Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    36.486
    Пол:
    Женски
    Кај нас гледам во група дека се напињаат нешто, месец и пол помина некои родители немаат однесено копија од картонот.
    А ме интересира до кога ќе ги чекаат оти уште им ги примаат дечињата а не знаат што вакцини имаат. Ништо лично, туѓи деца туѓи одлуки дали ќе вакцинираат, ама па ако можеме сите да бидеме регуларни со потврди и копии што праат другите кога правилата се за сите?

    Јас па ко у Утопија да живеам, Македонија и се е можно :tmi:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.908
    Допаѓања:
    39.323
    Пол:
    Женски
    Сигурно имаат врски. Треба сите да носат потврди, а не само поединци. А дали примаат деца што немаат примено никаква вакцина?
     
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    36.486
    Пол:
    Женски
    Е треба...
    На упис ми кажаа дека не примаат деца без ниедна вакцина. Тогаш ми нагласија дека после мрп ќе сакаат обновен картон. И ако испуштиме некоја вакцина заради нешто, дека ќе сакаат потврда зашо не е примена на време. За ревакцините тоа не важи. Тие веќе не им се битни на 16/18 месеци, кога беа последните ревакцини не памтам.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    4.983
    Ама ако напиши си реферати, немаме ние инсајдерско инфо толку често :D

    Нас ни бараа вакцинален картон, не прашуваа поединечно за вакцини, иако си ги имаше сите примено, ама мислам дека реагираат ако не се примени, поготово за мрп.

    Не знам зошто ама ми личи дека градинкиве што се преплавени со деца бараат брисеви за да намалат бројка во групите (да не речам наоѓаат начини да ги смалат групите), а тие што немаат толкави групи не бараат.
     
    На LiquidLuna и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    36.486
    Пол:
    Женски
    Кај нас 30 деца фигурираат во група, колку одат појма немам. 100 деца има на врата секое сабајле, врска неам кое за каде е. Кај вас колку има во група?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.908
    Допаѓања:
    39.323
    Пол:
    Женски
    Треба да се сконцентрираат на бројката на децата, а не да обесат за вакцините како слеп за стап. Си има Закон кој вели дека секоја група треба да има одреден број. Ама тоа не се почитува. Јас во мојата група требаше да имам 15 деца, а имав 35. Па идев да барам кревети по занималните оти немавме доволно.
     
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    4.983
    Доволно! :D

    Официјално 22-3, ама во просек 15тина :$.
     
    На Mother of 2boys, SummerGirl и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.002
    Пол:
    Женски
    Да ама брисевиве не се за упис во нашиов случај. Туку имавме родителска и се коментираше дека сите деца оделе мрсулави барем еден брис како совесни родители да сме направеле.
    И јас и мм како најпаметни направивме. Не знаев дека не следува терапија. Да знаев немаше ни да им кажам во градинка за џабе сега седи дома. Здраво дете.
    Сигурна сум дека другите немаат правено брисеви а ќерка ми сигурно од градинка си ја зела бактеријата.
    Во овој случај дали имаат право да ги бараат брисевите?
    Една пријателка исто правела брисеви негстивни биле и ги барале да им ги даде, и рекле наводно резултатите ги чувале таму.
     
  9. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    4.983
    Јас уште стојам на ставот дека не смеат да ти бараат брисеви во ниеден случај, можеш да зборуваш со раководител, ете за да не страдаат учителките. Брисеви се медицинска документација како смее да ги чуваат... Нека ти кажат кој е тој правилник кој наложува брисеви да им носиш во градинка.

    Но, потврда смеат и треба да однесеш. Ти тука имаш проблем со матичниот твој кој не ти ја дава потврдата. Пошто рече не си вработена, маж ти вработен е? Он нека побара боловање од матичниот ако не ви дава потврда за здраво дете и нека не ве мота. Или е болно и тогаш следува боловање и терапија или е здраво и ќе си бараш потврда.
     
