Од мое искуство нема сезони на бактерии и вируси во градинка. Моето лани зимата скоро и да не беше болен, редовно си одеше неколку месеци. Летото пак постојано беше болен, пневмонија и бронхити. Само отсуствува од градинка. Да сум на твое место би го пуштила сега, таман до февруари да се адаптира и стекне имунитет.
Како ќе биде и на школо нз јас, мали се на 5 год и 9 месеци ќе почнат.. Тешко нас од година Ќе плачат сиг и за на школо
Moevo dete Sega pocna vo gradinka. Eden den go nosevme, se razboli, pauziravme pa pak go odnesovme utre e tret den, mnogu placi nekako, preku den ne mozis ni da spomnis za vo gradinka toj se rasplakuva, Kako polesno da se adaptira, stvarno mnogu placi zal me faka, koga go ostavam pola sat placi. Vo gradinkava e preubo ucitelkite se mnogu Dobri ima mnogu deca, ne svakam so e problemot. Sega napravi tri godini.
Проблемот е што таму се многу деца, кое плаче по цел ден, кое вика,кое гризе, кое граба ограчки,турка итн. Прво ставете се на местото на детето до вчера било смирено дома било мама дава за јадење,се шета, се е удоволено и наеднаш влагаат во бубањ од 16м2 каде има галама од 30 деца и они се уплашени исто како и ние возрасните да сме работеле од дома или да седиме сами во канцеларија и наеднаш менуваш работа со 30 различни карактери во една просторија самата бучава смета,а не пак другите работи пропратно што се случуваат. Таму имаат они одредено време за јадење,играње и дневен одмор, таму ги учат сами да јадат,сами да се облекуваат особено е тешко за дечињата кои треба да се одвикнат од пелени. Нормално се зависи од дете до дете, но за емотивните деца они малце потешко ја сфаќаат цела ситуација и се со мисла дека ете мене ме оставија и нема да ме земат има петиод на адаптација за да увидат што е и како е но треба трпение и зборење само и упорност.
Пак јас ова дете мое не ја засака и не ја засака градинката (како да се гледам јас кога одев во градинка што кај мене моите се одкажа зошто имаше кој да ме чува) Лани одевме значи супер,одлично без проблем.. летото не идеше два месеци.. Од септември кога почна еве го октомври дете не престана да плачи воспитачките ми викат од сабајле еден час е океј послем плачи со солзи се до 2ч послем знај ќе дојдиш да го земиш.. повраќа еве оваа недела три пати минатата два пати повраќа таму кога ќе дојди ручек не сака да проба одбива, не сака да спие лези во креветот и плачи, повраќа претежно од што плачи тоа што го каснал ќе го поврати и е жив гладен кога ќе го земам.. одлично идеше на тренинг два пати неделно и во работилница еднаш неделно.. оваа недела плачи и на тренинг ќе оди 30мин и идам го земам зошто плачел исто и во работилницата каде што оди, плачи еве и во спиењето скоро 3-4вечери едвај се смирува.. Го прашувам дали нешто се има случено не ми вели плачам за тебе.. Незнам дали да го вратам на адаптација како што беше лани на почеток по 2ч па пополека да наголемуваме.. или како да постапам стварно незнам.. таму со ништо не сака да игра дреми на столче да дојдам да го земам оваа недела и самата гледам кога ќе пратат видео тој седи сите пр.вежбат, пејат песничка, плескат со рачина тој седи до нив натажен и не прави ништо.. Дали да посетам психолог незнам што е проблемов.. Него му е забавно со мене и јас за тоа сум свесна зошто кога сме излезени во парк јас буквално се бркам со него, лежам по земја,играме криенка, возиме количина, скокаме на трамболими, све тој што прави правам со него, дома прави све со мене ручек ми давам сецка, правиме торта, во сите активности е вклучен и ми помага околу малата, играме и дома заедно со двата сум на земја и ги анимирам максимално, боенка за него боенка за мене, учиме англиски двата заедно сам изразе желба, и еден куп други игри можеби тоа е грешка незнам
Секој родител ска најдобро за своето дете но треба да научи да биде и самостално нели, некогаш и тебе ќе те нема што ќе прави тогаш? Во ред е да играш со него но како што викаш ти на игралиште ти го забављаш а не со децата да си игра да се зближи да другарува карактери да запознава. Во градинка немаат време само со него да седат и да го анимираат може и тоа му е револт и не сака ништо да прави.
