачот да зголемиме плус уште еден час оти веќе почнал да покажува интерес за активностите и да се дружи со некои другарчиња.
Син ми е во прва мала од 2-3 години. Истеравме прва недела, секој ден по 2ч. Првично ставот беше дека ако има простор за зголемување (доколку детето добро се снаоѓа) ќе зголемат кон крајот на неделата, па на крај цела недела ја истеравме по 2ч. Следната недела се договориле со мм да седи таму до ручек, пред дремка да го земаме. Е сега дали детето мое не е спремно или таква им е политиката, не знам. Мм вика и други родители што ги носат децата на адаптација во истата група, ги носат и ги земаат во исто време како него.
Se e individualno mojata kerka isto trgna na gradinka na 3 god i se adaptira za otprilka 2 ned ama imase i deca od maaloto sto se druzea sekojden prethodno i bea vo istata grupa so kerka mi pisani i mislam oti i toa imase udel vo adaptacijata
Dobro samo nas ni velat po pola cas? Eve cela nedela taka pomina. Moze sto placela poradi toa ama gledam i drugite roditeli togas si gi zimaat decata. A ne placele bas site.
Ај едно искуство од мене, пошто ве читам сите што поминувате период на адаптација, да тешко е, на родителот најтешко можам да речам. Кога почна керками, првата недела почнаа со пола сат па спрема понашањето нс детето уште во првата недела стигнавме до 2ч +/-. Втората недела остануваа до 11:30 после ручекот, а пред предпивањето. Трета недела сите почнаа да преспиваат. Ќерками баш на третата недела настина и не одеше недела/две. Па ај на ново остануваше само до 11:30. И сеа врви две три недели време, ја прашувам негователката за спиење, упорно ми вели не е спремна. Јас слепо си верував до 1ви март (а почнавме 1ви септември). Ја носам на 1ви март и му викам има пижами во ранчето, денес ќе спие. Ауууу ко се ококори негователката, ќерками не била спремна сеуште. А како ке биди ако не пробат?! Нз дали му е проблем местење кревети дополнително, а и општо уште едно дете плус, плус носеше пелени ќерками. Од тој ден еве и ден денес оди со спиење без некогаш да сме имале проблем. Почна на две год, сега има веќе четири. Ова лето кога ѓи споија групите поради годишните одмори имавме 4 дена кај шо се одеше со плачки како крај на светот да е. Мааалку фалеше да се одлучам да ја одморам тој месец, душата ме болеше како плачеше и се тегнеше да влези, нз шо и стана, ама среќа не попуштив и то траеше точно 4 дена. Значи бидете цврсти, ќе си се прилагодат децата на се, ќе си се дружат, социјализираат и учат работи што дома нема да ги прат и да ги тераме.
Исто и кај нас. Цела недела по половина час идеше. И другиве деца од група исто, без разлика плачеле/не плачеле. За во понеделник ми рекоа пак половина час, ама им реков дека еден час ќе седи. Со ова темпо на адаптација вторава недела не знам ни на ручек дали ќе стигнеме да иде, а тек па спиењето кај е. Како што ми изгледа ќе си го носам на работа
Здраво мајки, ми треба совет и мислење…малата ми тргна во градинка, првиот ден беше ок, кога ја оставив не заплака кога ја зимав заплака кога ме виде, втриот ден пак да речеме добро поминавме со минимални плачки ее веќе третиот ден уште од дома почна да се жали дека ја боли мешето и и идеа нагони на повраќање при што малку поврати, сепак ја однесов и беше таму мах.1h и пак повратила, ми се јавија да ја земам да не било стомачен вирус…ја земав ја однесов на лекар, при што е констатирано дека највероватно е од стрес од промената што ја претрпува, во консултација со воспитувачката ја однесов и наредниот ден ( во текот на денот ниту поврати, ниту качи темп. нуту пролив) кога ја оставив не плачеше но кога ја земав ми кажаа дека исти зборови цело време повторувала (зборува се, целосно е прозборена) и наводно негователката и рекла да не оди на таа страна од ходникот и она почнала како во паника истите зборови да и ги поврорува и највероватно делумно се имаше исплашено како ќе ја сфатам кога ќе ми каже малата па на вратата уште веднаш почна да кажува дека немала лоша намера не ја карала.Сакам да прашам дали кај вас што сте имале тешка адаптација имало и проблеми со спиењето, цело време се штрека, плаче во сон, станува, не дава ламбите да се изгасат навечер иако има мала ламбичка што свети, еве денес не сака да испадне од дома оти мисли дека ќе ја носиме во градинка? Поздрав и убав ден П.С има 2 години
Здраво мами. Ние сме 11 месеци и од 1ви Септември почнавме со градинка. Првата недела одевме по 15мин,половина час, па час. Сега ми е страв бидејки јас почнувам со работа од 18ти,што значи останува уште наредната недела за адаптација, а ние повеке од час не сме седеле во градинка. Од градинката ми велат дека ке биде во ред, ама јас како мајка се плашам. Некој со слично искуство
И кај нас е скоро исто. После првиот ден секој ден е одење со плачки и ја земаме до плачење. Седи по 2 часа. Негувателката вели дека цело време р како исплашена , слуша си игра но на моменти почнува да плаче и бара да си оди дома. Вчера и денеска цело време ми збори како нема да оди веќе во градинка и заплакува. Денескљ несакаше дури да се игра со детето на другари што иде во истата градинка. Почнува да и тече носе цел ден кива, незнам ни јас што да и правам.
Неколку поста погоре за истото пишував во однос на адаптацијата. Моето е скоро 10 месеци, цела недела по половина час седеше. Јас веќе почнав на работа, маж ми зема одмор овие две недели.
Исто бевме и ние, со тоа што јас на почетокот им кажав дека имам толку време и дека тргам на работа, недела дена откако тргнав јас, мм порано излегуваше и ја зимаше, ама се навикна. Не дека не плачеше и немаше драми, ми идеше да влезам внатре да си ја земам, да дадам отказ од работа и да си седиме дома Шала на страна, првите денови беше драматично (имаше неполни 10 месеци кога тргна), плачење, тегнење, липање… После некое време почна да се навикнува. И сега плаче кога ја оставам ама кратко, уште не тргнале да ја носат престанува… Муабетот ми е дека ќе се навикне, и тие и ние со нив. Тешко е и на нас на нив повеќе, ама ќе се навикнеме заедно. Без грижи.
Мојата денеска седеше еден час. Арно ама цел час плачела и не јадела кога ја зедов пак липташе. Цела црвена телово и се тресеше од плачење. Значи ова ни е втора недела ама нема воопшто подобрување. Дали воопшто ќе се навикне? Има 13 месеци. Мислев побрзо ќе се навикне дека помала ама обратно децава на пријателките 2год, 4год не плачат си седат јадат се нормално. А мојава Искрено некогаш ми доаѓа да се откажам. Ама морам веќе да почнам да работам, да барам работа. Пошто на претходното раб место дадов отказ и мислам и доволно седев дома. Сега ова со ќерка ми адаптацијава ме кочи. Којзнае колку време ќе и треба да се навикне, многу тешко ни оди.
Не се откажувај мајка, ке се средите треба време, исти сме и ние имам погоре пишано. Еве денес кога ја земав плачеше, многу малку јадела скоро воопшто, а искрено минатата недела не плачење и беше ок, нема правило со децава.