    На Pacient srna, Coco31, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    2.226
    Пол:
    Женски
    Кај нас смее само готови кашички во случај на алергии. Мојот е исто нејадач во градинка, ми рекоа и мене да однесам кашичка да пробаат барем тоа, ама проблемот е што мојот па тие купечките никогаш не ги јадел, поготово зеленчуковите.

    Баш вака е во нашиот случај. Мојот последен пробуваат да го наранат и навистина се трудат, не можам да се пожалам искрено. Вчера успеала негователката 3 залчиња од ужинката успешно да му даде, без да исплука, пресреќна беше.
     
    На zverkica и Brpbrp им се допаѓа ова.
  11. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Еве и мојот денес 2 лажички каснал и сирот сакал да си легне, ама ние го земаме за да го најадеме па да си легне. Еве касна кашичка домашна и заспа, многу ми е жал
     
  12. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Моето е 22 месеци, му ставаме шише со вода од дома и од тоа му даваат, за кашички готови не прават проблем, само што моето дете не јаде такви пошто стално дома му правам. Еве денес 2 лажички каснал и сакал да си легне гладен, ама го земаме во 12.30 за да јаде па да спие, се надевам ќе почне да јаде пошто вака нема да го оставиме никогаш до 15 часот
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.578
    Допаѓања:
    113.303
    Пол:
    Женски
    Каша јаде на 2г?
     
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    2.226
    Пол:
    Женски
    Помал е мојот, 11 месеци има.
    Јас почнав да го оставам да спие таму. Му давам дома сабајле да јаде, па го носам. И негователките ми рекоа да почнам да го оставам со спиење, со надеж дека ќе пројаде. Секако и морав да го оставам, нема веќе кој да го чува, сите ги потрошија одморите. Па оваа недела излегувам во 2 од работа, го земам, јаде мафинче некое додека стигнеме дома, па руча.
    Вчера прв пат после 6+ недели каснал нешто. Јас го сметам ова за напредок, без разлика што било 3 лажички ужинка.
    Ќе видиме денес дали позитивно ќе изненади со уште некоја лажичка плус :)
     
    Последна измена: 17 октомври 2023
    На Mother of 2boys и zverkica им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.908
    Допаѓања:
    39.323
    Пол:
    Женски
    Дали јаде нешто друго освен кашички? Те прашувам затоа што имав во група дете кое дома јадело само кашички и ние имавме проблем да го навикнеме да јаде друга храна.
     
  16. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Ако мислиш дали јаде парчиња, да, геврече,кифла,лепче,јаболче,крушка, колаче,кроасан, бисквити, така да јаде и друго ама кашички му се за доручек основа
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Од колку долго не каснал ништо, а сега бар е мал за да може да го излажат да јаде, како растат така потешко се лажат, дај Боже да пројадат за да бидеме бар за тоа раат
     
  18. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    За доручек да, јаде и парчиња ама со кашичка побрзо и повеќе јаде пошто е нејадач
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.578
    Допаѓања:
    113.303
    Пол:
    Женски
    Абе се јасно ама на 2г веќе треба да јаде цврста храна, каши се за бебиња. Мислам дека на 2г веќе ни не нудат каши во градинка. Не дека нема да научи, таман работа, дури и побрзо ќе научи во градинка можеби со деца. И моето е нејадач, голем нејадач, ама не давам каши, упорно, зошто јаде парчиња супер, да дадам каша побрзо ќе се најаде, ќе ја напраам слатка со урми, ова она, охооо, ќе ги лапне, ама не давам. Или ако јаде готова каша додавам свежо овошје парче.
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.908
    Допаѓања:
    39.323
    Пол:
    Женски
    Пробај за доручек да му даваш нешто друго. Очигледно е научен на каша и затоа одбива да јаде сабајле. Нешто друго давај му. Палента, тарана. Тоа им дававме за доручек на децата на таа возраст. Нормално, и лепче.
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.