Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    И јас мојава така ја учам, да ги прифаќа сите деца без разлика на се, години, пол, родители, деца со типичен или атипичен развој,итн.. искрено баш ме боли како мислат другиве, макар моето и да не е во тие "популарните" и многу сум против такви поделби. И ние сме со солидни позиции ама многу кријам каде работим и избегнувам за тоа да зборувам, баш од овие причини. Инаку мислам дека најголемата улога во тоа ја имаат учителките. Забележав дека на слики кога ни праќаат децата секогаш различно седат со различни деца, и ме интересираше дали децата така прават или учителките и прашав. Ми кажаа дека ги растураат намерно, за да не се создаваат групи и кланови наметнати од родители. Муабетов им беше после градинка како сакаат, во градинка сите ќе се дружат. И го подржувам тоа. Мојава никој досега не ја викнал на роденден, ама па и ние не сме викнале деца од градинка, а гледам дека се канат меѓусебе.
     
    На Mother of 2boys, daniangel, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.471
    Допаѓања:
    18.773
    Јас до сега сум се вмешала во "друштвото" на малиот само за едно дете. Дете што се случи неколку пати да го удри ,при тоа и учителката имаше забелешка но немаше никаква реакција од родителите.
    Не му кажав ништо лошо за детето но му реков бидејќи тој сака да си игра со удирање,не си играј со него за да не те повреди.
    Знаете колку боли за своето.

    Инаку одиме по родендени од лани од декември, сме биле неколку пати и кај машки и кај женски. Јас родителите многу ретко ги сретнувам ,некогаш на земање од градинка бидејќи мм го носи. Така што не ги ни знам,се запознаваме по родендени. Тема на муабет не ни се работните места, туку децата, родителството, градинката па јас не ни знам каде работат и колку се економски моќни.
    Воопшто не ми е важно колку пари има другарчето во џеб за да се дружи моето дете.
    Е сега во однос на подароците,оваа година прв пат поканивме другарчиња од градинка на роденден и воглавно подароците се движеа од 400 до 700ден. Освен од едно девојче кој верувам чинеше околу 1800ден. Секако дека со иста мера ќе вратиме,а секако и дека нема да ја гледаме како поголема другарка од останатите :)

    Кај нас во групата има неколку дечиња од наша населба,другите се од други населби така што и нема многу дружби после градинка.
     
    На Mother of 2boys, nevermet18, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Од кога обично се канат деца на роденден од градинка, како е кај вас?
     
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.471
    Допаѓања:
    18.773
    Од 4ти роденден почнаа
     
    На Estella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    36.486
    Пол:
    Женски
    Дали носите нешто во градинка за роденден за 2 годишни? На ќерка и се паѓа роденденот во сабота, а реално од јасли наваму јас немам видено некој да носи нешто за частење за роденден :^)
     
  6. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    7.054
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да носам од третиот роденден. За вториот не одеше во градинка ради короната.
    Ако ти е мерак можеш да им однесеш од тие смукалчињата или барчињата од ДМ или овошна корпа и таму да им го исецкаат овошјето за ужина :)
     
    На Erika.greeneyes и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  7. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    4.983
    Јас еднаш и најдов животинско царство без амбалажата во ранче:^). Учителкиве ништо не ми кажаа ама тој период имаше родендени. Јас си го изедов:$ Имам и капче роденденско најдено. Прашај си дали ви е дозволено и што ако планираш да носиш.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Во групата сега 2-3 што е гледам дека носат торти од Хартија. Се пушта слики од сите родендени Негуватечкиве го сликаат славеникот во рамка со секое другарче. Нас ни е во сабота па и јас нарачав за во петок да почастиме
     
    На Mother of 2boys и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    10.846
    Пол:
    Женски
    Кај нас има забрана за било што освен крем банани. По барање на родители, цела градинка така тера.
     
    На Mother of 2boys, LazaLaza, daniangel и 3 други им се допаѓа ова.
  10. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    2.320
    Пол:
    Женски
    Добро мајки само во градинката каде што оди син ми немаат викано родителска или има и друга таква градинка? Не сум од Ск чисто ме интересира дали е ова нормално, од септември оди син ми во градинка ниту еднаш немаат викнато да кажат како се однесуваат децава, што и како прават... Само кога го зема и тоа кога ги прашувам ми кажуваат на сила, едвај..
     
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.171
    Допаѓања:
    14.152
    Исто беше и кај мојата кога одеше. Две години беше во градинка, ниту еднаш немавме родителска.
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.792
    Пол:
    Женски
    Мајки јас стварно нз што да правам веќе. Синко 14+ месеци по 2 часа е во градинка и тоа со плачење. Веќе 2 месеци оди и нема ден да не плаче. Сеуште не спие таму од причина што нон стоп плаче. Дома е стално со мене. Баби дедовци немаме ни други роднини. Не сме во Мк. Бев со него на почеток 2 недели. Ќе полудам веќе искрено.
     
  13. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    1.569
    Мојата е во јасли за 2 роденден до сега имаат носено пакетчиња. 2 пати имаше класична јартиена торта со чокобисквит и слично. Еднаш имаше чоколадно млекце еднаш банана. Таму на слики гледам им сечат јаболчиња и на јаболче им ставаат свеќа да дува ако нема хартиена торта. Останатото во ранче ни го праќаат
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.002
    Пол:
    Женски
    Прашај ги ти. И кај нас немаше во септември. И јас баш ги прашав и после гледам одржаа родителска.
     
  15. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Јас носам, и за прв и за втор и други исто носат. За прв им однесов шмукалчиња , за втор животинско царство и шмукалче. Гледам во ранче обично оставаат крем банани бидејќи мојава не ги јаде и лижавчиња бидејќи во градинка не им ги даваат. Сега веќе во мала група им слават дополнително , со масички споени, со свеќички, со сокчиња со се.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Следната недела имаат есенски панаѓур ама ич немам идеја шо да однесам...
    Дајте идеи ?
     
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    4.983
    Треба да правиш или да купиш па да препродаваат? За јадење нешто или украси?
    Овие сите може да најдеш некој што ги изработува: свеќи, сапунчиња, честитки, суви колачи, теглички со бонбони и да ти ги украсат со есенски декорации.
     
  18. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Па моме и правено ,може и храна може и украси... ќе влезам во овие 99 може ќе видам нешо интересно.
     
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    49.123
    Пол:
    Женски
    Ние одлучивме да паузираме со градинка до пролет. Нема логика ова со разболувањево, 4 дена оди и пак е болна од денес а седеше 3 недели дома предходно зошто беше болна. Во 3 месеци се на се ни цели 3 недели одење и се немаат фатено, само се мачи и она и ние со нејзе, што ја гледаме ваква а и за беља и нас не префаќа па веќе се истоштивме и психички и физички.
    Ниту она може да се адаптира таму со вакво постојано отсуствување ниту ние гледаме некој бенефит од градината.
    Здравје на пролет со нови сили ќе пробаме пак.
     
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.002
    Пол:
    Женски
    Ова со разболувањево јас мислам дека е неизбежно и у градинка ако не оди, после во школо ќе биде истото и така.
    И нас тешко ни оди адаптацијата, после ручек ја зимам. Уште не спие. Ама не се откажувам. Барем се надевам ќе издржиме до крај.
     
    На daniangel, karak и SuperGirl24 им се допаѓа ова.