И кај нас исто. Ова сега од кога е пуштено парното. Прозори ширум отворени,внатре стварно не се дише во занималната,претопло. Кога ја прашав учителката наводно да проциркулирало воздух ги отварале,зошто сабајле секако се луфтира кога чистат.
Само решителни да бидете.Ова од искуство ти го кажувам.Пробаа со ,,ама баба му нека го чува", ,,па ако треба и ти порано од работа ќе излезеш" и кога им се заканив дека ќе одам кај директорката веднаш беше најумното дете од цела група.
Абе ние сме решителни ама до негде ги разбирам. Еве мојата 1 недела иде 1 недела е болна, точно преку 1 недела се разболува и сега е пак дома. Ред ќе фати каков таков и ќе и го пресечеме пошто е болна. И нормално после пак на ново ќе биде ко ќе се врати, пошто ја не пуштам болно дете па макар и нос да и е само растечен. А ми се свиѓа дека таму јаде се што ќе и дадат за разлика од дома што година дена душата ни ја извади со нејадењето нејзино. И ете со месеци се мачиме со таа "адаптација" пошто на 4 недели у месецот нејзе и се фаќа се на се недела ипол да иде и нормално не може да фати ред и да се привикне.
Не е нормално, ама искрено внатре во занималните пекол им е зошто вратите им се затворени, а сега парното им работи и рачунај колкави се простприите плус 30 деца хорор ако не отворат. Мене ме иритира во вц што им се отворени ширум прозорите. Да ви се надоврзам на муабетот. Имунитет се ствара природно да се избори детето во вирус бактерија, а повеќето од родителите знаат што значи кашлица и зелено/жолти мрсули и праќаат упорно дете во градинка со антибиотик. Тоа дете ако прима антибиотик треба дома да седи и да се излечи во спротивно само контра ефект имА и затоа на крај завршуваат со вируси и тешки инфекции во Козле и наместо родителот да седи 1 недела дома да го оправи детето они парче го прават и седат после по 1 месец дома и плус уште 1 месец им кажуваат докторите дека не смее да се разболи, е вака не се гради имунитет туку само се уништува затоа после на млади години се активираат автоимуни заболувања и 300 проблеми. Не е ова наменето за тебе туку само се надворЗав на предходните муабети
Затоа ќерка ми минатата година 3 месеци, баш овој период беше, глава не кренавме од бактерии. Нема нешто што не фати. А не идеше во градинка, во контакт бевме барем еднаш неделно со деца што одат во градинка. Сите со кашлање и мрсули, а си одеа во градинка без проблем. И не е тоа едно дете, ви кажувам за најмалце 4 семејства кои ни се роднини, пријатели небитно. И мајките сите си се со ист став, ништо не им е. Тоа зелени мрсули до коленици, кашла не може да се сопре, ама ништо не му е и си тера во градинка. Не ми ни кажуваа дека детето е со мрсули, ќе се видиме и тогаш ќе сфатам дека имаат болно дете дома, и знам што ни следува за една недела. После една недела ќерка ми бактерија и се така најмалце 3 месеци. Факт е дека болни деца се носат во градинка, факт е дека за едно поткашлување не значи дека треба одма дома да седи, ама исто факт е дека има родители што мува не ги лази па ако може да го протне во градинка макар со темп, ќе го протне. Тоа се вика неодговорност. И точно дека има деца кои лесно проаѓаат, фала Богу моето е такво ама факт е и дека има деца што на секое во болница завршуваат. Епа грев е јас да сум си мирна и да не ми е гајле само зашто моето дете лесно проаѓа, и да си носам во градинка или во случајов мој дружба да не прескокам, а утре да префати од моево некое дете што недај Боже во болница ќе заврши и цел месец ќе се мачи да оздрави. Баш дека сите деца не се исти, треба малце повеќе одговорност да имаме. Колку сакаме можеме овде да се правиме сите дека сме најдобри родители и одговорни, мене реалноста друго ми покажува, постојат крајно, ама крајно неодговорни родители. Ќерка ми почна во градинка па ќе видиме оваа година како ќе поминеме, ма да мислам дека има имунитет изградено колку што може за нејзина возраст.
