Ова изгледа ми го прават дека моментално сум невработена. Јас не работам зошто немам кого да ја оставам и ја запишав во градинка за да можам да почнам да одам на работа. Очекував месецов да се адаптира и од октомври да почнам некаде. Ама искрено тешко како што гледам. Па и ќерка ми знаев дека проблеми ќе прави премногу е поврзана со мене. Денес сакав да им речам кога ќе зголемат, ама како да им речам кога ми ја донесоа цела се тресеше од плачење уште да им спомнам за зголемување.
Многу се безобразни. И мене така ми правеа. Синко размазен, не-доволно социјализиран, сакаше екстра внимание и посветеност. Тежок за работа, знам. Наместо да се обидат да сака да оди, си плачеше 2 и пол месеци. Им кажав дека не работам и повеќе од 3 часа не успеаа да го задржат. Еднаш само што влегов дома ми ѕвонат да го земам, премногу плачел.
Ова со марамиците и јсс ме знаев. Јас во ранецот и имам памперс и марамици. Ама ми спомнаа требало и уште едно пакетче марамици и салфетки. Заборавив да прашам за што се.
А што направи се адаптира или се откажа? Па и мојава е тешка знам. И сигурна сум дека сакаат да се откажам колку помалку деца полесно за нив. Плус вакви захтевни деца не сакаат. Гледаат на емоции да ме фатат секој ден истото не јаде,плаче без престан тоа ми го велат. Ама не се откажувам, морам да почнам да работам.
Се откажав. Тогаш работев кога ке заспие, сега работам повеќе и преку ден ама е поголем и си се игра сам или со маж ми, се комбинираме. 4 наполни во јули. Сакам да се обидам пак во пролет за да се спреми за училиште. Работам многу со него ама не можам дома сама тоа што градинка може.
@nevermet18 Нема што да ти е непријатно, не е секогаш заради парите туку едноставно децата не ги праќаме во градинка за да гледаат цртани. Ако е за така дома ќе седи и ќе гледа (ако тв е за таа намена ама не гледам за која друга). Јас би реагирала, не ми е јасно што е со другите родители стварно.
А вие стварно очекувате детето да ви го бришат со вашите марамици? Па, кај им е крајот ако почнат за секое дете да бараат посебно марамици? Особено кога јадат и се сите на куп, они ќе вадат марамиците и секое дете со посебни ќе бришат? Да, важи
Можат и на чешма да ги измијат. Кај нас ги бришеа со брисачи, ако имаше потреба ги миеја, за менување пелени строго секое дете со своите влажни и креми.
Во јасли газот им го бришеа со што ќе им донесеш, тоа сум сигурна затоа што секојдневно вадеа од ранче и после ги враќаа. А носев и едно пакетче за лице и раце што остануваше таму. Сега во прва мала ќе се носи едни исти за сите со тоа што тука веќе ги учат да мијат раце и лице И ми напоменаа оти носи уште пелени ако користиме други влажни, да си носам посебно за газот.
Те разбирам. Сега мислам веќе е голем и ќе биде успешно. Може на почетокот ќе дава отпор додека не почне после убаво ќе му биде. Од една пријателка ќерка и така не сакаше никако да влезе во градинката па присилно ја внесоа, ама потоа насмеана излегла и кажала дека поминала убаво и дека сака да оди. Вежбале, кажувале песнички убаво и било. Таа има 5год. Мојава е мала 13 месеци. Не разбира да и објаснам дека не ја оставам дека ќе ја земам како трауми има. Од тогаш уште повеќе е лепак за мене мисли ќе ја оставам. Многу ми е тешко,ама морам да работам. Само овие воспитувачките треба повеќе да се потрудат инаку уште пола година ќе помине
Здраво . Дали тука има мајка чие дете оди во градинка Лале во Аеродром група 2-3 години, за да се запознаеме Читам дека постојат и Вибер групи или слично од други градинки, не знам дали воопшто постои такво нешто за градинка Лале, па ако може некој да ме упати и информира
Родителска немавте? Секогаш има група само треба некако да се поврзете, обично на родителска се договаравме. Ако не се снајдеш јас познавам три мајки чии дечиња се во таа група ќе се обидам да те поврзам.
И лани кога беше на адаптација и годинава кога ја префрлија родителската е во Септември. Не знам дали има врска со адаптацијата
Со големата имавме родителска во септември, а кога тргна пред две и пол години во мај, се допитувавме со воспитувачката што и како треба, зашто ми беше прво и не знаев ни правила ни услови, едно е родителското во септември при формирање на групите.