Се сложувам со @Bridget . Со оглед на тоа што децата додека се мали немаат доволно изградено имунитет , па најчесто се повеќе болни него ли здрави јас да немам работа не би пуштила дете во градинка под две години. Моиве ги пуптив на две години и на две ипол. Место имаше и за двајцата . Без проблем и врски ги запишав. А за социјализација.. па не живееме во дивина па да немаат контакт со надворешниот свет За мајките од странство има можности за социјализација. Има krabbeln Gruppen. По неколку часа во неделата. Јас се вработив и таман деца во градинка згрижени. Со оглед на тоа што не одам само прва смена а децата се само до 13ч. Морам да ангажирам и баба и пра баба. Кога се настинати болни и сл, не ги праќам во градинка. Ги чувам дома. Се до моментот додека сметам дека се спремни . Ако јас работам , тука е татко им па он нека остане дома. Боледување нека земе. Децата на прво место. Факт е , градинките се пренатрупани. И болни и здрави деца се пуштаат. Хаос невиден.
Од аспект на не-родител, сакам само да кажам дека на секое дете му треба социјализација и престој во градинка мислам треба да биди лесно достапен за сите зошто е важно за детето, но исто така мора да се има на ум дека некои родители носат деца не само за социјализација туку зошто немаат кој да го чува детето додека одат на работа. Не е дискриминација ако детето на невработен родител почека месец- два плус, зошто детето кај вработен родител неможи само да се чува кога родителот ќе почнува на работа. Места како парк би требало да се плус на активностите во градинка, а не единствена опција на социјализација кај дете со врсници.
Кај нас кига фали персонал поради болест или сл. Испраќаат писма до сите родители , кој е вработен кој не , дека згрижување на децата е можно само за итните случаеви. За оние деца кои навистина нема кој да ги чува. И по недела дена се случувало да трае ова и да мора дома сами да ги чуваме а сепак плаќаме за тие денови цела сума . Ама тоа е што е. Па не се осетив дискриминирано.
Нас не не' праша никој дали сме вработени. Само професија/занимање кое сме го учеле, не и дали сме во работен однос. Како критериум не беше никаде наведено.
^ @danichap ова погоре беше за.во случај да фали персонал , ако некој се разболе. Значи групата останува без воспитувачки.Во неможност да се згрижат сите деца, остануваат само оние кои родители работат. се орави една група до 20 деца само.После неколку дена кога воспитувачките се добро, си оди се пак нормално . Можеме да носиме деца во градинка. Инаку овде прашаа дали сме вработени и што сме по професија ама тоа не беше пресудно за примање на детето.
Да да, те сфатив. Само спонтано се надоврзав и го споменав тој податок. Инаку знам за тие групи, ама во село мое ни таква група ни игротека има...а ни па деца по парковиве за играње некогаш имам видено. Свекрва ми понекогаш да ја носат до друго село, на гости, кај едни нивни пријатели со внучиња за дете да види и да си поигра.
Да немам потреба, да имам баби овде абе ич не размислувам за градинка до 4-5 години, па можда ни тогаш не го пуштам. Ќе се социјализира со деца на пријатели комшии. Еве лично јас не сум одела во градинка никогаш, прво ме чуваше баба ми, после мајка ми ја испуштија од работа. Социјализирана бев, навреме прозборив, предвреме научив да читам, си играв со деца, друштвена бев, и сето тоа зашто мајка ми се вложуваше. Ете така.
Јакичко ќе биде сега. Мали има нова учителка, тоес старата е ама се врати.од породилно. Детето исто и почна во градинка. Значи секое разболување на детето ќе значи дека и она ќе фали Другата ќе мора да ја чуваме. Една и единствена ни е @danichap овде нема како во Мк, симни се пред зграда . Паркче , деца по цел ден на лулашките. У нашево мало скоро и да нема врсници со моиве. Ама еве почнаа договарање . Со покани за дружење со деца од градинка. Ама па на нас не ни требаат други деца. Двете дома шо ги имам , си се сами друштво. За играње, тепање .. сѐ
Јас сум од тие невработените, ама од оние кои работат три смени без ниту еден слободен ден. Студирам, имам две мали деца дома кои не знаат што е баба и дедо. Тетки, чичковци само од улица...24/7 нон стоп со мене. Сакам да кажам дека одвај постигнувам да се грижам за децата и домот преку ден, а ноќе учам. Најголем проблем ми е кога треба да полагам и кога немам на кого да ги оставам ни саат време. Јас не ги носам во градинка, иако таа опција и те како би послужила, ако ништо друго барем ноќе да се наспијам како човек. Мм исто така се води како невработен, ама неговата работа е таква што долги периоди е отсутен од дома. Како функционирам, не ме прашувајте. Кафе? Само ноќе, кога сите спијат. Од мене, нема потреба да се грижите, нема да зафатам место за ниедно дете на вработен родител. Иако се согласувам дека е на некој начнин дискриминација тоа со вработеноста како услов за запишување.