Потполно си во право.. тој надвор игра со дечина постојано, пред зграда во парк Али ако нема дечина тогаш мора јас да сум аниматор иначе тој сам се шутка онака како досадно да му е
Епа затоа очекува и во градинка дрка ќе има некој до него и да го анимира, а учителката е една на 30 деца нормално е да не може да го анимирА. Еве конкретен пример со моето конкретно со јадењето дома го мрзеше сам да јаде и ние го раневме појде во градинка и седел таму да го наранат чекал, па дури после месец и пол убедување и дома зборење дека сам треба да јаде почна да фаќа лажица. Секое дете сака да биде каде што му е се удоволено, се е по негово и нема рестрикции, но како во градинка што ги тераат за се така треба и домА напорно е ама подобро е за нив да се самостални одколку да зависат од некого.
Ќе се навикне во градинка, само треба упорност. Мојот поголем син плачеше на оставање во градинка цела прва година. Сум каснела на работа многу пати, среќа работодавецот имаше разбирање, ама после тоа детето се навикна. И тој беше зависен од мене за анимирање и игри, ама да речам дека на време ми се отворија очите дека не треба на тој начин да го врзувам за себе. Дете треба да се остави да му е досадно, а не секој момент да му се дава идеја што и како да си игра и забавува. Кога им е досадно, не е наша задача да ги анимираме постојано, туку да си изнајдат начини да бидат креативни и сами да се забавуваат, т.е да им проработи фантазијата. Денес живееме во такво време каде што испаѓа дека мора да работиш со детето и да го анимираш од најмала возраст за да се развива правилно, да има моторика, сензорни вештини и не знам што. Во ред е да се работи со деца кои имаат такви потреби, ама со повеќето деца не мора, многу добро знаат да се заиграат и забавуваат сами. Нема вечно да остане мало, ама ќе му остане навиката да зависи од тебе и твоите идеи за да се забавува. Сечи тоа во корен, оти подоцна е потешко.
Ние веќе одиме две години лани беше одличен многу брзо прифати нормално плачеше Али брзо се адаптира.. и сега оваа година еве месец дена дава одпор па се договорив со воспитачката да правиме пак адаптација по 2ч и постепено ќе зголемиме.. јас верувам тој е свесен дека јас сум дома со бебе и тоа дополнително го мачи Али дефинитивно ќе сменам пристап.. тој е свесен дека ми е најслаба точка во животов и свесен е дека што и да побара ќе добие и да не побара ќе го понудам самата за негде за нешто.. фала девојки
Поголем е повеќе разбира, затоа е и потешко да се адаптира на цела ситуација. Бебето во јасли кога ќе го пуштиш побрзо ќе се адаптира одколку сега он. Трпение само мајка
Моето е 11 месеци. 6та недела во градинка, одбива да јаде комплетно. Од оваа недела почнав да го оставам со спиење, морав веќе, па сега дома му давам да јаде пред да оди во градинка за да не е цел ден гладен. На мојот му нудат лепче со нешто намачкано ама и тоа не сака. До кога мисли да штрајкува не знам. Дома си јаде без проблем.
