Мене триста памети ми дадоа,вакви ,онакви. Нормално ,на крај послушав доктор и не давам ништо на своја рака.
Мајки какви шишиња носите во градинка за дечиња година ипол 2? Дома си пие во чашка но за таму им носиме шишиња пие со цевка шише на твистершејк ама знаат да и стават и чај нешто во тоа и не ми е практично за миење... имате препорака за некое друго
Такви никогаш не сум зимата тие се као по ок за со цевка? Пошто некако ги замислувам дека се да учење за пиење од чаша а она знае веќе да пие или не се само за таа намена?
Вие носите ваши шишиња и во тие им ставаат чај? Кај нас чашки носиме за еднократна употреба и од тие им даваат, носам и јас твистшејк со вода ама не е задолжително. Ако мора да носиш шише со цевка види во зегин, еурофарм, има обични шишиња и чашки (капат не се некапечки) со цевка, поевтини, на тие и цевката ваљда полесно се мие. Некапечките чашки немаат цевка. А и тие со клун мислам не се добри за вилицата.
Да, намената им е да научат да пијат од чаша, не дека ако знае ќе заборави. Ама мене од аспект на миење ми беа полесни. И мојава дома си пиеше од чаша, во градинка во таква на Нук. Сега веќе е во мала група не е во јасли, па носиме чашки пластични.
Мајки што ги оставате со спиење, како ви реагираа на промената? Јас мојот го припремав, му кажав дека ќе спие, однесов убави пижами и истиот ден кога остана со спиење убаво си поминал. Веќе една недела седи со спиење, ама дома покажува заби. Утрово отвори очи и почна да вришти. Тој има едно негово вриштење, пример цело време упорно бара нешто не не не затвори светлото и тоа со засипнувачки глас дури. После викаше тато покриј ме покриј ме, тој го покрива овој истото го повторува со хистерично плачење. Траеше 20 мин можеби. Го прашав не сакаш во градинка? Ми прави не со главата, и тука муабет мирен следуваше. По пат на татко му му рекол кај ќе спијам и му кажал, и после само рекол не сакам во градинка, дома да спијам. Ама со обичен тон, па кога стасале си влегол сам, отишол кај воспитувачката. И сега жал ми е го мислам како се осеќа. Да оставам да се навикне? А пред две недели уште кога не седеше цел ден таму, стана еден петок во 6 и 30 и целиот возбуден ајде тато сакам во градинка. Ама сега дур се навикне ... Па и пижами не им ставаат, шо дека им однесовме. Барем долната пижама да им ја ставаат. Ќе им речам. Кај вашите им облекуваат пижами? Стварно не му е сигурно пријатно со панталоните да спие
Јас и ти мислам дека сме од исти град, не носат никаде пижами...дури и во таа приватната не им облекуваат...а кажи ми топлинки носат кај вас? во мојот клон ни топлинки не му облекуваат, и со истите патики што се шетаа надвор и таму цел ден се меткаат...па немаат сите средства за патики за сите поводи...им однесов топлинки уште од септември, така им стојат
Од Охрид си така како што имам читано кај што пишуваш...и јас сум ,во нашата градинка е исто,во која е твоето? Ние сме во Билјана...
во Билјана сме и ние денес баш ќе одам да прашам, или нека му облекуваат топлинки или да си ги земам за дома..окапаа во градинка седејќи
Да, ќе ми се најдат за дома или за на гости, иако дома гледам бос да го оставам зошто трча како будало, а со топлинки само ќе се сопка..а и од пролетта му се купени, а не му ги имам ни пробано, претходно стоеја цело лето во јасли (не одеше си стоеја во шкафче таму) сега стојат кај другиве, можеби и смалени му се
Еднаш ми рече дека му ставиле топлинки. Можда не секој ден. Јас ќе им речам барем долните да му ги ставаат, да не му е тешко за спиење. Ако сакаат. А за поважниов дел не ми кажавте. Како реагираа ради спиењето? Колку време им требаше да се навикнат? Мојов таму спие, демек не се буни ништо, сѐ си прави ок, ама еве утрово имаше вриштење, знаев ради спиењето дека е. Сакам таму да спие да му е убаво, што дека ко го земав дома до 1, и спиеше дома дремката, кога стануваше од дремка со мрчење со пискање а два часа спиен. А таму не пискал досега по дремката. Е не можам веќе пиштење да слушам, ем во комфорот на домот ем стануваше и мрчеше бе. Да видам до кога ќе се навикне? Некако и жал ми е, а од друга страна убаво ми е до 3 да седи. Да одморам малку Што ќе кажете? Малку сум ко потресена
Немам совет околу ова, син ми никогаш не протестирал за одење во градинка, многу брзо се адаптира, само многу се разболуваше и заради тоа не е многу време оден...пролетта одеше во јасли, е таму пример не спиеше, им правеше бељи, ги будеше другите деца ама брзо сфати дека нема излез, и кога сфати дека мора да седи, пак не спиеше ама лежеше дури другите спиеја..сега е во поголема група и таму викаат дека спие, како што, дали е вистина не знам, ама тие викаат спие...кога почна првите денови го земав во 12 зошто мислев тешко ќе се привикне зошто цело лето беше дома, ама тоа беше само два дена, видов дека џабе го мачам и од тогаш го оставам до 3, 3 и пол зависи кога ќе се ослободиме јас или маж ми
Еве недела и пол како спие, му кажавме ставете го нека спие, заспива со млеко го стави заспа,следните денови не му спијал па му велиме ако не е заспан нека ни се јават да си го земиме да не седи да се преморува, пошто седи до 16:30 некогаш 17 часот, после ако заспие дома толку доцна станува со вриштење и можи еден час е раплачен затоа така се договоривме ако не спие ќе се зема порано дома да спие. Пижами не му ставаат топлинки да цело време носат.
Може муабетов е за друга тема, ама ме интересира дали во градинките кај шо одат вашите деца, се прават поделби кој со кого ќе се дружи наметнати од родители? Во група од 4 до 5 се сега, ова го приметив уште лани. Кога се прави роденден, оделни родители канат посебно деца преку родителите, ако се поканети сите, намерно се 'скокаат' одредени родендени каде не одат и се прават и посебни групи за дружба вон градинка. Да не ме сфатите погрешно, моето дете е меѓу "популарните", во група од 30 деца, 25 му дојдоа на роденден. Зборлест е многу и брлив, лесно склопува пријателства. Но, јас лично како дете сум растела срамежлива, со малку другарки, и лично ме погодува кога кај некое дете ќе отидат само 5 деца на роденден. Ние го носиме на сите родендени кога е здрав и кога сме во Скопје, ако не оди, праќам порака до родителот зошто не може да дојде. Но ми смета многу поделбава посебно и зошто не се децата тие кои одлучиле со кого ќе се дружат надвор од градинка, туку родителите. А тоа е многу често и резултат на тоа кој родител каде работи. Ние двајцата имаме многу ок работни места и сме на високи позиции, ама не сакам детето да го ценат по мојата и на татко му раб позиција. Не знам. Во градинка секако дека ќе се дружат со слични на нив иако не сум му кажала дружи се со Х, немој со У никогаш, сам си прави преференци и тоа ми е ок. Само има деца кои отворено се bullies од толку мала возраст и сум слушнала по родендени како кажуваат "аааа ти не си наше друштво, сам/а играј си".. не знам ни дали треба да реагираме ако лично не сме засегнати. Или само нашето дете да го учиме да ги прифаќа сите деца.