Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    38.456
    Пол:
    Женски
    Не смееш да носиш храна од надвор. Не знам кој ти кажал за кашички. Поголемиот беше нејадач, па се научи таму да јаде. Се чудев тогаш. Само упорност треба. Очигледно негователките не сакаат да се потрудат. Полесно им е... Не ти се јаде. Не јади.

    @Mucika мора во градинка брисеви. Тоа што го кажала раководителката е на нејзина одговорност. Ова го пишувам како поранешна вработена во градинка. И за мене важеше правилото дека мора негативни брисеви.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.907
    Допаѓања:
    203.128
    Пол:
    Женски
    Како не морало.
    За вработените секако дека мора санитарен преглед, ама не може децата да ги тормозиш на секо десет дена со брисеви. Две деца ми одеа во градинка, еднаш не ми побараа брисеви, само потврди за здраво дете.
     
    На marta993, Tea SK, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  3. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Добро, и како ги учат да јадат? Колку пати пробуваат? Моето и онака со убедување јаде што се вика, затоа ме интересира, колку упорност треба? Неможам да го оставам на преживување таму детето греота е
     
  4. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.371
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    Кога барале брисеви?
    Фали е тоа некаде регулирано, дали знаеш, баш сакам да прочитам оти ми нема логика после антиб. пример пак да трауматизирам дете за контролен брис.
     
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Они прво ги ранат јадачите за побрзо па после се замараат со нејадачите. За негователките денес една лажичка да лапнал, а утре 3 задутре 10 е премија, не е најадено како треба ама за нив одлично е подобро една одколку ниеднА.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    38.456
    Пол:
    Женски
    Многу упорност треба. И нерви. Јас бев многу упорна. Во принцип.. Сакам кога децата полека јадат. Некогаш земав и по 3 деца да ги хранам. Со залажување ми успеваше. Па и награди им давав. Тежок е процесот на привикнување. Во однос на храната.... Не даваат од надвор да се носи храна заради несакани последици. Дури и шишиња за бебињата. Јас на моја одговорност им давав да пијат вода од шише. Како бебе од 9 месеци да пие вода од чаша???

    Тоа е до директорката. Јас сум против вадење брисеви при секоја настинка на дете. Малтретирање е.
    Проблемот е што се плашат од контрола од Министерството за здравство. Имаат од таму некои услови за уписи во градинка и за носење на болни деца. Примавме деца и со растечено носе. Што да прават родителите кои немаат на кого да ги остават децата и не можат да земат боледување?
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    14.579
    Пол:
    Женски
    За некои работи има логика да бараат чист резултат. После салмонела бараа 2 последователни негативни резултати за да се врати во градинка, и така и треба со така сериозна бактерија. За бактерија во нос е смешно. Било кој рандом човек да прави брисеви, пола ќе имаат некоја бактерија во нос. Речиси ниеден доктор нема ни да ја третира ни локално, а камоли со системски антибиотик.
    Мене вака да ми направи матичен, ќе барам боледување. Ако не може да ми потврди дека детето ми е здраво, тогаш ми е болно и му следува боледување и терапија. Баш да видам какво боледување се вади за бактерија во нос, без дополнителен симптом како температура или кашлица.
     
    На Sofi.ja, Tea SK, Skyler и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    8.550
    Пол:
    Женски
    Сигурно вака ми прават пошто моментално сум невработена.
    Ама еве и реков една год ако ја има во нос сега една година зарем треба дома да седи?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    38.456
    Пол:
    Женски
    И јас ќе го пишев истото. Таа бактерија детето може да ја има подолго време. Што во тој случај? Не ми е јасно.... Не дава антибиотик за бактеријата, а не дава ни потврда дека детето е здраво. Значи... Сепак има проблем. Мора нешто да се смени околу приемот на деца. Не можат сите да земаат боледување на секои 2 недели.
     
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    8.550
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, затоа не знам како да постапам во моментов.
    Ставав капки локално, денес пак брис правевме. Ако пск биде позитивен, стварно не знам што ќе правиме. Пошто овие ме оставија на средина, и од двете страни бегаат од одговорност.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    38.456
    Пол:
    Женски
    Ако брисот е позитивен, пробај да разговараш со директорката. Ако беше вработена можеби ќе се нафатеа да го примат детето. А вака може да си тераат мајтап. Уште подобро... Ако во градинката има доктор (а би требало да има) разговарај и со него. Па тој да се јави телефонски кај твојот матичен.
     