Е ние сега паузураме, почна да јаде последните два дена таму, сабале само леб (јас им предложив ако не го јаде намазот да понудат само леб). Сигурно секој е различен, големата веќе е 5 години и се' уште само леб јаде таму. Можеби гледајќи ги другите деца ќе почне да јаде, сепак помали велат се учеле
Дефинитивно ова е најголемиот проблем. А да пробаш да му кажеш дека и бебето после него го оставаш в градинка и дека и ти одиш на работа? Пример да најавиш претходно дека од понеделник ќе треба и бебето да оди во градинка и ти почнуваш со работа. И јас едно време работев од дома и истиот проблем се јави. Претходно никаков проблем немаше, ја сакаше градинката, дури и сабота и недела беше тажна оти не оди. Па долго време лажев дека и јас одам на работа.
Лажам му викам дека дада јас ја носам,а него тато мора да се поделиме зошто јас ќе закаснам на работа.. па тука ми вика ај ти мене носиш тато дада носи, пробав и така го носам Али рано му доаѓа околу 7ч зошто мм треба да биди на работа 7и30.. и воспитувачката ми вика знаат тој е свесен дека лажиш дека дома си кога одам да го земам идам со бебево не прашува зошто зеде дада прва.. Незнам како ќе биде веќе ни со добро ни со лошо не бидува со детево
Јас би ти препорачала дури си на породилно да ги чуваш и двајцата, ретка прилика да уживаш со двајцата. По мене не е препорачливо кога има таква промена дома како нов член и да му додаваш адаптирање во градинка.
Проблемот е што тој веќе идеше во градинка година дена и тоа беше пресреќен све беше топ.. Послем за два месеци ќе треба двата да ги адаптирам зошто малата ќе почне на 8м во градинка..тогаш верувај ќе ми е хаос.. Али не е само до градинка еве денес беше со татко му јас бев излезена сама послем 40мин ми се јавија да си дојдам плачел по мене.. ќе видам ќе разговарам и со психолог, или има некаква причина или почна да манипулира знаејќи ако плаче јас ќе дотрчам како во градинка,на вежбање,дома и сл.
Да, повраќа за да манипулира и да дојдеш да го земеш. Не знам колкаво е детето, ама и јас би ти препорачала да биде дома додека е и бебето дома. После ќе му објасниш одат и двајцата, ти на работа и тоа е тоа. Верувам дека полесно ќе прифати. Лажењето е уште полошо, ем чувствува дека го лажеш, децата се мали, ама не се толку мутави колку што мислиме. Жал ми падна искрено читајќи го ова, греота детето. И никогаш не е грешка да си играш со него кога можеш, не цело време, ама си играш, па му велиш имам ручек да зготвам, нека се шутка, ќе си најде нешто, или нека те почека. Не значи дека готово, до 18 години има на тебе да биде обесено. Ќе потпорасне, им се развива фантазијата повеќе, тоа што со тебе го играл ќе почне и сам да го применува и да го надградува. Како читам некогаш ко децава да се непријатели, манипуланти, све прават само за внимание. А деца се, нормално дека им треба, не е тоа манипулирање, потреба е. Кај со толкава промена, па и градинката... Стави се малку на негово место и размисли убаво.
Тешко е да ги разбереме, ве читам и од двете страни поддржувам, зашто и јас самата не знам што е најдобро. Со првата ќерка буквално го поминував целото време: играње, скокање, пеење, трчање, готвење, ми помагаше за торти прваење, пудинг матеше, туруваше шеќер, зачини во манџа, вадеше садови од машина, пазарување заедно.......до недоглед. Кога дојде второво бебе (13+веќе), многу работи не можеа да продолжат по старо. Од почеток кога најмногу спиеше, бев со големтаа, шетање, возење со велосипед, цртање.... Ама откако потпорасна - едноставно е невозможно. А сами сме, цел ден сум во кујна, за нас, една каша, за нив, сокови... И големата одеднаш почна да вика досадно ми е, дојди да играме, а јас не знам на каде попрво да фатам. И сега не знам што било подобро, да сум ја оставала, сега да продолжам полека да ја оставам или како? Знам дека нема вечмо да се деца и дека за некоја година ќе ме игнорира, ама сакајќи го најдоброто за нив, некогаш кикснуваме