Ние ги вадевме крајниците во јуни но во градинка појде од средина на септември.Веќе три недели тера и супер е .Волку не сме оделе никогаш.
А учителката, негувателката каде се? Како смее да дозволат вакво нешто. Тие треба да помогнат во процесот на прилагодување и прифаќање. Јас би разговарала прво со нив.
Разговарано е и кажуваат дека они не забележале такво нешто и дека детето внатре е океј, а оно кажува се спротивно дека седи со страв да не згреши нешто.
Колку годинки има малата? И јас имам мака со малото,каса се живо и диво зборам зборам незнам ни колку ме разбира две годишно дете. Веќе ми е срам кога го зимам од градинка. Само таму каса,дома е мирно детенце во парк си игра со децата нема никаков проблем,само таму каса.
Многу е тажно ова, ние имавме ваква ситуација надвор од градинка. Имаме друштво од 5-6 деца, многу убаво си играат, културни меѓу себе ама деца од страна не прифаќаат. И бевме на одмор, доаѓаат срби со детенце на иста возраст, пробува да се уклопи ама овие на игнор го ставаат. Имаше и буткање, влечење и видов дека веќе станува доста непријатно, пробував прво јас со детето да играм, родителите ги викнав на кафе, на децата им зборев и постепено за 1 ден станаа другари. После играа без проблем ама ете, они се уклопени, се знаат и не знам од која причина се затворени. Така да, мора возрасните односно конкретно во градинката негователките да преземат иницијатива. Ако не оди со нив, би те советувала да го носиш детето на лулашки кај што се дружат после градинка, за старт доволно е со едно детенце да се здружи или ти со еден родител да почнеш муабет, па ќе се рашират познанствата и понатака би можела отворено да побараш помош од некоја мајка.
Објасни им упте еднаш што кажува и како се чувствува детенцето, со молба малку повеќе да се вклучат за да му помогнат што полесно да се вклопи. Друго како што ти кажа и Скај да се обидете над ор од градинка да остварите контакт, ем децата надвор од таа средина може ако се одделени полесно ќе го прифатат отколку во тој колектив. Плус ќе се обидеш да допреш до родителите за да видиш дали може и тие малку да влијаат.
Година ипол е, ама моево и дома знае да каса ја караме ама се смее само почнав да игнорирам може нема да и е интересно веќе
Здраво мајки, ве молам за мислење бидејќи веќе станувам очајна. Пред 3 и пол недели почнавме со адаптација во градинка, ја земам пред ручек секој ден, 2 и пол години е. Ама секој ден е со плачење. Кога ја носиме, плаче по малку и е тажна вика ќе поседам малку и ќе си одам. Ама таму воспитувачките ми кажуваат дека цело време била тажна, иако пробуваат да ја разведрат. Кога ја земам почнува да плаче и остатокот од денот е хорор. По цел ден плаче за што и да било, мава, вреска, фрла, од дете кое беше цело време насмеано и смирено веќе еве скоро месец не се ни смее воопшто, само пишти по цел ден. Имаше инцидент со некое дете кое ја каснало, што се нема повторено. Да напоменам, доста е чувствителна по природа и е приврзана многу со мене и татко и. Ве молам за совет, не знам веќе што е најдобра опција
И ако треба родителот да работи а нема кој да седи дома, што тогаш? Тогаш ќе мора веројатно да оди. @Mum07 Со деца мора упорност инаку ќе те научи и цел живот ќе прај проблеми. Утре и за други работи за курс по англиски, спорт, домашна... По мене многу ви е долга адаптацијата. Или ја оставаш или не. Има деца што не прекинуваат да плачат на оставање.
Мојава на почеток првата втората недела не плачеше ама сега плаче на секое оставање. Точно 1 месец како оди. Дома навечер пред легнување плаче дека не сака во градинка, не ѝ било убаво, сабајле додека се спремаме и на оставање исто, а таму била супер, почна веќе и со спиење да останува. Кога ја земам среќна е и ми кажува дека многу ѝ било убаво. И ај сега најди НЗС Мислам дека сега ѝ стана јасно дека ова е новото секојдневие, промена им е и нормално да имаат separation anxiety. @Mum07 мислам дека тој инцидент така ѝ влијаел. Мојава така од бебињата во јасли што ги видела дека плачат беше истрауматизирана. Ѝ треба време, ќе се навикне, биди упорна.
Здраво мајки, сакам да ги пуштам син ми за 1 месец во градинка. Тогаш би бил скоро година ипол. Колешка од работа ми вика демек не било сега паметно да почнува дека е сезона на вируси и што уште не. Јасно ми е дека зимски период повеќе се разболуваат, но во таква ситуација сум што помошта што сега ја имам за чување ми е на располагање до февруари, евентуално март. Дали сепак да почекам пролет или да си го пуштам сега? На триста ума сум, а прво дете ми е и стварно не знам што е паметно.
Беше тоа едно време разболување само во зима или сезона на вируси. После короната мислам нема сезони, страшни вируси си кружат цело време. Еве за пример, мојот оди во градинка веќе трета година, како што е болен од април навака не бил никогаш. А цела зима ја помина без никаков проблем, 9 месеци идеше со повремено растечен нос. Пушти го нека оди, па со лесно.
да си го пуштиш, колку порано толку подобро, за разболување исто ти се фаќа кога и да почне ќе се разболува, таман кога ќе се разболи ќе имаш помош шо и сега ја имаш на располагање
Врска нема лето зима. Попаметно ти е сега, помалку деца на адаптација, плус тоа декември и јануари многу малку деца одат. Д март до мај преполни се градинките. Цела зима мојава топ беше, а од мај до август 3 пати на антибиотици беше., Мислам дека одличен период ти е сега за почеток.
јас ја пуштив во јануари. Секако на почеток ќе фаќа вирусче, бактерија почесто. Цела година се нешто кружи. ама не се секирај. да си го пуштиш.
Не одеше во градинка лани, ама цела пролет беше поболежлива него зимата, а и ние дома со неа. Нема мерило, пушти си го сега. Таман до февруари навикнат ќе е скроз.
Моето еве, од 2 год оди в градинка, имаше периоди да не плачи на пр 2 недели, месец, сега пауза имаше летово не одеше и кога тргна минатата недела сите 5 дена плачеше на оставање, а детево 5 год во декември ќе прави... Не ја засака градинката, прашај го ти вели нејкам в градинка ама оди И така 1 недела в градинка денес е дома болен знаев дека одма ќе фати нешто дека беше дома. @cocopuff кога и да го пуштиш исто е, спремај се првата година цела да е болен од се и сешто...