Јас сум подалеку од Скопје, прва недела од сам старт е од осум до кај 11-11:30, од втора останува и на спиење. И вака ептен брзо ми личи
Супер би било да е вака кај сите. Моето ем не плаче, среќно оди среќно се враќа и пак по 1 саат седи Им спомнав дајте да убрзаме малку, само ме погледнаа шо би значело како сите така и за тебе. Тоа е прифатив да играм по нивно...
Првата недела го зимав во 9.30-10 така и ми кажуваа. Оваа недела сано во понеделникот го земав во 11 оти го носев на систематски и тоа негователката 5 пати викна по него за да си оди од што бил заигран. Другите денови го оставам и за ручек до 12.20 иако упорно ми викаат кај 11 да го земам. Денес на тоа им одговорив дека ќе останува до покасно и дека мора да убрзаме и од 1ви здравје да остане со спиење затоа што треба да почнам на работа и нема кој да го зема порано.
Здраво на сите Син ми од октомври треба да почне во градинка, тогаш и ќе наполни 2 години. Ме интересира што е потребно да се носи во ранче освен пелени и облека...? Дали за детенце кое е тотално незаинтересирано за храна треба да се носи нешто од дома како млеко на пример...?
Освен пелени и облека ништо друго. Вода од чаши им даваат. Храна од дома не смее освен со потврда од педијатар за алергија.
Фала ти А околу периодот на адаптација... Се носи рано сабајле како и сите други или пак после појадокот?...така нешто ми имаат спомнато, за да биле воспитувачите послободни за да му посветат повеќе внимание на новото детенце
najubavo e posle pojadok dokolku e samo edno dete na adaptacija. Decata najadeni zatoa sto se mali si igraat a novoto detence moze da se prikluci. Zamislete prv den na pojadok i na nekoj red koj za nego e nepoznat ..... Den dva tri neka se navikne pa potoa od sabajle. Vprocem taa adaptacija ja diktira deteto pa potoa upornosta na timot
Адаптација после 9, 9 30, тоа е после доручек. Јас ќерка ми така ја носев, сега гледам новите дечиња исто така. Да е најадено, наспано се потамаан да е за адаптација. Период на адаптација зависи и од детето и од упорноста на родителот. Ќерка ми спиеше после 10 дена ама почна на 11 месеци.
Здраво дали може некоја мама да го сподели распоредот на јадење спиење како им оди. За Чекорче мала група прашувам за да знам како да се комбинирам со баби за време на адаптација.
И ние исто. Самошто мојава и многу плаче и не јаде. Ама мојава кога ја зимаат не плаче почна и раце да им дава. Ама кога ја враќаат многу плаче не знсм зошто не само она туку сите деца. Можеби треба повеќе да седат да се заиграат да се опуштат, а не само по пола час, а сега час уште. Кога ќе накачат не знсм.
Денес прва родителска, искрено јас сум во шок. Настрана трошкови како брошачи, влечки, гофи, материјали за активности и слично, сакале да купиме телевизор. Они се 10 деца, во најмала рака треба 2000 ден да дадам. Плус, требало и подлоги за вежбање да купиме. Воопшто не го очекував ова. Едит: децава се 2 години.
Уште сте на еден саат? Ние правевме малку притисок и сами зголемувавме, утре ни рекоа со спиење прв пат да ја оставиме, а не ни имаме избор маж почнува на раб во среда и сакаме неќеме тоа е
Телевизор? Па нека им пеат, за што се они таму? Глупости. И ние носиме салфетки и влажни, папучи за таму.
Како бе така они сакале телевизор да им купите? На 10 деца? И што кажаа другите? Ние дадовме 1200 денари за СЕ што треба да се купи во текот на цела година ( брисачи, влажни, чаши, тањири пластични )
Еве мајките во група се утепаа праќајки слики од нептун, па да бил 42 инчи, па помал па поголем, цела вечер се напнаа. Веројатно само ја сум таа глупа шо мисли дека ова не е добра идеја, али секако деќа си преќутав за да не испаднам лошата. За бришачите и марамиците јас мислев дека ќе бидат индивидуална обврска, како и до лани. Али рекоа сите деца ќе ги користеле сите производи шо се купени, шо и не ми се многу допаѓа. Некои донеле марамици од 30 денари, мојов ако го избришат со тие има целиот да се исфрли. Уште тој проблем ми фали.
Кај ќерка ми имаа телевизор и го користеа за цртани гледање. Да ми побарале мене пари за да гледаат цртани јас не би дала. А тоа за марамиците кај нас од првиот ден било така, само јас што не знаев. И баш така носеше некој од 30 денари, а мојата имаше осетлива кожа и уште одма цела жар црвена стана, па кога прашав да не случајно ја избришале со други марамици сфатив дека користат едни додека не се потрошат,па земаат од друго дете. На крај се договорив да ги потпишам моите и со нив да ја бришат, а знам дека било така зошто од тогаш немала проблем со кожата.