Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Истото потполно ми вика не сум лош само лошите и неумните тепаат...
    Ама почна да му зборам мора да се браниш, никогаш да не тепаше без причина ама да се браниш кога ќе те удрат мораш и исто плачи несакан,незнам.. му велам од што се плашиш ти си силен имаш мускули бла бла и вчера и мм му зборел додека го носел и верувајте или не кога го зедов беше пресреќен зошто детево пак го удрило и овај мојов вратил и тоа со сета сила и вели не ме чепна појке .

    @Brpbrp точно така тие деца не сакат да ги тепат ама кога ќе увидат дека некој му се враќа и не се плаши од нив тогаш се повлекуваат и не се закачат повеќе со истото бараат нова жртва..

    Кажав на воспитачка на негувателка на сите
     
    На Mother of 2boys, bybeDkid, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ете така и сега веќе нема да го закача и за секој нареден пат истото. Јас ги кривам родителите зошто не се замараат не е само пушти го детево и готово само да се снаоѓа воопшто не ни разговараат со децата нивни затоа се и такви.
     
    На kjofti4, IRBBB и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  3. Elosi

    Elosi Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Здраво... Дали во сите градинки не дозволуваат детенце кое не јаде да останува повеќе од 11:30?
     
  4. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    7.052
    Пол:
    Женски
    Моето три години јаде само леб си останува цел ден во градинка. Нема кај нас вакво нешто.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    9.225
    Пол:
    Женски
    И мене ми го продаваа тој филм на почетокот демек не јаде па како ќе спие гладна ама после недела дена почна да си јаде така да не се откажувај. Секогаш ќе си најдат оправдување
     
    На IRBBB и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  6. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Мојот беше до август во таква група од јануари веќе се канат на родендени искрено и пресреќен беше кога го од однесов
     
  7. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Мајки искуство со деца што касаат и удираат во градинка? Со големото не сум имала таков проблем малото е година ипол ми се жалат во градинка дека ги гризнала и удирала дечињата ако и земат нешто. Незнам што да направам дома не гризал никогаш брат и за да и е од дома научено и ја караме секогаш ама повеќе од тоа на толку мало дете незнам како да објаснам. Им реков карајте ја и збориме и дома веројатно период и е ќе и помине сигурно не им е ни прво ни последно такво дете
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.955
    Пол:
    Женски
    И јас од ова се плашам со второво дете. Пишував поназад за поголемиот, ова е спротивност, а има скоро една година и за брзо ќе почне во градинка. Дома, не дај боже брат му да земе играчка одма го корне за коса, го мава со рачето, а не знам како научил така да се однесува. Освен да продолжиш да збориш, не знам што друго би можела, а и колку те разбира.
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.735
    Допаѓања:
    38.472
    Пол:
    Женски
    Колку и да збориш, нема да те разбере. Сепак, мала е. Проблемот е што може да реагираат родители. Има такви кои не сакаат детето да им биде допрено. Детето за кое пишував најверојатно имаше друг проблем. Јас како негователка трпев, ама децава не можеа. Некои со плачки доаѓаа.
     
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Само со зборење уште е мала друго е година и пол друго е на 3 години да гриза. Сега и да сакаш не можеш да направиш многу освен само со зборење и убедување. Кај нас во група имаше една што имаше период кога касаше се што е до нејзе и на крај решение во креветче најдоа да ја стават за дане ги гриза другите зошто едно дете по 4/5угризи имаше во ден што е премногу.
     
  11. Ednostaven

    Ednostaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    216
    Мајки може ли накоја да сподели искуство за вадење на крајниците и враќање на детето во градинка. Постоперативно сигурно ќе му падне имунитетот, па после колку време ги вративте, како идеше со храната таму, дали бевте во првиот период за нешто повнимателни?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.956
    Пол:
    Женски
    Леле исто, големото не смее да се заигра нешто, ова иде го млати го кубе, да стигне до неговата играчка.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elosi

    Elosi Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Веќе трета недела му е и сеуште не дозволуваат повеќе од 11 и нешто... Пред некој ден реков ај ќе го оставам до 12....и во 11:20 ете ги, вртат...ајде земете го...
    Мислам дека сепак е до воспитувачите
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.735
    Допаѓања:
    38.472
    Пол:
    Женски
    Те прават будала. Можеш да го оставиш и до крај на работното време. На нив им одговара помалку деца да чуваат.
     
  15. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Имаше кај поголемиот такво девојче го отпишаа буквално без причина ги удираше сите деца. Неговата учителка вика период за моево период и е сите деца имаат периоди такви ќе се смири, ама нејзината секој ден ме испраќа со го грабнал тој и земал нешто, го искубала тој и незнам зошто и срам ми е мала е за да разбере ја караме викаме ама таква е лута не зима туѓо ама ако си игра со нешто и и го грабнат се лути и кубе мава гриза
     
  16. Elosi

    Elosi Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2023
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    ... На такво однесување и по малку страв ми е да го оставам... Да не добие детето трауми, може нема воопшто да се замараат со него... Инаку вака ко што го гледам, убаво му е, кога и да го земам е насмеан... Ми нема логика да му кратам престој...
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.735
    Допаѓања:
    38.472
    Пол:
    Женски
    Измисли некоја причина. На пример.. Дека имаш обврски и дека мораш да го оставиш на спиење.
     
  18. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Втор ден во градинка, вчера јадела, денес не, и имаше малку плач, кога ме виде се израдува. Дали ова со јадењево ќе трае долго? До 11:30 сме, а до тогаш ниту спиена ниту јадена, а дома до тогаш имаше оброк и ужинка. Од другата недела сакаат да пробаме и спиење, ама како би било некои денови кога воопшто нема да јаде? И дали е строго блендирано секаде го јасли или може да и' дадат лепче и сл?
     
  19. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Сеуште е рано да се знае како ќе биде со јадењето, почекај да поминат повеќе денови.
    Во јасли нема лепче цело, појадокот е гриз, палента такви кашести работи, а ручекот е манџа пасирана.
    Обично менито е истакнато на влезот, ако не е побарај да го видиш, ќе знаеш точно кој ден што јадат.
     
    На Ljubica87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.955
    Пол:
    Женски
    Не знам колку време имаш за адаптација ама јас кога го адаптирав го носев покасно, дома си јадеше. Пробај така, па постепено со спиење.