1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.711
    Допаѓања:
    5.635
    Пол:
    Женски
    Мами малку сум збунета како би постапиле...малата крена во петокот температура тоа беше само еднаш и толку од тогаш све е супер нема растечено ни носе ниту кашла не знам од каде температурата,прашањето ми е дали да ја носам во градинка утре?како страв ми е...
    Вака е све супер само не ми е јасно зошто крена температура само тогаш,прв пат вака се случува...и тоа баш од градинка пред спиење ме повикаа тогаш кренала.
     
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.950
    Допаѓања:
    12.954
    Пол:
    Женски
    Носи ја, се случувало и кај нас така.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Носи ја. И кај мојата се случувало неколку пати така, веројатно организмот се изборил сам.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.364
    Допаѓања:
    31.472
    Пол:
    Женски
    И кај нас се дешава рандом тт од 37.6-7 и после ја снемувало.
     
    На lovely91 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    2.105
    Пол:
    Женски
    Му нудат и со намаз и така суво лепче, ама фрла, не јаде. А дома ако види некој леб да јаде, лета за да му дадат и нему.
    Се надевам ќе се смени нешто наскоро.
    Сите ми викаат немај гајле, ќе попушти, ама бебе толку време да штрајкува... Не знам... Досега апсолутно ништо не сака ни да проба, а не па да јаде.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.266
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
    и мојот син е 5.5 год не јаде ништо во градинка, седи гладен, евентулано ако има млеко ке се напие или јогурт или суво лепче, мислев ке смени ама сеуште е така.
     
  7. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    2.105
    Пол:
    Женски
    Моево е 11 месеци. Сега му давам дома доручек па го носам. Го земам после спиење, ама прегладнет е. Барем леб да јаде, ако не нешто друго. Ќе видам уште недела-две како ќе биде. Ако продолжи вака размислувам да паузираме, па да барам жена да го чува, иако не ја сакам опцијава воопшто. Страв ме фаќа толку мал цел ден да е гладен.
    Не сум паметна искрено што е најдобро.
     
  8. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас се плашам од тоа цел ден да е гладна, дома потоа не можеме да надополниме се'... Давај му и дома кора од леб да држи и самото да јаде, може така и таму ќе се заинтересира
     
  9. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.266
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
    Моето е коски и кожа, а активен е 300 на саат,до 14.00 седи, едвај го навикнавме, све викам ке пројаде
     
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    2.105
    Пол:
    Женски
    Дома сам си ги јаде оброците, јаде и парчиња. Немаме проблем дома со хранењето воопшто. После градинка не може да се донајаде, само виси околу хранилка, бара нешто да јаде.
    Во градинка тие да го ранат не сака, ако успеат да му бутнат некоја лажица плука, пробуваат и сам да јаде, ама ни така не сака, фрла лажицата. И лебот дури им го фрла.


    Откако почна во градинка ни грам нема качено.
    Среќа па е крупничок, па сега троши од резервите :?:
     
    Последна измена: 16 октомври 2023
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.548
    Допаѓања:
    8.551
    Пол:
    Женски
    Пак јас. Знам ве напнав. Пишував овде дека нс брис од нос и се појави стрептокока пнеумониае. Она немаше симптоми освен на почетокот како вода секрет после малку зелен и толку. Матичната одби да даде терапија со образложение дека нема симптоми. Арно ама во градинка ми рекоа да им однесам и контролен брис. Е како кога не прима терапија.
    Денес бев кај матичната одбива да ми даде потврда за здраво дете пошто брисот бил позитивен и реков ама еве прегледај ја нема ништо, вика јас и вака ја гледам дека детето е здраво ама со ваков резултат навистина не можам.
    И викам па ако не прима терапија како ќе се излечи, може во нос да ја има една година и толку дома да седи? И ми вели договори се со градинката.
    И сега што да и правам јас на ќерка ми, останав на средина ни ваму ни таму.
    Денес пак брис правевме ако пск биде позитивен ако сакате осудете ме ама спремна сум веќе да ги лсжирам резултатите во смисла да намачкам нешто пред да и земат брис.
    Еве резултатот. Според ова какви капки би делувале? Тие флоксимед немаа 20231016_121655.jpg ништо од ова во составот изгледа за џабе ги ставав.
     
  12. i13dk

    i13dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    835
    И син ми лани ја имаше истава бактерија во нос, антибиотик не ни даде матичната ама ни препиша Хлорамфеникол маст да ставаме два пати на ден во двете ноздри и после ја снема.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.733
    Допаѓања:
    38.466
    Пол:
    Женски
    Џабе ти е потврдата ако немаш документ со негативни брисеви. И да ставиш капки, може нема да делуваат. Не знам зошто одбиваат да дадат антибиотик. Јас на децава им ставам Оперил П (со гентамицин) и до сега немале бактерија. Тие ми ги препорача матичниот како добри за уништување на бактерија во носот. Гентамицинот во аптека го додаваат. Можеш со нив да пробаш.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.472
    Пол:
    Женски
    Smeni maticen.
     
    На Tea SK, Spidy и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    А што му носиш резултати на матичниот. Нека го прегледа детето и нека ти даде потврда. Во градинка не носи брисеви однеси само потврда. Забелешкава не е за џабе ставена. Ако нема симптоми ни јас не би третирала.
     
    На marta993, Tea SK, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.548
    Допаѓања:
    8.551
    Пол:
    Женски
    Резултатите стигаат кај него електронски. Не сака да даде потврда зборував денеска. Порано беше друг доктор сега е друга докторка не знам што прават искрено.
    Најверојатно ќе барам друг матичен.
    Само не знам што да и дадам на ќерка ми пошто нема симптоми.
     
  17. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    6.704
    Пол:
    Женски
    И нас не малтретираат со брисеви и потврди во градинка, кој што прави ние трчаме по потврди. Јас прекинав да објаснувам што е, само болен беше и толку. Нас за мораксела во нос ни препишаа амоксиклав сируп и оперил капки и за 7 дена му помина, можеш да пробаш со капки зошто сирупот е на рецепт
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.733
    Допаѓања:
    38.466
    Пол:
    Женски
    Резултатот од брис важи една недела. Потврда нема да ти даде докторот затоа што може да добие кривична пријава. Ако можеш чувај го дома уште една недела и давај му капки. После испитај пак брисеви.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Мамички малово почна со градинка но нејќе таму да јаде. Поради тоа го земаме секој ден во 12.30 прегладнет. Кажете ми вие што имате нејадачи во градинка, што може да се стави во ранец за да му дадат таму место нивното јадење? Знам за готови кашички, има ли уште нешто што може?
     
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    И да си бараш. И да го видиш договорот со градинката, мислам дека не смеат да бараат брисеви, смеат само потврда. Ќерка ми имаше исто во нос некоја друга, со слични симптоми ко вашите, некој воден проѕирен секрет само. Матичната го виде резултатот рече ова е во нормалната микрофлора и често од лошо земање брис се појавува на резултат. Во градинкава порано раоводителката се изјаснила дека е неиздржано на родителите да бара контролни брисеви, тоа се трошоци кои не може секој да ги покрие. Докторот треба да ти даде потврда или боловање, а повеќе од 2 недели не може, да не ќе те тера на комисија заради брисов без симптоми да одиш? (facepalm)
     
    На Skyler и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.