Супер и таму и дома цел ден пред тв нека седат. Не е за парите толку колку за тоа дека ТВ не е за градинка и тоа никој не може да ме убеди поинаку. Која е таа едукативна програма што мора да се презентира на тв?! Еве кај мојот немаше па сигурно не останаа неедуцирани. Јас стварно не можам да разберам како ви е нормално да имаат тв во занимална .
А зошто тогаш стручни лица велат ако има детето проблем со говорот, да оди во градинка? За да гледаат и таму тв, не разбирам. А учителките нека си седат раат.
А зошто потенцирате дека цел ден седат пред тв? Кај нас и песни учат и имаат едукација. Вчера ми пееше песна за јаболче на пример. На ТВ им пуштаат песни Биби Боби, Дарко Биберко, Рам сам сам. Јас искрено не знам дете што може да блее во ТВ цел ден. Ќерка ми повеќе од 5 мин ништо не и задржува внимание. Не викам дека е морално тв ама уопште не ми е трагично. Јас не и забранувам ништо на ќерка ми, си гледа дома Маша Медо повремено кога ќе сака. Има 2 години и 2 месеци и праи муабет ко тетка. Ако комуницираш со дете и му обрнуваш внимание не знам зошто би би било проблем да погледа ТВ. Ставањето на ТВ во занимална не значи дека цел ден ќе зјапаат во него. Не може да се правиме дека и самите ние не сме зависни од технологија. Детето му е забрането да гледа ТВ ама ние може да се оправаме на форум зјапнати во мобилните.
Да им се излезе во пресрет. Немаат сите можности да плаќаат навреме. Знам како иде тоа со храната. За повеќе од 5 дена не одење се одбива од сумата.
Не мислам дека 1500 ден се доволно за едно дете за храна. Ако успевате дома за 1500 ден да спемите 60 оброци по дете месечно секоја чест. Тоа е 25 ден по оброк. И не ми е јасно како доцнат со плаќање, сите кои доцнат би ги отпишала без размислување. Не се битни парите за телевизорот туку моментот дека се трудиме како родители да ги избегнеме екраните, не во градинка да зјапаат во телевизор, макар и 15 мин дневно да е тоа.
Твоето дете не зјапа и моето не, но има деца што се опседнати со тв и ден и ноќ гледаат при тоа ако им го изгасиш фрлаат работи и липаат дури. Што викаш ти ние зјапнати во телефони сме да ама колку години имаме ние, а колку они. Тв не е за во занимална туку во делот каде што вежбаат т.е. како сала кога повремено ќе одат. Биби и боби, стела и сани исто така имаат книги што можат да се читаат. Они треба да учат пеку допир,фаќање, а не со очи да гледаат, ако не да им ставиме со усб што треба да знаат да им префрлиме информации и завршена работа.
Не бранам ни јас дома, ама во градинка не е место за тв. Ако немаат организирани активности, децата ќе си играат меѓу нив слободна игра. Наместо да се бориме да поминуваат повеќе време надвор, ќе им купуваме тв за да бленат .
Телевизорот треба да го обезбеди градинката. Евентуално, општината. Ама... Сите знаеме како стојат работите во општините. Се што е потребно за активности во градинката не треба да е на товар на родителите. Во однос на плаќањето... Ако веќе си потпишал договор, ќе си ќутиш и ќе си трпиш. Имаше случаи каде што не ги носеа децата во градинка додека не го платат долгот. Реално.. Многу е незгодно да бидеш опоменат дека должиш.
песничките само на тв де пуштаат?! Некој медиум за пренос само на звук нема да заврши работа?! и јас сум против за тв во градинка. Ако им треба нека си купи градинката, нека си направи посебна просторија и групите ќе одат таму по потреба.
Кај нас има тв(веројатно од претходните генерации ) објаснувањето беше да се чуствувале како во домашна атмосфера Спомнува детево дека гледаат цртани,само не сум го прашала во кој период од денот. Инаку во занималната им притребало шкафче и нови сликовници па си организираа базар. Правевме изработки, потоа си купувавме,а они со парите си купија шкафче. Пак на трошок на родителите..
Не ми е јасно како може родител на дете во развој, да даде пари за да купат ТВ во градинка. Ај и во школо да купиме ако не па.
Немам коментар но ТВ? Ајде елка ќе китат ќе си играат но ТВ за песнички и цртани????? Кога заостанува дете во развој , кога не прозборува , прв совет од дефектолог е во градинка, тргнување од екрани.Која е поентата да се има ТВ навистина не разбирам , која корист, јас да му тргнам екрани на детето, а во градинка изволте! Син ми учеа песни и приредби спремаа на најобичен касетофон па еве што му фали незнам.
Ок ако се работи за едукативни емисии. Некогаш и тоа го има во програмата. Јас кога работев им пуштавме музика на касетофон.
Јас го оставив дома 1 година после првиот обид ем не сакаше да иде ем се разболуваше често... Почна прв пат на годинаипол оваа година пак на 2 ипол и супер е.
Еве во Буба Мара купивме. Пошо само ја се побунив и не дадов пари, отрчаа да купат и уште и се заблагодаруваа на мајката што покренала таква иницијатива за "доброто на децата." Јас дома војна водам со маж ми 5 мин ако му пушти цртани, тука којзнае по колку гледаат. Најтрагично е што сите родители сметаат дека тоа е добра едукативна алатка, тоа ми е најголемиот шок. Страшно