Во градинка имавме детенце кое вака одеше, тргни застани и дома го чуваа по 3м да не оди, се беше болно. Сега заедно е со големото во школо, исто е да ти кажам, 1 оди, 3 не оди.
Искрено и јас мислев дека од градинка повеќе ќе се разболува и лани и јас ја престанав 3 месеци и додека не одеше пак се разболуваше и дома, имами и поголем брат кој оди во школо и тој донесува вируси, така да, зборот ми е, ите оди ите не оди градинка пак ќе прифати нешто додека не стекне имунитет. Оваа година пу пу да не ни се уроци, од 1 септември до ден денес нема отсуство ни 1 ден, оди секој ден веќе 3 месеци и болести на нога минеме значи мрсули и кашлица без температура до сега само кои не и прават проблем никаков нормално со консултација од педијатар оди во градинка, мрсули цел месец може да има затоа што и таму сите деца се такви, сите со кашлање и растечен нос се, буквално сите деца и нема што да правиш. Мене и учителките и педијатар ми рекоа ако дете е весело, игра, скока, јаде, пие, спие, без температура, оди најнормално во градинка, без разлика што и тече носе и кашла од време на време. Да се надоврзам, никакви суплементи оваа год не и давам за имунитет, лани нон стоп се нешто и давав и пак беше болна, сега ништо не и давам, оставам на природата сама по себе и за сега супер е.
Луѓе лесно е да кажете вака на форум, родителот најдобро може да процени каква е состојбата. Плус 90% од докторите после толку болести и настинки советуваат детето да е дома зошто имунитетот е во многу лоша состојба, да не збориме и тежината на лекарствата со која ги лекуваме. Друго е да се разболи еднаш во месец, друго е нон стоп да е болно и така со месеци.
Јас планирав пауза до 3 години, ама ај реков да видам како ќе биде до пролет па може тогаш пак да пробаме. Нема педијатар што не ми рекол, ако можете и има кој нека ја чува и да седи дома до 3 години. Не дека нема да закачува вируси и бактерии ама подруг е имунитетот. Се осеќам ко во војна да го праќам детево кога оди во градинка. Добро ме интересира, дали вие што имате деца од јасли и во малите групи 2-3 години ви развиваа пневмонии или има некој што си поминува од нога? Ич не сакам да мислам дека моево си е склоно.
Еве ја мојата некогаш нема развиено пневмонија. Секогаш поминуваме со ден температура, кашлица и носе една недела отприлила. Едино минатиот месец имаше вирус од градинка со три дена температура, плуќа увек и е чиста. Во градинка е скоро година. Утре ќе правиме 2г. Има отсуствувано еднашка цела недела и сега три дена не беше. Антибиотик два пати сме пиеле. Суплементи за имунитет не давам ништо. Останавме на тоа да пие цеден сок со мед. Кај секое е различно. Не си згрешила ништо а не сум погодила ни јас. Такви ни се децата
Јас викам како на инфективна да го праќам а не во градинка. Еве моето е во јасли пу пу до сега не фатил пневмонија, 2 бактерија на нос, воспаление на уво и коњуктивитис и се ова од септември до сега
Едно е братчето/сестричката да донесе нешто од градинка, друго е детето директно да го пратиш на инфективна што вика @anngelique Кога детето константно е болно подобра опција е да паузира додека се оправи имунитетот и онака не оди пошо е болно. Јас имав таков проблем со поголемиот 6 месеци буквално, паузиравме, откривме проблем со крајниците, почна терапија и плус нешто на природна база и еве го сега издржа цел месец. Последново разболување го помина на нога ама пак ќе го паузирам неколку дена за да оздрави убаво. Некогаш пауза е потребна.
Секое дете е различно мила. Ќерка ми веќе 2 години, секој вирус и инфекција ги поминува за некој ден. Коксаки фати, само со минимален осип помина... Пневмонија, антибиотик и инхалации до сега ми се мисловна именка. Не знам како изгледа инхалатор. Од витамини само д3 прима, ништо за имунитет. Ако се премногу разболува, исто и мене совет од педијатар уште лани кога тргна беше да ја повлечам па после пак да пробаме. Истиот совет, до 3 години барем.
Секој со својата мака, ние 5 пати пробавме во градинка, секој пат спушта на плуќа, со бактериите обавезно некој аденовирус доаѓаше, а температура траела минимум 5 дена. Минимум 20 дена терапија и боледување, еве сега не оди, ама контакт со други луѓе, деца, повторно исто така ни завршуваат настинките, вирусите. Детево се трауматизира страшно, што од боцкање, прегледи, инхалации и Носко по 100 пати на ден, сирупи и капки. Не ја пазам од ладно, не ја пазам од валкано, за јадење ја нудам сѐ, ама џабе е.
еве ме се пријавувам. мојата одма спушта, лани тргна во јасли на 8 месеци, немав избор. толку се разболуваше секоја недела во козле носи ја, абтибиотици инекции, ај инхалации више да бе зборам, на крај ја однесовме во систина и таму ни забранија градинка барем до пролет. декември, јануари и февруари ги преседе дома се оправи, ама мене мозокот ми пукна од комбинации кој ќе ја чува денес/утре. тргна пак на 1 ви март, супер си беше до сега, стандарт со по некое разблобување и тем. пред две недели пак бронхит закачи и завршивме на панцеф. оваа недела тргна пак. нема доктор шо не ме прашам кој од мене и маж ми бил како дете болежлив, а никој не бил, она е склона и ми кажува по 40 температура. ама ја од градинка не се откажувам
Јас си играв така пушти запри. Еве на 3 и некој месец минатиот месец на 23 ти настина еве овој пак 34 ,значи две недели дома две у градинка . Кумата на 3 и пол ја пушти ,исто дури и почесто од тоа настинува. Дали им ставате холахопки за у градинка и од кога ?
Ја ќе почнам од пон да му облачам за до градинка, а у ранче нема да ставам. Лани секогаш му ги соблачаа зашто таму е мн топло.
Никогаш не сум и ставила. Кога ќе дојдат минусни температури и облакам тенки хеланки под тренерките заради одењето кон градинка, иначе за внатре мислам дека воопшто не им се потребни.
Никогаш Претопло е таму. Освен ако имате доста пешачење па да облечеш некои хрланчиња одоздоле па таму да го остават по тие.
Блиску ни е 5м пешки ако врне со кола ја носам. Ама лани и облекував под притисок од постари уште плус и воспитувачката кога ми рече и она дека носи... Ја против сум искрено јас како мала ги сечев со ножици за да не ми облекува мама.