Ke se navikni I mojot placese I velese deka ne Saka da odi, Sega mu velam utre ke odime vo gradinka, ne da odime veli. Obicno na sabajle pocnuva so prasanja Kade odime, Kade, ne mu vrakam samo go spreman mu velam so kolata ke se vozime I tamu koga ke go ostavam nekogas placi nekogas ne, Sega se navikna nekni Sam si vleze. Tamu ne placi Sega pred nekoe vreme placese ne barase, ke go zaigraja ke go izvadea nadvor Ako epten e zalen. Ne obrnuvaj mnogu vnimanite jas mislam na toa, so vreme ke se navikni samo prasuvaj go Kako si pomina, Dali si igral Dali jadel, pozitivno samo Isto mi pomogna toa so mu velev I mama odese vgradinka I tato , I baba I toj ke pocnese I kolata, I tocaceto I taka. Isto mi velam na ostavanje mama da kupi mlekce I ke dojdi.
Малиот мој има тотална забрана за телефон и телевизот уште од бебе,сега и кога е пуштен од нени погледнува.Сака само песнички он една минута не се загледува во цртани. Ако ова го применувам дома сакам и во градинка да е тоа така. И кога можев јас телефизорот за големото дете да го спакувам и да го извадам од дневна можат и они да не користат цртани. Не си имала мака затоа вака збориш.
Е кај нас во помалата група останаа без тв зашто сменија занимална ама си се снаоѓаа со телефон . И нормално само јас реагирав, сигурна сум дека другите родители не ни имаа поима што се случува
Општина Аеродром сме ние, сега купија телевизор. Исто и јас не ги кривам учителките, и ја да имав 20+ деца најверојатно ќе им пуштев цртани, туку вината е во родителите. На Балканот живееме, и уште постојат сфаќањата од типот да и се допаднеме на наставничката, да се покажеме дека 'има се, може се' па макар и по цена на штета на децата. И како што кажа некоја членка, не дај боже мака да има некоја, телевизорот ќе го фрли од дома не па уште у градинка да им купуваме. Реално и на жалост голем дел од дечињата доцна прозборуваат баш заради таа изложеност на екрани и тоа не запира тука, туку тие деца понатаму растат во тинејџери кои снимаат ТикТокови на сред улица и ги газат коли (ова сама го иам посведочено, 3 девојчиња со не повеќе од 10 год, на сред булевар се снимаа нешто, за влакно кола ќе ги згазеше).Така се добиваат идеи и за булинг, особено сајбер булинг којшто нема граници сега и тек ќе зазема замав и сето тоа почнува така "наивно" со пуштање цртани само на кратко за "едукативни цели." Кои се тие едукативни цели жити се кај деца од 2 години, шо разбираат тие кутрите, ќе блеат цел ден у Биби и Боби. На жалост кога се само 2/3ца што се бунат ништо не можеме да направиме, преовладува менталитетот на стадото.
точно, на жалост. Како бе нема некои вакви разумни мајки кај нас у група, сите се потепаа која поише пари да даде за телевизор, па водеа списоци кои дале, па другиве истакнати ко црни овци. Извинете стварно што не сметам дека тв е едукативна алатка за деца од 2 години ако не па.
Јас еднаш на форумов кога пишав дека не ми смета ако им дадат чоко бисквит или нешто друго благо дека нели тоа нее секојдневно и не гледам како проблем. После пишав за телевизорот и ми вратија а боли за твоето Јас имав една грешка со тв со големиот па затоа сега така размислувам.
Јас имам во фамилија а и од многу другари имам видено случаи на дечиња што многу биле изложени на екрани, па еве едното е 2.5 години од на маж ми другар и уште не збори. И еднаш им спомнав и одма ме нападнаа шо као ти совршена мајка си, не пушташ цртани. Па викам верувале или не, не пуштам баш заради вакви последици. А тоа дека сум перфектна и дека не давам благо и сок или незз некоја глупост грицки некои, далеку од тоа. Како и сите родители правиме сите грешки, најважно да ги освестиме грешките навреме и да се обидуваме да ги тргаме што е можно повеќе децата од екран бидејќи секако понатаму ќе бидат зависни од тоа.