Па веројатно родителот може да се грижи за детето?! Зарем тебе како родител ти треба помош да го чуваш свое дете? Не е лесно, ама си станала родител и никој не те прашува дали е лесно или не, твој избор е тоа. И да ти нацртам, повторно нема да ме разбереш. Си запнала со даноците, та даноците, те разбравме, океј е. Ама не, вработен и невработен граѓанин во Р. Македонија не плаќаат ист данок. Така учев, ако ме лажеле, тогаш однапред се извинувам за грешката. Нејсе, лесно може да се провери тоа, па повели, увери се сама. Да, само затоа што и двајцата родители се вработени, детето треба да има предност за да се запише во градинка, кога веќе градинката е преполна и не може да ги прими сите деца. Во иднина, кога јас ќе бидам родител, доколку имам можност би останала дома и пред 3-4 години не би го пуштила моето дете во градинка. Денес градинката е помодарство и никој не може да ме убеди во спротивното. Јас не сум одела во градинка а сум социјализирана. Мајка ми ми има кажувано дека од целото нивно друштво, само јас не сум одела во градинка, бидејќи тогаш таа била невработена, па сама се грижела за мене. На заеднички прослави, јас сум била најкомуникативна и сум знаела најмногу песнички, и покрај тоа што децата на нивните пријатели оделе во градинка од 2 години. Дали сум вонсериски паметна? Не, можеби коефициентот на интелигенција ми е нешто повисок, ама дека сум надпросечна, дефинитивно не сум. Мајка ми се погрижила за моето воспитување и очигледно не и било тешко.
Градинката е помодарство? Баш ме интересира што наведува да мислиме така? Море душа ми се кине , иако незнам сеуште дали е примено,како ке го пуштам. Го запишав и прошлата година. Го однесов на 1ви септември, богами не видов ништо модерно сем мизрни ислови. И повторно не се вратив таму. Е неможам и годинава без да пробам дали ке може да се привикне, да и ја оставам таа обврска на мајка ми по цел ден. Сепак е и таа жена во години и не е должна да ми чува дете. Неможам навистина да сфатам каде е тука помодарството. И уште една работа за невработените. Никаде не викаат аха,ке те примиме на работа ако пратиш дете во градинка. Дури прашуваат,имаш дете? А кој го чува? Градинка? А ако се разболува ке имаш кој да ти го чува? Не ни е државата крива. Сами си ја креираме. Еве, добар показател се мислењета низ темава.
Живот во Македонија(а и пошироко) со една плата која покрива сметки, кредити, храна, потреби на бебе, сите тековни и повремени трошкови е луксуз. Стварно мислите дека не им требаат пари на тие дома што седат? Дека само тие кои се во работен однос работат оти мораат, а оние кои се дома немаат финансиска потреба од истото и дека без проблем неколку години треба дома са си седат и на сите други, на редовна база, предност да даваат? Дека социјализацијата е единствен проблем во семејствата со еден или ниеден вработен?
Им брaни некoј дa се врaбoтaт? Примoрaни се зaрaди дететo дa седaт дoмa? Збoриме зa мoментoт кoгa пoднесувaaт зa грaдинкa декa се неврaбoтени пa aкo веќе следниoт месец дoбијaт рaбoтa мoжaт дa известaт грaдинкa. Дaли ќе дoбијaт зa брзo или не -не знaм, нo вaжнo ќе се сместaт вo пoприoритетнa групa, вo привилигирaните нели, пa кaкo е редoт зa сите тaкa и зa нив.
Кога нема кој да ти го чува детето, да, приморан си дома да седиш. На жалост реалноста, односно споделените искуства, говорат дека во голем број случаеви не ги интересира ништо од критериумите кои ни ги споменуваме. Дека врските се пресудни. @irena.1 мислам, спомена погоре дека си чекала место за малото една година и еден месец, со мажот двајцата и вработени, живееле неколку минути од градинка и кога дошло времето едноставно немало место па и дрзок одговор добила. Пример дека и кога исполнуваш услови едноставно ќе те шкртнат од список и покрај долго чекање. Што е страшно и кажува колку е се труло и си препуштен на сам себе. Мене ми е ова еден зачаран круг од кој нема излез. Од една страна треба да имаш решен статус и дневна грижа за бебето/детето за да можеш да најдеш работа. Доколку кажеш немам место во градинка не ти ни дава договор. Доколку кажеш немам ама ќе најдам и да ти рече ок, дојди од први, пак не ти е решен проблемот оти први ќе дојде а немаш сигурно место за детето. Ќе рече некој најди жена. Не му знаеме за колку пари оди да работи, може е за истата сума која би ја давал и за таа жена и пак е зависен од градинката и нема друг избор. Од друга страна се додека го немаш договорот во рака и официјално си вработен колку и да си бил на листата за чекање ( без врски ) сигурно ќе се најде некој од останатите стотици кандидати кој се вратил од породилно и е во работен однос па има предност или пак едноставно некој со врски. Уствари рековме не те ни ставаат на другата, привилигирана листа, доколку не си вработен. И да, во неповолна положба се. Времето си тече, трошковите растат а не е изводливо истовремено да се исполнат условите и таму и таму. Дај боже да се погодат картите на таков начин што работодавецот ќе го понуди работниот договор и едноставно ќе чека додека се ослободи местото во градинка според новите листи, оти на жалост вака му иде дека дотогашното чекање како невработен пропаѓа во вода. Дај боже, ама тешко.
