Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    3.967
    Пол:
    Женски
    Не, помали се од него. Туку нешто друго се случи, два пати и тоа, некој го гризнал на рачето. Не сака да оди во градинка, чекам да видам дали денес ќе го најдат каснувачот.
     
  2. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Ќе го најдат ако го прашаат, сигурно знае кое дете е, ќе го покажи.
    Инаку ова со парите секаде е различно, ама се што фали во градинките ретко се обновува, се од родителите бараат пари. Тој период нас ни бараа играчки од дома да донесеме, може би било подобро решение секој по една играчка да донесе. Имаме и пари за новогодишна елка собирано и лампиони секоја година носевме, така да ништо да не те изненадува.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.144
    Допаѓања:
    10.531
    Пол:
    Женски
    Дали во сите градинки ги учат на нокшир и дали се покажало успешно?
    Ќерка ми е 2 години, ми кажа негователката дека од денес ќе почне да ја тренира да седи на нокшир.
    Јас до сега имав два неуспешни обиди со тренинг.
     
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.601
    Пол:
    Женски
    Кај нас кажаа дека ако ја приметат дека е заинтересирана ќе ни кажат. Или ако почнеме дома да вадиме пелени, да им кажеме ние за да знаат што да прават. Ама дека тие ќе почнат да ја тренираат, немаат спомнато такво нешто.
     
    На karak и Tea SK им се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.144
    Допаѓања:
    10.531
    Пол:
    Женски
    Ако ја истренираат, одмор ќе им уплатам. Од сите бебешки "работи" уште тоа и остана.
    На ништо мака не видов, ни цуцла, ни цицање, ни учење да јаде сама ама пелениве ми се чудо. Ем ги вади сама ем нејќе да се учи на нокшир :drunk:
     
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.601
    Пол:
    Женски
    Абе и ќерка почна пред да кака да покажува накај газот и ко ќе заврши сама зима пелена и легнува да и ја смениш. Си викам да им кажам да ја пратат како се понаша таму па да видеме до кај сме :D
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Neka ja nosat da gleda drugi kako mocaat kakaat pomaga dosta.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Јас им реков дека може да го ставаат на нокшир зашто он си кажува, само што дома не сака многу да седи на него, али таму можда покрај другите ќе сака. Они ништо не искоментираа како и секад. |(
    Мислам дека ми е најпаметно да си земам одмор од работа и него да го оставам дома некој период кога ќе сметам дека е спремен, па да се вежбаме. Не верувам дека во градина ќе се научи.
     
    На tina2018 и Tea SK им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.162
    Пол:
    Женски
    Јас ги благословувам во градинка оти многу ми помогнаа со одвикнување со второво (уплав имав дека првото разви страв од какање што траеше 2.5 години). За три дена беше ко ич да не носел пелени, а јас дома цело лето пробував. Фала им. Што збореа, како правеа не знам, ама детево ептен без мака ги откачи.
     
    На tina2018, daniangel, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Кај нас кога беше во група 2-3гофини, во редовни интервали на еден час ги ставаа на нокширчиња. Мојот додуша веќе беш одлучен (многу ретко правеше по некоја грешка), и знам кога им кажував да внимаваат, ми кажаа вака.
     
    На tina2018 и Tea SK им се допаѓа ова.
  11. hammer

    hammer Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    И кај нас во градинка ги ставаат за да се навикнат, инаку си носат нормално пелени. На почетокот ни кажуваа дека не мочка, може и требало време за да сфати. Околу 2.5 години успешно ја одвикнаа и во рок од една недела скроз се научи, се случи да се измочка неколку пати ама нормално и очекувано е. Знае да се случи и сега ако се заигра, ама многу ретко. Иако пред тоа дома воопшто немавме пробано ние. Потоа почна и дома, директно на адаптер на шоља. Секоја чест за учителките, иако беше летен период, кога е похаотично, различни учителки, мешани групи… Го научија детето и ни олеснија премногу. Мислам дека децата повеќе ги прифаќаат работите кога се во група со други деца :)
     
    На tina2018, daniangel, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Имаат искуство со многу деца и обично препознаваат полесно кога детето е спремно. Добро е што негователката е заинтересирана, побрзо таму ќе се одвикни со другите деца заедно, а и голем дел од денот е таму.
    Мојата се одвикна на 2 години и 3 месеци благодарение на негователката.
     
    На tina2018, daniangel, sani99 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да ја пофалам новата градинка на син ми.
    Не ми се верува колку разлика има од една до друга градинка. Иако спаѓаат под ист комплекс, различен клон со претходната, не можам ни да ги спомнам во иста реченица, оти разликата е небо и земја.
    Дефинитивно условите ги прави добри или лоши персоналот и никој друг.

