Често се вадат со тоа дека нема кој да им ги чува децата. Е па како што на нив не им е гајле што ќе разболат други деца, така и на мене не ми е гајле дали има кој да им ги чува. Не е во ред да носиш во градинка дете со бактерија, бронхит, стомачен вирус. Еднаш донесоа и дете со конјуктивит.
Uzas e po ova so go procitav pogore I pred nekolku dena so vidov roditeliv Kako SE odnesuva, znaci mu veli go boli grlo nejki da jadi, taa prasuva samo dali mu dadovte sirup I kapki.
Јас лесно препознавав кое дете е болно. Се случуваше децата да кренат температура, а родителите им дале сируп пред да ги донесат во градинка. Еднаш имав случка да крене дете температура пред спиење. Се јавив на таткото да дојдат да го земат. Дојдоа и ми вика тој - Ама ништо не му беше пред да го донесеме. Другиот ден пак иста приказна. И така до крај на неделата. А господинот работи во Министерство и сигурно се јавувал кај директорката.
Grevota za decata, tamu da se maci, da rastrcuva, treba da ormori za da mu pomini pobrzo. Bas deka se pravat koj sme so sme, neka si zemat odmor od rabota neka gi gledat decata. Ili Zena neka platat da gi cuva. Moevo koj da go cuva I mene me prefati, zalen e mnogu so temp. Tesko go pominuva ova.
Исто се разболува и секое доаѓање назад као ај да не зголемуваме сега време дека не бил една недела, да не му дојде многу наеднаш и тапкаме во место, а вака викаат добар е не плаче
Каква глупост. Од каде тоа правило? Кај нас околу 14:15 ги будат, го оставам да изеде ужинка и од 14:40 натака го земам. Не секогаш во исто време и никогаш не направиле проблем. Баш избегнувам околу 15ч да одам,тогаш најголема гужва се прави и не ни можеш да се видиш со учителка ни да прашаш нешто.
Во аеродром беше вака до пролетта, се воведе како правило по дојавите за бомби. Врата се заклучуваше во 8:30, се отклучуваше околу 12 и после дури во 15 часот. Незнам дали ова правило уште им важи.
Децата знаат да кашалаат и со месеци, а носот да им тече и по цела година. И тоа не значи дека се болни. Ќерка ми кашла од август, закачи некој вирус и неколку педијатри рекоа дека ќе потрае. Во меѓувреме постојано е болна, на два три дена. Во градинка оди со растечен нос и кога кашла. Ако го смени начинот на кашалање, секако ќе седи дома. Не одат на градинка доколу има температура, воспалени очи, пролив, повраќање. И не примаат со терапија. Во Мк боледување е мисловна именка, и знам дека некои родители мораат да носат болни деца во градинка. Не оти сакаат. Ама во прашање е егзистенција. И мене ми е преку глава што е постојано болна, ама тоа е период што мора да се помине. Не размислувам кој е крив. @SummerGirl воспитувачка си? Многу непрофесионално и неетички е озборување на странките, во конкретниот пример децата и родителите. Она што се случува таму, треба таму да остане. А не да се озборува на форум.
Вистина е дека има деца што се омилени поради работната позиција на родителите. Јас сум сведок на такви случаи.
Значи го тргнале тоа правило. Вака беше до крајот на Јули додека одеше мојот, ама не беше од секогаш така туку откако беше буката со дојавите за бомби.
Не се виновни ни други деца, кои од неодговорни родители кои праќаат деца со температура, се заразуваат со секакви вируси и бактерии. Затоа што молчиме, цел систем ни е за никаде.
И тоа една воспитувачка треба да го зборува на форум или треба да се побуни на друго место? Тоа е исто како лекар да си пресреаскажува за пациентите. Родител носи болно дете оти МОРА. Зошто, тоа да, треба да се реагира. Иако мајки со мали деца насекаде го имаат тој проблем со работодавачите.
Дете со температура лесно се познава, воспитувачките веднаш треба да реагираат доколку детето дошло со температура или качило во меѓувреме. Исто така доколку има стомачен вирус т.е повраќа, пролив и сл. За други ситуации ниту имаат право, ниту се стручни да расправаат или да реагираат. Од друга страна вие родителиве претерувате. И јас бев таква, така што ве разбирам, ама не е правилно ваквото ваше однесување. Дете со растечен нос се носи во градинка, доколку кашла исто така. Ако воспитувачката смета дека е болно, има како што кажав медицински лица кои може да реагираат, ама како што ви кажа и @JuLleE деца кашлаат со месеци. Толку ли да седи дома? Или муабетиве прима терапија! Па што?! Во случај на бактериска инфекција кога детето прима антибиотик, треба да поминат 48 часа од првата доза и веќе се смета детето за незаразно и може да оди во градинка. Секако доколку е фит и без температура. Јас не знам што ви е!? Каде на друго место во светов децата со недели ги чуваат дома откако ќе се разболат! И кој дава боледување за тоа?!
Кај нас е дива лига значи, ја неколку пати го иам земано пред 15. Свекор ми исто обавезно пред 15 го зема.
Не бе,даваат само да им најавиш дека пред три ќе ја земе некој оти вратите се заклучени. Јас мојата ја земам во 17 ,ама имало ситуација еднаш два пати баба и ја зема кај 14.30 и сум кажувала. Прашај си кај вас.