@sanjaeva 1490 ден. е партиципацијата за градинка. Небитно е колку чини, факт е дека градинката не е помодарство, туку е потреба. И јас кога не работев, го пуштив детето во градинка, оти мора да помине период на адаптација за да можам јас да барам работа, а не во исто време да почнуваме и јас на работа и детето во градинка. Оти нели, нема од почеток детето да седи цели 8 часа во непознати простории, со непознати луѓе. А нема кој да го чува дома оти нели, јас на работа од прв ден почнувам со цело работно време, не со адаптација од неколку часа. Второво не сум го пуштила уште, ама во план ми е да почне кога ќе има две години здравје Боже, за среќа, сами се понудија баба и дедо да го чуваат. Сметам дека градинката е нешто што е потребно за децата, оти како што кажа Наусикаја, децата треба да бидат со деца, барем после двегодишна возраст, а не да седат дома со баба и дедо, или еве, со мајката. Ок, избор на мајката е дали ќе работи или не, ама денес со една плата да се има пристоен живот е реткост, башка што сметам дека жената треба да работи, оти децата нема цел живот да ги чува. Ќе ги чува и гледа кога се мали, после ќе пораснат, ќе се осамостојат и ќе си живеат свој живот. Потоа на жената ќе и биде потешко да најде работа, оти сите вработуваат помлади, а нема ни доволно искуство, оти работата по дома не е тоа. И што тогаш?
Ти го паметиш периодот пред забавиште и колку ти недостасувале другарчиња, посебно во зима? Јас имам две или три слики во глава и толку.
Ве читам и сакам да кажам дека со секое мислење се сложувам горе доле. Дека за секое дете е потребна градинка, социјализирање со онаа возрас на која е, и едуцирање и слично Да така треба, треба и посветеност и внимание и од баба и дедо и таков вид на социјализација му е потребна на детето каде се воспоставуваат некој патријахални сваќања (зборувам за во нашавав држава), но секако со одредени граници. И ваквиот и таквиот тип на едуцирање, раснење и периоди на детето се убави и си имаат свој придобивки и маани. Дека не треба да се гледа на тоа дали родителите двајцата работат или едниот работи другиот не па може да седи детето дома и тоа не треба да се рецензира така од причина што градинките се социјални установи и треба секое дете (се разбира родителите кој сакаат да го запишат) да посетува градинка, но друга е работата со капацитети, врски исполитизирање на градинките за уписи и сл. Тука е виновна државата а и ние самите што не притискаме бараме и сл. Не е потребно да се гледа на тоа моето дете не го запишав во градинка а ние одиме двајцата на работа а комшикана седи дома а го упишала детето во градинка. Вината е во социјалниот систем на државава кога би имало доволно градинки и капацитети и доволно услови за сите социјални бранши на фамилии да можат да ги упишат својте деца во градинка не би имало вакви дискусии.
Јас го паметам. Не сум одела во градинка, кај нас беа на прсти да ги изброиш, а имало кој да ме чува. Паметам се', и искрено, не сум баш горда на тоа дека сум била "старомало" како што ги нарекуваат оние деца кои муабетат како стари баби. Дедо ми покоен ме научи многу работи, ми читаше, ме едуцираше, ама кога почнав во забавиште ми беше многу тешко да се вклопам. Цело основно школо ми беше обележано од тоа што не можев баш да се вклопам во друштвото како останатите. А би сакала да го паметев по убаво...
И мислиш декa тoa е зaрaди тoa штo не си oделa вo грaдинкa? Реткo кoј oдеше вo грaдинкa вo нaше време пa не имaше секaкви, пoвлечени, екстрoвертни, друштвени, срaмежливи... Велиш сите oделе вo грaдинкa претхoднo сaмo ти не, пa зaтoa си единa кoјa не се вклoпилa дoбрo?
Жално е што сме дошле до степен да спориме кое дете има право да оди во градинка кое не, или кое има предност. Мора да се вложува на ова поле, мора. Јас не одев во градинка, мајка ми од дома работеше, а имав и баба и дедо кои ме чуваа. Бев анксиозно дете, не се дружев со други деца и затоа во забавиште кога тргнав плачев само и не можев да се вклопам. Немав ред и навика за ништо стекнато. Моево сега не оди, ама накај три обавезно планирам и не би сакала детето да биде условено со моето имање или немање работа.
Тие со кои што одев во школо одеа скоро сите во градинка. Можеби немало врска тоа, ама јас кога почнав во школо се затворив доста, моите се чудеа поради тоа, оти претходно бев прилично комуникативна и зборлива. Можеби пак се поклопило со некој период од развојот, ама ете, се погоди, и ќе си признаам дека не ми беше лесно.
@Bridget, секако дека паметам И никој не може да ме разубеди дека недоволната социјализација како дете не остава трага врз понатамошниот развиток. @Annath, идентична ситуација, како јас да сум го пишувала мислењето. Срамежливост, резервираност, страв дали ќе ме „сакаат“ другите деца. А деца како деца, кое фино, кое ...не баш фино. Дури во средно како најпосле да се ослободив од тие кочници, иако знам дека уште ги носам во себе.