    Моментално син ми е во прва мала група, групата има 23 дечиња од кои само 10 се од јасли заедно, другите се на адаптација.
    Имавме родителска и од муабет со родителите, нема некој кој не е задоволен засега.
    Преотворени беа и негователката и воспитувачката со нас, викаат целта ни е да ги осамостоиме децата и потребна ни е ваша соработка. И за самостојно хранење и за облекување/соблекување и за тоалет.
    Не ни побараа пари за материјали, туку меѓу себе да се договориме кој родител што ќе купи откако тие ќе ни кажат што им е потребно за работа.
    Играчки ако имаме некои стари што не ги користиме, ама без да знае детето за да не се караат дека е нивна играчката.
    За влажните напомена баш како некоја членка поназад- замоли да кажиме ако некое дете има навистина проблем и мора да се користат одредени марамици, вика не е можно за секое дете едно по едно да барам кои марамици чии се.
    На неколку пати потенцираа за родендени, ако сакаат родителите да обележат со нешто скромно, да не се носат торти, сокчиња, пакетчиња за дома...не за друго, да не се прегледуваат родителите и да наметнуваат "стандарди" кои некои родители не можат да си ги дозволат.
    Средбата траеше саат и пол, по завршувањето кој што сакаше си прашуваше за своето дете и сите добивме детални одговори, како се однесува, што прави, што сака, што не сака, каде дава отпор, како да совлада побрзо нешто што му е проблем. Познавајќи го моето дете, ни кажаа буквално сѐ, каков што си е и дома, како и тој што споделува дома што се случува во градинка.

    И нешто шо мене ми значи многу, побараа известување за секое отсуство, медицинска белешка при болест, ако е респираторна чисти брисеви. Дури и дадоа предлог на 2 месеци на рандом деца да се испитаат брисеви од нос и грло. И родителите ми се видоа ок по тоа прашање, се надевам дека ќе имаме меѓусебна соработка.
     
    На Mother of 2boys, tanjaaa, tina2018 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Дали се работи за Битола? За која градинка станува збор?
     
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Да за Битола, градинка пролет.
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.457
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Мајки 2 недели сме во градинка. Ова е трета недела. Првата недела одеше до 10:30, втората почна да останува со ручек. Досега беше без плачки, само ќе кажеше од сабајле “не сакам да одам во градинка” и на прашањето зошто, ми вика зошто плачат децата и ми е страшно. Цела група е нова, со дечиња што се прв пат во градинка, почнати од 1ви септември. Втора мала е, со деца 3-4 години. Мојава за некој месец 3 ќе прави. Таму револтот го искажувала со непослушност и инает. Воспитувачките ми викаат да не се грижам зошто некои деца така искажуваат револт, други со плачење, дека ќе си фати ред. Последниве денови ми викаат супер е, само што од оброците го јаде лебчето, за разлика од првата недела кога ништо во уста не ставала. Дома ми вика не ми се допаѓа храната од градинка, ти правиш поубаво. И истото што го имале таму за ручек ми го бара дома да ѝ направам (инаку јаде скоро се од манџички, сѐ што видов на распоредот за оброци, го јаде и дома) Последниве 2 дена дури и во заспивање повторува “не сакам во градинка” и утрово прв пат стана со плачење и цел саат плачеше, липаше дека не сака да оди. Ми вика сакам и ти да дојдиш со мене. Не ми е убаво, страшно ми е зошто плачат децата.
    Не знам како да постапам, дали да бидам упорна или да правиме паузи? Јас сакам упорна да бидам зошто знам дека ќе помине ова, ама срце ми се кине кога ми вика дека ѝ е страшно таму. Она е ептен емотивно дете и многу се вознемирува кога гледа други деца кај што плачат.
     
    На tina2018 и brm_brm им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.957
    Пол:
    Женски
    Какви паузи, таман работа. Ако не плаче она кажи и да ги теши децата, да си игра со нив, дека кога ќе видат дека е убаво нема ни она да плаче. Штом е комуникативна и знае да каже кажи и дека штом ти не плачеш значи ти си најголема, помалите помогни им да не плачат и они, дај и некоја функција, нешто да се осеќа корисно.
     
    На Erika.greeneyes и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  18. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.601
    Пол:
    Женски
    И ќерка ми се притресува кога плачат други деца и и нашле финта негувателките, и кажале да оди и да ги гали дечињата да ги гушка да не плачат. Мојата е мала, со твојата повеќе ќе се разбереш ако пробаш на овој начин од дома да и кажуваш :)
     
    На Mother of 2boys, tina2018, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.457
    Допаѓања:
    8.839
    Пол:
    Женски
    Да баш сабајлево така ѝ зборев, кога ќе плаче некое дете оди гушни го, кажи му не грижи се, ќе дојде мама… Ама она липаше и липаше. Плус ми кажува дека учителката ги носела кај бебињата (во јасли) да ги видат бебињата дека тие плачат зошто се бебиња. Разговарав со негователката, ми рече дека децата што плачеле ги носеле во јасли да видат дека само малите бебиња плачат. Разговарав и со други мајки, и сфатив дека само мојава е потресена кога ја носат кај бебињата. И кажав да ја замоли учителката следен пат да не ја носи таму. Вчера ја прашав ми рече не ме однесе. Инаку негователката досега не ми се има пожалено дека плачела мојава. Знаела да ме побара само и толку, ама има деца што липаат и повраќаат таму од стрес.
     
    На tina2018 и brm_brm им се допаѓа ова.
  20. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.372
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    Штом немаш критики од воспитувачките, не прекинувај.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.