Свесно им наштетуваат на децата со тоа да се допаднат на наставничката. Колега ми кажува дека по 3000 ден собирале за телевизор
Кај нас пишаа се нашол некој родител што ќе донирал телевизор немало потреба да собираме пари. Па тоа захвалувања па тоа паѓања у несвест, можда споменик ќе му кренат у знак благодарност.
Се со цел да им се упикуваат на учителките. Односно, нивните деца да имаат подобар третман од другите.
јас не знам дали имаат тв во групата кај син ми, а реално сум против, не би подржала иницијатива за купување.Кај внуката од сестрами имаа, и кажуваше дека турски серии гледале учителките, мизерија невидена. Дома дозволувам само пикабу на тв, интернет и јутуб не.телефон на дете не давам.
За телевизор во градинка сум категорично не. Во градинка цели приредби спремавме со музика од касетофон и на суво рецитирање текстови. Порано кога бевме деца 5 програми имаше на телевизија вкупно, цртан ако начекаш беше премија. Сега немој случајно да не испуштат нешто "едукативно" ако не е се сервирано на тацна достапно одма и сега. Кај нас во занимална нема телевизор и фала богу никој од родителите не направи фама да се купи. Сакавме и дониравме едукативни играчки, мислам дека се сто пати подобро потрошени пари од ТВ.
Леле ќе си повратам значи. Кај нас ревносната мајка што се заангажира да се купи телевизор после тоа кажа дека се собрале САМО 9000 ден и она и сопругот додале за да се купи подобар телевизор за дечињата и дека она не сакала тоа да се дознае ама ете учителкава кажала на некој родител сабајлето. Абе светица. Исто можеби споменик ќе им дигнат сеа за тоа грандиозно дело за човештвото.
Абе не се нормални бе. Луѓе живеат со минимални плати, едвај собираат 1500 ден за градинката да ја платат и некои искомплексирани со синдром да и се допаднат на учителката им задават вакви трошоци. Ау, шо прочитав
У право си. Немам мака со ќерка ми. Може да сум имала мака ќе го сфатев потрагично телевизорот. Денешен апдејт од нашата занималана, ни пуштија слики од децата, телевизорот пуштен на Поточиња, тие сите нурнати со главите во гајбите со играчки. Така да до негде ми држи вода муабетот дека не се зјапнати по цели денови. @eli25 што телевизор купувале тие, OLED да не е?
И јас сум против тв во градинка. Но, не секогаш екраните се виновни за доцно прозборување. Имам пишувно низ темиве, ќерка ми од 6 м гледаше цртани на 15м знаеше еден куп песнички и зборуваше ко старица. Син ми воопшто не беше изложен на екрани, па до 2 год основни работи кажуваше. Не секогаш доцното прозбирување е вина на родителите. Ако пуштиле еден цртан на децата не значи дека они ја направиле штетата. Малку и твоево било ко солење памет...
Не беше солење памет воопшто.И никаде не кажав дека доцното прозборување е вина на родителите, низа фактори се во игра. Зборувам за детенце кое цело време додека сме излезени во друштво он дреме со телефонот во рака и гледа цртани со саати. Пред мои очи се има случувано ова. Кога бевме кај него на роденден имаше невиден тантрум затоа што не му пуштија цртан некој. Плус прва работа што дефектолози и логопеди советуваат кога родителите се обраќаат со ваков проблем е да се тргне екран на дете.
Да, ама не е твоја работа да се мешаш и да критикуваш туѓо родителство. И јас имам сличен случај во фамилија и сметам дека родителите ги знаат тие информации и без јас да ги кажам. Нивна одлука е да постапуваат спротивно на препораките и нема што јас да ги разубедувам. Извинете на офф.
Ама па бев прашана, затоа и дадов мислење. Никогаш не би се мешала у туѓо родителство/брак или whatever. Епа ко ќе ме прашаат, си кажувам, ако не им се свиѓа нив тоа, понатаму проблемот не е мој.