Никој не го оспорува фактот дека сите деца можат да одат во градинка. Секој може да си го запише детето во градинка. Муабетот беше доколку нема слободни места да се даде предност на тие што нема кој да им ги чува децата. Но тука како што кажа Петре , државата ни е крива бидејќи ако немаш врски или не си партија на власт не си ништо за жал. За социјализација немора да го носиш детето во градинка само за тоа. Може да се дружи и со други деца надвор од градинка, во парк и слично. Мојата ќерка постојано е со дечиња, си се дружиме со мајките, си излегуваме. Еве јас не одев во градинка, па ниту бев анкциозно дете, баш бев нормално дете. Супер си се вклопив и во школо и во се. Точно дека детето неможе да седе само со стари луѓе, потребни му се дечиња за игра, ама тоа немора да е само градинка.
А во зима што правиме? И на моето сега му е супер, секој ден сме по паркови и лулашки. За жал во зима не е така, не може човек секој ден да оди во игротека или да го носи негде детето. Што ако на невработена мајка и излезе работно место за некој месец, таман да го запише во градинка, ама мора да чека зашто прво вработените имаат предност? Едноставно премногу дупки има во ваквиот начин, премногу што ако што не би требало да ги има. Градинката треба да е достапна на сите родители и сите деца да се запишат во предвидениот рок. За жал живееме каде што живееме и дошло на ред ваков муабет да правиме во кој нема права страна, има само оштетени.
Искрено, да сум жена која не е вработена и да прочитам се што е напишано ќе се навредам. Ама, јас работам и на темата дискутирав зашто градинката за мене е стварно потреба, значи за мене лично зашто детето кое сега ми е 8 месеци нема кој да ми го чува кога ќе тргнам на работа. Кога ќе видиш, сите сме во право од својата гледна точка, некому градинката е нужно зло, некому место за дружба. Обете ги оправдувам, па, секој со среќата.
Сум за градинка, го запишав и помалото. Можеби некој ќе рече еве дома е, зошто не си го чува барем уште малку да потпорасне ама секој си знае што е најдобро и најадекватно во моментот. Да, уште сум дома но буквално сум врзана со детето, кај јас и тоа. Друго може ќе ми излезе прилика за работа во скоро време а јас не можам од денес за утре да го пратам. Си има ред и правила. Прво ќе биде по неколку часа да се навикне па дури потоа повеќе. Не го праќам од помодарство или од не знам што туку лично сметам дека така е подобро.
Не може и несмее да се одредува кое дете ќе оди во градинка според тоа дали мајката работи или не. Најмалку треба да се гледа на градинката како на место каде да се остави детето бидејќи нема кој да го чува тоа е место каде детето учи да општи со други деца, се дружи,се учи, се воспитува, се социјализира. Јас бев дете кое порасна со дедо и баба, со многу другари и другарки од мојата улица, бев живо темпераменто дете, секогаш бев лидер во маалските игри ама како викаат прв во село последен во град. Кога тргнав во школо јас никако неможев да се вклопам сите веќе си беа задружени од градинка зборуваа за песничките кои ги учеле,што цртале, што пишувале, па меѓусебе си се договараа за возење ролери и велосипед, за собиранки по дома а јас останав да се дружам со две другарки од мојата улица кои единствено беа во школото кое одев и јас и од истите причини неможеа да се вклопат. Се сеќавам дека често пати лажев дека сум одела во градинка во Струга зошто таму живеела тетками, а ниту тетка имам ниту па во струга живее. Не би сакала моето дете да го почуствува тоа низ што јас поминав, бидејќи се до средно бев изгубена и неможев да се пронајдам себеси. Од септември јас почнувам на работа, а на мм му истекува договорот за работа и тој ќе е дома, бабите и двете работат но и да не работеа иако и мм вика јас ќе го чувам,моето детее од септември ќе почне во градинка и не ми е гајле дали фаќа место на дете чии родители и двајцата работат, моето дете не е помалку од другите деца и не е виновно што татко му ке остане на улица па да седи со него дома за да неможе тој да пие слободно кафе и пиво што пак ќе им смета на овие што работат.
Штета, наместо да се споделуват мениа, услови во кои се гледаат децата, кај нас проблемот е дека градинките се преполни. Немам право да коментирам, само се надевам дека еден ден кога моето неродено дете ќе треба да почне да оди на градинка, нема да морам да факам "страшни врски" за да влези во маалската градинка. :-\
А што ако родителот работи, а не е пријавен? Што ако нема документ или потврда дека тој работи и е отсутен со часови од дома? Како тогаш ќе и докаже на градинката дека не седи дома и пие кафе?