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    4.830
    @SummerGirl12 каде и како било тоа регулирано дека мора да носат брисеви во градинка? Стварно ме интересира пошто вообичаено сум доследна на закони. Мора или со договорот за упис или со некој колективен. Правилниците на министерство ги немам читано, ама во нашите договори не стои ништо вакво и нема на што да се повикаат за да бараат контролни или било какви брисеви за во градинка. При болест и повторно доаѓање во градинка задолжително се носи само потврда.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    38.456
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека мене сакаше да ме тагнеш.

    Не знам каде пишува. Јас го пишувам тоа што на мене ми беше кажано. И во моите договори не пишува дека треба да се носат брисеви. Ама јас си носев. И се бунев зошто е тоа така. А потврда за здраво дете имав. Не ни беше дозволено да примаме и деца со растечено носе. Ама ние вработените ги примавме. Кој доктор ќе даде боледување за таков проблем? Се вадат со Министерство. А да ти кажам наијскрено....Никогаш не дошле да проверуваат. Барем јас додека бев таму. Имам многу пишувано во темава. Ме мрзи да ги барам постовите.
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.021
    Допаѓања:
    4.830
    Да, тебе :) грешка е другата членка.

    Ок, тоа ме интересираше, фала.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    38.456
    Пол:
    Женски
    Очигледно тоа е интерна одлука на стручната служба. Со оглед на тоа што во секоја градинка би требало да има доктор, сигурно знаат дека во некои ситуации детето може да посетува градинка.

    Во група имав дете со бактерија како детето на членката. Со колешките го примивме. Ама... Си го добивме затоа што во документите немаше потврда од негативен брис. И моравме да се јавиме на родителите да си го земат. Ако почнам да пишувам повеќе, ќе треба реферати да напишам.
     
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.349
    Допаѓања:
    31.305
    Пол:
    Женски
    Од градинка до градинка небо и земја. Пред 2-3 недели ќерка ми почна да кашла и ѝ пишав на негувателката дека ќе остане дома, си го познавам детето и сметам дека не е за во градинка. И спомнав дека може ќе и праиме брисеви, ама не направивме. И кога ја вратив пак во градинка кажав дека немаме направено брис оти немаше симптоми за бактерија, и ми кажа само потврда донеси ми, брисеви секако не смееме да бараме, можеме само да ве замолиме.
    Така беше во јасли, ме замолија да направам оти 90% од децата имале нешто. Ќерка беше во тие 10% што немаа ништо, прашав дали да им го однесам брисот ми кажаа не чим е чиста. Не го побараа ни да го погледнат, ми поверуваа на збор. Значи стварно немаат право да бараат негативни брисеви за прием
     
    На Tiny Love, SummerGirl и lovely91 им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.946
    Допаѓања:
    12.928
    Пол:
    Женски
    @Erika.greeneyes Разговараше ли со раководителот на градинката?
    Не може вака на средина да те ставаат, нека прават и вработените брисеви секој месец да видиме што ќе искочи.
    Оди со резултатот да прочитаат дека не се препорачува терапија. Иде зима, ќе дојдат нови вируси и бактерии, сигурно нема секоја недела да пие антибиотик пошо на една градинка така и текнало.
     
    На Mother of 2boys, LiquidLuna и Tiny Love им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    38.456
    Пол:
    Женски
    Таман работа често да се испитува брис на дете. Исто и ако подолго време отсуствува ќе треба брис, дури и да не било болно. И јас сум ги замолувала да направат брис ако било нешто посериозно.

    Туку.... Каква е ситуацијата сега со вакцините? Дали уште ја бараат ммр за упис?
     
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.349
    Допаѓања:
    31.305
    Пол:
    Женски
    Не знам за упис, ние ја запишавме на 9 месеци ама кога и дојде термин за мрп, одма си побараа вакцинален картон дека ја има примано.
    И сега кај поголемите, пак бараа копија од сите вакцини. Така да, моја претпоставка е дека ја бараат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.725
    Допаѓања:
    38.456
    Пол:
    Женски
    Додека работев исто беше. Си помислив дека се сменило нешто. Ни беше кажано без примена ммр не смееме да примиме дете. На другарка моја детето не и беше вакцинирано со ниту еднаш, па мораше да го носи да прими ммр за да и го примат во градинка.