Едно прашање ако може читам си работала во градинка претходно значи многу ме интересира отприлика колку им е една порција на дечињата?
Едно тањирче. Имаше деца што јадеа по 2 тањира. На сите им следува по еден оброк. Ако остане, може и по 2 да добијат. А секогаш остануваше затоа што имаше деца што не јадеа некои јадења или деца кои си одеа пред спиење.
Има парчиња овошје сецкано во кашите, и да, лапа повеќе вака, немам намера да биде 10 кила пошо мора да јаде парчиња, јаде ужинки, сецкано овошје,лепче, геврече ама вака јаде повеќе. А во градинка даваат каша до 2 год.
Мајки за еден ден отсуство од градинка дали ќе бараат потврда од матичен, малава има растечен нос, не знае да го дува и ако ја пуштам утре ќе бара марамчиња на секои 5 минути, за да избегнам непријатности сакам да ја почувам дома викендов (дај боже само до носот да е проблемот) и од наредна недела да ја пуштам, но за еден ден да носам дете кај матичен за потврда, нема смисла и така сме скоро секоја втора недела таму..
Зависи од градинка до градинка. Кај нас до август месец беше после 3 дена ако не доаѓа потврда. А сега бараат за 2 дена отсуство потврда без разлика здрав болен.
Ти благодарамна брзиот одговор, ќе и пишам на воспитувачката утре да ја прашам, во договорот нема ништо нагласено.
Кажи дека идете на викенд, може ќе помине лесно. Ако се разболи не дај боже, секако подолго ќе остане, ќе земете и потврда.
Да, ама они секоја година си имаат состаноци па се договараат како да биде од година за година и на родителска го пренесуваат.
Олабавија со вакцините,не бараат кај нас веќе. За да не доаѓа до ова зашто на едни вака на други така,вакцините треба да се слободен избор па ако сакаш вакцинирај ако сакаш не.
Дали после градинка им давте на децата дома ручек или само ужинка? Го земем во 3 часот, и некогаш сака да јаде некогаш не
Јас го прашувам дали сака да јаде или не, ако му се јаде му кажувам дека има ручек некогаш јаде ручек некогаш ужинка, а некои денови па седи и неколку саати без јадење зошто не сака.
Зависи што јадеа. Ако имаа за ужинка кифла или лиснато, не бараа јадење дома. Ако јаделе пудинг или сутлијаш, да. Сами си бараа. Јас покасно ги земав.
Кога како, ако почне да бара глупости да јаде знам гладна е и ручек јаде, ако не бара обично ужинка тераме.
Моево само млацка и му давам обично нешто како ужинка и чекам да видам како ќе се однесува, ама во 90 посто од случаите ми бара ручек...кај нас ручаат во 11 и пол, а ужинката му е сок, чај или нешто овошје па така мене ми е логично во 3 и пол веќе да е гладен..иначе таму ми викаат се јаде ама моево каков пребирач е чисто сумљам дека јаде
На тема телевизор од предходно, утрово и кај нас во група пишаа дали сме согласни за нашата група да купиме. Јас и маж категорично ги испаливме со објаснување дека детето не го праќаме у градинка за да блее у телевизор или у телефон, ама ете одма се пријавија мајки дека се согласни за да се купи. Сега не знам да не искочиме ние црни офци што се бунат и сл. А деф сме на тој став, дека не е во ред пари за такви работи да ни бараат.
На тема телевизор, кај нас уште пред родителската се пушти муабет дека можеби ќе бараат тв, но на родителска и воспитувачката и негувателката се изјаснија дека не сакаат тв и дека стварно нема потреба од тоа, не се за тоа да имаат тв и побараа звучник за да им пуштаат песнички ( стариот им се расипал ). Затоа ние наместо ТВ земавме од оние караоке звучниците со микрофон, па можеби можете да предложите нешто такво да земете место ТВ ако немаат на што да им пуштаат музика
Ние релативно кратко одиме во градинка. Увек е мртва гладна кога излегува од таму, а ми кажуваат дека све јаде, дури еднаш ми рекоа дека му го зела лепчето на некое друго дете (ама детето го оставило не го јадело). Некогаш кога ја земам за да не се лигави и давам бисквити до дома да грицка и пак плаче додека не седнеме на маса да јадеме. Дури и вечера после јаде пред спиење. Исто околу 3 ја земам, за месец ипол ќе прави 2 години.
Изрични се дека сакаат тв да им купиме. Ќе било за едукативни цели согласно програмата. Учителката напиша цел реферат да не го цитирам да не се погоди некој со мене да излезе дека ги хејтам кај стигнам. Само ја и маж сме на ставот дека е непотребно и трошок за родителите, другите сите ко офци у стадо се согласија. А можда и им се фрлаат пари и им се лиже гз по директори и учителки....
Јас не би дала пари. За што ќе им е тв, на раат да можат кафе да пијат? И што е со родителиве? Толку се бориме со екрани и сега додека е во градинка да зјапа. И не ме интересира дали само јас нема да дадам, од принцип не давам, не сакам, не се согласувам и крај. Инаку, на крајот, испаѓа дека си ист како другите, даваш зашто сите дале.
Јас не би дала од принцип. Лошо е што во нивни раце ти е детето па можат да се изживуваат. И без давање пари за тв на некои вработени треба да им се суди за негрижа.