Не е соодветна темата, ама не, не ги плаќаш истите даноци како и оние кои се вработени и земаат плата. Данок на персонален доход се плаќа еднаш годишно и изнесува 10%. Од бруто платата на вработениот, дел оди за пензиско, дел за здравствено, итн. За тебе здравството е бесплатно. Види, не знам дали воопшто е потребно да напишам дека условите кои ги нуди државата се мизерни, па затоа ја водиме оваа дискусија. Ама, кога веќе се соочувате со ваков проблем, не мислиш ли дека на некоја друга жена и е уште потешко? Наведе дека со врски го запишала детето во градинка. Па ти си првата која и ја отежнала ситуацијата на мајката која работи и која не знае кај да го остави детето за да работи. Нема потреба да ми реплицираш, знам што ќе кажеш, детето ти е дискриминирано. Реков јас, како не-мајка, темава ја гледам од страна и без никакви емоции. Затоа и ми е лесно да кажам дека ситуацијата е таква каква што е и кое решение најфер. Не е идеално, ама е реално. Во првото мое излагање убаво нагласив дека мајките, поради фактот што нивните деца им се најмили и најсакани, никогаш нема да признаат дека на друга жена, градинката и е нужна потреба, додека за нив, градинката е место кај што детето ќе им се социјализира.
Кажав и погоре. Идеачно за дете да почне во градинка е со две па и со три години. Јас кога ја запипав ќерка ми бев бремена со второ. Значи не бев вработена. После и малото тргна во градинка.. после периодот на адаптација и разболување(после тргање во градинка најчесто се разболуваат) јас се вработив. Значи да не беше градинката и бабите јас немаше теоретски шанса да ја добиев работата. Инаку градинката е добра за децата. Не во смисла дека таму детето ќе го воспитаат и ќе научи самостојно да јаде.. тоа дома се учи. Децата имаат контакт со други деца. Се среќаваат со многу работи, првите конфликти .. решавање на истите. Се здружуваат си децата. Тоа дома нема да го научи. Во нашата градинка, ги изнесуваат по два три часа надвор во двор , на секакво време. Ќе се издуваат , истрчаат . И посиполнети се после. За мене до сега градинката била само позитивно искуство
Дали треба или не треба децата на мајките што не работат да одат во градинка сме со поделени мислења и тоа е во ред, секој со својот став. Но каква е реалната состојбата во нашите градинки, дали редот е по ред кој како поднел документи? не не е. Дали редот на запишување зависи по вработеност на родителите? Не, не зависи. Погоре прочитав прв пат сте чуле година дена ред да се чека. Епа се чека, ако си со крстот на чело. Не лажам, имам пишувано поназад во темава ако не ми верувате. Буквално година и нешто чекав, двајцата сме вработени. Во нашиве градинки најголем и прв критериум кога има пренатрупаност е јачината на врските. И тешко веројатно дека на сред година ке те викнат ако некое дете се отпише. Знаете зошто, зошто нема отпишување. Кој фатил место си го чува, си плака и си го чува, без разлика дали детето оваа година ке оди или не. Мене друго не ми е јасно. Освен при поднесување на барањето(на кое наведовме дали работиме) никогаш не побарале доказ, потврда некоја дека родителот е вработен. Значи на тоа барање можеш да пишеш што сакаш на жими мајка.
Тоа што тебе ти е лесно да го кажеш и без емоции нит го прави решението најфер нит реално. Тоа според тебе само може да биде и твое мислење, но никако да се наметнува како најправилно. Зашто не е најфер ниту пак реално за мајка која бара работа. Ниту пак е најфер за мајка која се разболела и не може да го чува детето цел ден, ниту пак е најфер за мајка... Ситуации. Изгледа треба од сега врски да барам како што ја читам темава. Убаво викаат, дали тука, дали твит беше, да запишеш дете во градинка повеќе врски ти требаат неголи за факултет. Жално.
Факт е дека требаат врски за градинка, факт е дека фалат градинки. Првото пробав регуларно да го запишам, не беше баш лесно, па моравме да поттурнеме малку. Затоа детето беше со поголеми деца во група. Од една страна за него можеби подобро во поглед на осамостојувањето, ама од друга страна полошо, оти најмал, не се вклопуваше лесно во нивните игри, често и го закачаа. Второво ќе пробам регуларно, со тоа што веќе поднесов барање за прием, за септември наредна година. Па ќе видиме. Инаку во право е @irena.1 никој не бара потврди дека се вработени родителите, кај нас ништо не бараат сега. Знам дека носев потврда за првото дека сум невработена, и мм носеше од работа нешто, дали М1/М2, не се сеќавам. А сега ништо не побараа. Мене ми е нонсенс да правам класификации кое дете треба, а кое не треба да оди во градинка. Тоа е место за сите деца подеднакво, исто како училиштето, само што не е задолжително. Кој спомна погоре, @MacenceEna чинам беше, во градинка не е само мешањето со други деца, туку интеракцијата со другите деца, конфликтите, проблемите, заедничките игри...