Кoгa веќе збoриме зa Мк и услoвите тaму, тoгaш пoвеќетo имaaт бaби и дедoвци кoи вo нужнo се нaoѓaaт. Двaјцa врaбoтени и никoј зa чувaње пa се снaoѓaме и зa рaспусти и зa бoлести, пa сегa вo Мк не мoжеле рaбoтa дa нaјдaт oти дете немa кoј дa им чувa. Не е еднa грaдинкa, ќе прaшaш вo сите дoкoлку е зoрт пa ќе се нaјде нештo. Јaс првпaт слушaм зa пример кaде дете гoдинa и пoвеќе не ти примaaт вo грaдинкa или стaлнo некoј пред тебе гo стaвaaт, oти oсвен врaбoтенoст се земa вo предвид и чекaлнa дoбa. Не мoже некoе 2 гoдини дa чекa и дa не гo примaт.
Искуствата се од мајките кои споделувале на фемина. Лично и јас не сум во тек. А реално голем број баби/дедовци сеуште не се пензионери и не може да се бара од луѓето да напуштаат работа и да останат без сопствени приходи за да чуваат внуче. Плус голем број од младите се исселени во Скопје или друг град па немаат можност за помош од ваков тип од своите. Како што споделувале во определени населби баш од овие причини е најтешко запишувањето во градинка (Скопјанки вие сигурно повеќе ги знаете тие населби) и е посебно критично а на жалост не се презема ништо.
Требa дa се пoгoди се'. И вo сите грaдинки вo близинa дa немa местo, и мaјкaтa неврaбoтенa бaш тoгaш кoгa се чекa дa нaјде рaбoтa, и дa не мoжaт сo тaткoтo смени зa тoј крaтoк периoд дa искoмбинирaaт и бaби и дедoвци вo близинa дa немa дa се нaјдaтвo мoментoт...oти тукa не велиме декa децaтa нa неврaбoтените немaaт прaвo нa грaдинкa туку aкo некoј требa дa пoчекa при гужвa -тoгaш. Тoa не знaчи дa се пуштaт сите пред некoј штo чекaл дoлгo туку сите вo еден уписен рoк. И зa нaс немaше местo пa не тргнa дететo мoе нa пoчетoк нa гoдинa туку ни се јaвијa нa сред кoгa се oтпишaле две.
Во Македонија, со капацитетот и пренатрупаноста на градинките, секогаш ќе биде гужва и секогаш ќе треба да припочека во однос на некој друг. На крај кога ќе видиш години се фанале а не месеци( доколку нема врски). Мислам дека тоа е клучниот проблем.
Како и во многу други теми повторно самите жени се дискриминираме. Не е проблемот во мајката што пие кафе дома, или онаа која работи дома. Проблемот е што ниедна влада не се заложи за овој проблем. Незнам за Скопје, но во помаливе градови градинките се катастрофа. Во поглед на хигиена, број на деца и кадар. За храната гледам се подобруваат. Кадар има прекуима, да не се лажеме. Зошто не вработуваат лица со завршен педагошки факултет и лиценца, наместо оние во администрација кои ама баш ништо не работат. Не ме напаѓајте, со свои очи сум видела како немаат ни место на биро зашто на едно биро се вработени тројца. И наместо ние мајките да се буниме за овој проблем, како што ете гледам и за породилното се направи иницијатива да е подолго, нас ни е проблем што некоја мајка седи дома и пие кафе. Моето дете одеше во градинка само предшколска, затоа што бев дома, а напуштив работа која ја имав затоа што немав кој да го чува, а во градинка не го примаа на 8 месеци ( реално ги избегнуваат бебињата колку што можат). Додека одеше син ми во градинка, јас не седев и пиев кафе туку работев од дома, преведував за да имам барем за струја, одев по набавки за храна ( кои ги завршував илјадапати побрзо отколку со него ) и правев еден тон други работи. Придобивки од градинката имаше многу, веднаш се адаптира на школото, познати му беа поимите училница, учителка,молив и книга и седење во клупа. Имаше деца кои до јуни плачеа и не сакаа ни да отворат книга. Секое дете има право да оди во градинка, секоја мајка има право да го остави детето на место каде што е безбедно и учи корисни работи,а не гледа турски серии со баба. Значи мое мислење наместо безвезниот барок за кој се потрошија милијарди евра можеше да се изградат градинки, да се вработи кадар кој со години седи дома оти нели најпотценетиот факултет го завршиле. Да се направат групи од по барем максимум 20 дечиња па да видевме после дали ќе немаше место за моето и твоето. Крај краева сами си плаќаме за градинка, зошто да немаме право да ги носиме децата? Извинете на долг пост но болна ми е темава.