Не значи дека ако кашла и има зелени мрсули по дифолт детето е болно. Па моиве во школо одат, нонстоп им тече нос, кашлаат од септември навака, дома не ги чувам. Во градинка беше исто. Зошто да ги чувам дома ако се чувствуваат добро? Се' ви се другите родители криви, носеле болни деца. Моето искуство не е такво, бар во градинката кај што одеа моите деца не забележав никогаш дека родител носи видливо омалаксано и болно дете. Заборавате дека градинката е колектив од деца и возрасни. Не се само децата преносители, возрасните се најчесто здрави бацилоносители. Башка, вие како родители одите на работа, и вие носите дома бактерии и вируси. Нема врска колку време во денот поминувате заедно, и вие може да донесете нешто.
Зрело кашлање постојано и зелени мрсули за тебе е знак дека детето е здраво? Или јас многу претерувам или некои од другиве родители сте ептен опуштени. Од мене бактерии нема ќерка ми фатено, барем тоа може лесно да се испита, минатата година кога беше постојано со бактерии и јас и маж ми се испитавме да не случајно ние нешто пренесуваме, чисти бевме. И школо и градинка не е исто. Не може да биде ист имунитетот на големо дете што веќе оди на училиште и бебе или дете кое оди во градинка. Во школо не ставаат играчки во уста и на таа возраст веќе знаат да стават рака на уста кога киваат или кашлаат, знаат правилно раце да измијат, не се гушкаат, бацуваат постојано, не плукаат кога јадат. Во градинка не верувам дека на секое раце им мијат, со влажни марамици им ги чистат рачињата. А и не сум ни слушнала да се прават овие муабети за во училиштата, секогаш проблем се градинките.
Секако дека не е здраво она дете што кашла и што е полно со секрет. Ај ние што не кашламе постојано. И аман со тоа дека и ние родителите сме преносители. Ако е така, и дома детето ќе ми беше болно. Дома беше здраво, штом појдеше во градинка, катастрофа.
Го имам пишано истово низ темиве, и пак ќе го повторам - совет од матичен лекар на моите деца беше детето да се носи во градинка доколку е во добра општа состојба, само дете што е омалаксано, со температура, со пролив и/или повраќање не се носи во градинка. Кашла, ама е добар? Носи го. Му тече нос, ама е активен, весел, убаво јаде? Носи го. Оти на тој начин е подобро за детето, и сама се уверив со моите. Ако ги чував дома да заздрават убаво сосема, две или три недели, побрзо се разболуваа когаќе тргнеа следно. А ако не правеа големи паузи, растојанието меѓу разболувањата се пролонгираше, знаеше и по месец два да нема настинка. Иначе нема разлика градинка - школо, еве кај моиве стално има деца што се отсутни поради болест, и тоа не се деца што не оделе во градинка, напротив. И моиве се разболуваат, не дека не, во градинка го поминавме истото што и сите, со различни вируси бактерии. Сите деца ќе ојачаат, порано или покасно. Ама после коронава е проблем што потешко се поминуваат разболувања што претходно на нога сме ги поминувале и без да ги осетиме, заспаниот имунитет е проблемот. Сега треба јакнење, по можност без вештачки имуностимулатори. Друг, најголем проблем е загадената околина во која живееме, е тоа за жал не е нешто врз кое имаме влијание.
