Те верувам и нас сакаа така на емоции да не фатат ама кога им укажавме нема кој и почастивме блакце за крај на недела и истиот ден одма беше “супер”. Мислам шта речи
Здраво Мајки, дали има некоја што има детенце во градинка Орце Николов - Карпош 3 ..... и дали знае кога би имало родителска средба. лани беше околу 20ти септември, а оваа година нема никаква најава а токму оваа година има префрлање на деца меѓу групи. Конкретно моето од нигде никаде ми се јавија да ми кажат дека требало да биде префрлена во нова група - со нови деца и нови учителки. Сосема нова средина - а без никакво објаснување
Тоа да се точно е. Ама мојава сака малку повеќе внимание, позахтевна е. Тоа дека не јаде и плаче знам дека не ме лажат. Пошто и кога ми ја носат мојава многу плаче, а другиве не. Само си викам дали не се трудат доволно да ја заиграат некако да ја смират да се потрудат повеќе. Може гледаат позахтевна е, и сакаат да не откачат.
Моето досегашно искуство од 7 дена ќе каже дека си во право. Вчера една од негувателките ми вика умна е си игра, малку е повеќе активна се пентари секаде кај стигне, и си поседе малку во креветче. Меѓу редови сакаше да ми каже ептен е активна морам да одморам нека седи во креветче Дете од 1год. и 2 месеци кое оди самостојно од 10 месеци, сама јаде, се заигрува тешко им е тој саат време што е таму да и обрнат внимание. Капак на се денеска заспала баш кога додјов да ја земам, ја разбудија и ми ја дадоа. Незнам прво дете ми е немав некои очекувања за градинка ама што знам на 7 деца кои се во групавака да се однесуваат
Здраво мајки. Тргнавме во градинка. Имаме 2ипол години. Цела недела седеше по 1 саат . Среќен е што оди исто кога го зимам детето си е весело. Ми кажуваат дека си играл и воопшто не плаче супер бил но ко демек можело тоа да смени . Сте имале ваков случај ? И од кога почнаа вашите деца да седат по повеќе по 3 или 4 саати?
Денес ни побараа 500 ден, рекоа дека донеле одлука за сите градинки, влажни и салфетки однесовме. Дали кај другите е вака? Парите биле за играчки и сликовници.
Па сите различно си работат. Нас минатата година список огромен ни дадоа што да купиме и се тоа ме кошташе 3000ден Кај синчето сме собирале пари, така по 500,600ден и купувале они се што треба.
Здраво да не има некој што аплицирал за јасли групите во Весели цветови Кокиче? И да има информација кога ќе почнат со работа?
Ние имавме родителска, и сум презадоволна од учителките и нивното однесување, на тоа дека сакаат децата на самосталност да ги научат и сл. Нас ни дадоа лист со список со 3-4 работо што треба да ги купиме. А влажни, салфетки, и бришач си носиме секој месец. Во врска со списанијата, ние се одлучивме само за Росица, имаше избор доколку сакаме да си избереме било што за детето, и се даваат списанијата на месечно ниво.
Ќерка ми е во таа градинка. Најави за родителска нема. Лани беше во јасли, воопшто немавме родителска.
Какво искуство имате со развој на говор при тргање во градинка? Дали има регресија поради стрес (ако имаат стрес) или има подобрување на говор? 18 месеци сме
Се е индивидуално од дете до дете. Е ова од такт ме вади ем даваш 1500 за градинка ем за хигиена, ем за нив да ги опремиш со други глупости и на крај испаѓа дека исплаќаме цена како за приватна градинка. Уште даодиме и да си ги чуваме децата.
Па не е баш така, 1500 ден не е ништо во споредба со 15.000 ден. Не се криви учителките, државата ни е таква за жал, а и за децата е тоа плус, активности и сл. Ние не плаќаме по 500 ден, купиваме 3 работи за материјал и толку, за хигиена месечно секако даваме, за жал тоа е, ама не се споредува со приватна градинка.
Ни за хигиена не давате, не купувате? Добро дали може за 3 дена да настине од градинка, аман еј! Цела ноќ е со затнат нос, 2 ипол години е не е до толку мал, пиеме цело лето Саностол, не му беше ништо ни еднаш летово не настина, сега за 3 дена, пробав да му чистам нос немаше ништо, му ставив само спреј, и Виранто сируп му дадов, Силвертус во грло, немаше тт и го пуштив да оди во градинка, не знам дали згрешив.
Градоначалникот превзема општината да ги снабдува. За хигиена не, само за материјали дадовме еднаш на почеток на годината 500-600 денари. И нормално оние Росица, слики, претстави, екскурзии.