I jas vaka teram se slagam. Okolu nova god doma korona imavme po 2 pat. Detevo godina jpol bez nisto istera, se opraivme nie odma vo gradinka se vrati posle praznicite. Do oktomvri mesec den nemasr propusteno osven za na odmor,sega zakaci nekoj virus i si odese dur ne i se simna na pluka. Bez temp samo kasla,posede doma 4-5 dena inhaliravme piese sirup i odma nazad...sega ima 2.5god,a vo gradinka e od 11 mes. Inaky vo skolo moze igracki nema vo usta ama molivi ko sto pamtam u veliko se grizea taka da isto mu doaga
Закачи мојава вирус, се симна на плуќа, ја стави Паскалов на антибиотик и инхалации. Четвртокот, петокот беше дома. Понеделник сме контрола нема да иде во градинка. Детево е ок. Температура не качи ни еднаш, поткашлува еднаш на 2 саати. Прашањето ми е, дали ако и го прекине антиб во понеделник, одма да ја враќам. Или ако и продолжи до 7 дена, а она е супер, може со антибиотик да иде во градинка?
Od toa pogore sto pisav mojata piese pancef za istot od sreda do ponedelnik i od vtornik si trgna, a pancefot do petok go piese. Prekinavme inhalacii so pulmicort i ventolin i ja pustiv
Додека пие антибиотик подобро да е дома, но зависно дали може некој да ја чува. Антибиотикот помага со инфекции,бактерии но исто така уништува и антитела што значи по секако имунитет 0 би имала. Мој совет е излечи тоа што е на плуќа симнато да е чисто па носи ја, зошто во меѓувреме ако закачи и вирус некој плус можеби и нема лесно да поминете.
Ради имунитетот највеќе ми е, да не ми закачи уште нешто дур е на антиб. Од друга страна па си викам ако утре и го прекине, во вторник ќе ја вратам, исто некако ми доаѓа. Једино што е на Киндеримуно се тешам. А вака ништо не и е, душата ни ја вади по дома . @nevermet18 кај нас само со температура, омалаксаност и пролив враќаат. За мрсули и кашлање не. Ваљда идат по тоа за што даваат боледување педијатри. За мрсули и поткашлување, не даваат.
Здраво. Јас се обраќам за совет или искуство на некоја мајка која се нашла во слична ситуација. Ќерка ми е 10 месеци, тргна во градинка пред 3 недели, прво со плачки, сега потсмирена и подобра, прифаќа некако. Но, проблемот е што од најголемиот буцко и јадач наеднаш стана потиштена и одбива храна дома од првиот ден кога тргна во градинка, си реков ајде беше малку затната не може да јаде убаво, па ја доев почесто наместо да има немлечна храна во некои случаеви. Но, вчера на пример го достигна врвот со не сакање да види града, да ме бута од нејзе и да протестира мексимално и да плаче многу силно. Цицаше дури сабајлето во 4 h со молење, ама поспана беше. Ве молам споделете искуства и дали е само фаза и поминува или има потреба од паника. Благодарам.
Јас би ти рекла дека вади запчиња, затоа не сака да јаде. Баш на таа возраст имаше периоди кај мојот кога скоро месец дена слабо јадеше, вриштеше, не спиеше убаво, се теглеше, и после извади 4 запчиња наеднаш. Не мора да е сѐ од градинката.
Јас од кога го пуштив во градинка започнав рибино масло во сок или во храна да му ставам и плус му давав 3-4 пати неделно Мултивитамини на Бекутан и стекна имунитет.Еве го више 2 години оди на 3,4 месеци еднаш се разболува.
Здраво. Какво е искуството на членовите кои ги носат своите деца во Орце Николов ов карпош 4 во јасли? Благодарам.
Мајки со болежливи дечиња ме интересира по колку време ви одат децата во градинка без да се разболат, моево е 2,5 год, од лани септември трга ви градинка и никако да се опорави и да издрзи подолго од 4/5 дена во градинка без да крене температура. Лани зимото правевме пауза до пролет по совет од педијатар затоа што имаше три бактерии кои никако не можевме да ги тргнеме ни со антибиотици и само се враќаше инфркцијата на синуси и очи. На колку време ви се разбочуваат од прилика децата на оваа возраст?