Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    Па не прашувам за џабе. Иако мојот став е таков доколку е подобро за детето нормално дека ќе постапам во негова полза. Секое искуство менува мислење, ако ништо друго барем утеха ми дава

    Проблемот е што ние не живееме во Скопје, а ситуацијата по другите градови е една градинка во цел град и тоа едвај место да добиеш и во неа.
     
    Последна измена од модератор: 21 декември 2023
  2. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.501
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто бараш утеха некаква, ако имаш можност да го чуваш детето до 3 години, чувај го. Нема да остане несоцијализирано, нема да му фали ништо.
    Не знам дали постои мајка што ќе ти каже дека градинката е лош избор, моите одат и двете, бебето ми е уште мало за да кажам нешто ама за поголемиот дефинитивно градинката е прав избор.
     
    На LiquidLuna, tanjaaa, Мариаа. и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.244
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Ова не ти е објективно мислење, си ги запомнила само негативни искуства или само тие те интересираат. Па ако е вака зарем ние сме немајки што ги праќаме децата во градинка, ко на мачење да сме ги пратиле. Мојава од 8 месеци оди сега веќе 3 ќе прави. Ниту е агресивна, ниту безобразно нешто рекла. Социјализација до година, година и пол нема некоја, но после тоа и тоа како има. Сега е во група со деца родени 2021, ако се сретнат после градинка, се гушкаат ко да не се виделе година дена. Од друга страна имаат секој втор ден некакви активности од типот садење дрва, цвеќиња, театарски претстави, олимпијада (маливе навиваат) , големите приредби им прават.... Кога ја земам порано кај 3:30, се расправа со мене зошто сум ја зела имало уште деца во градинка. Немој да мислиш дека на 3 кога ќе тргне магично нема да се разболува. Во јасли мојава 2 пати беше болна , додека годинава почесто, се меша со поголем број на деца од различни возрасти, така да нема правило, што треба да помине ќе помине. Ако ти го чуваш детето како сакаш така. Но ако имаш избор градинка, жена или баба , дефинитивно избор мене би ми било градинка.
     
    На Мариаа., Skyler, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Mom's
    Градинките низ Аеродром и Нови Лисиче работат денеска?
     
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    5.006
    Сите градинки работат
     
    На Anaroz1 и LazaLaza им се допаѓа ова.
  6. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Гледам пар мамички од работа не дошле денес со муабет дека нема да работеле градинките во Аеродром и Н.Лисиче. Tnx за инфо
     
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    6.292
    @LazaLaza и јас колку што знам сите градинки работат
     
    На LazaLaza му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    6.942
    Пол:
    Женски
    Работи кај нас во Ново Лисиче
     
    На LazaLaza му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    8.293
    Пол:
    Женски
    @mona2022, во право е @Cherry79.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.324
    Допаѓања:
    68.122
    Пол:
    Женски
    Ако не сакаш да го пушташ и инстинктот ти вели да не оди, што се мислиш? Зошто дозволуваш притисоци да ти прават останатите? Ништо не пропушта, ниту нешто ќе смени до три години неодењето во градинка. Секако, ако ти си со детето, го носиш на лулашки го шеташ, дома си играте, си боите, цртате, а не е пред тв и со телефон во рака по цел ден. Во тој случај секако е подобро градинка. Ама, ако му ги исполнуваш останатите потреби ич не си ставај грижа на совест за градинка, не му е потребна на мала возраст.
     
    На Autumn Love и mona2022 им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    49.123
    Пол:
    Женски
    Мојата до 3 год не одеше. На 3 месеци пред 3 почна. Позитивно ми е што се разјаде таму а дома година дена маста ни ја извади со тоа најадете, коса ни побеле. Негативно ми е што е често болна ( имам пишувано понапред). Позитивно ми е што е таму згрижена и немам мака да се мислам кој да ја чува (баби дедовци идат на одмор, дадилка болна/одмор) и сл.
    Дека беше социјализирана додека беше дома нема збор, секој ден на лулашки и паркови со деца, у 4 ѕида не беше чувана.
    Дека има позитивни и негативни страни градинката, има.
    Ама ко ќе размислиш се во животот има позитивни и негативни аспекти.
     
    На mona2022 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mona2022

    mona2022 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    30
    @SuperGirl24 и @RainBow многу ви благодарам. А најмногу е поради грижата на совест што ја чувствувам, а знам дека моментално најпотребна му е мајката и никој друг. Секако дека сите тие активности ги правиме и дома, плус одење на село, интеракција со животни, деца, луѓе, домашна работа, околу куќата и слично. Се трудам максимално. Ама од притисокот од сите околу мене и некои жени/мајки кои ни 2 ни 3 одма осудуваат, демек зошто ти не работиш од некој друг чекаш и да не набројувам што се друго сум слушнала..не можам да се опуштам максимално и да бидам психички силна и стабилна за детето. Како викаат жена на жена најголем непријател.
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    49.123
    Пол:
    Женски
    1. Мајката секогаш им е најпотребна на децата и на 3 и на 33. Но и таткото им е потребен, никад не сум ја сфаќала таа поделба мајка/татко. Тоа не значи дека за навек треба да бидат врзани за нас и у врат да им дишеме.
    2. За останатите осуди што ги добиваш имаш сосема поинаков проблем неврзан со градинките кој што треба или да го решиш со околината или да не ги слушаш (од едно уво влегло од друго излегло)
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.542
    Допаѓања:
    8.248
    Пол:
    Женски
    Работат.
    Ни се јавија да прашаат дали ќе ги носиме децата зошто ќе биле редуцирани со кадар, инаку си работат.
     
  15. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Каде има торти од хартија? Наскоро и ние ќе славиме 2 роденден па да почастиме таму
     
  16. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.285
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    https://instagram.com/slatkadekoracija_?igshid=MTk0NTkyODZkYg==
    Јас од тука ја нарачав. Одлично е девојчето
     
    На zverkica и Mucika им се допаѓа ова.
  17. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    29.065
    Пол:
    Женски
    Јас нарачав од @Цвет88 на инстаграм е craftastic_mk и сум презадоволна :)))
     
    На LiquidLuna, zverkica, Mucika и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.580
    Допаѓања:
    23.494
    Пол:
    Женски
    :l::hug:
    Фалаааа, баш ми е мило вака кога ќе прочитам.
     
    На marta993 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.002
    Пол:
    Женски
    Последниот период бевме две недели дома една во градинка и после две недели во градинка една дома. Така нешто. Сега е веќе 2 недели во градинка кога ја оставам и земам е насмеана. Веќе не плаче. Почна да јаде и дома и таму. Ама негувателката ми вели дека откако сме почнале пак сега да одиме во градинка демек не сакала да си игра со дечињата не сакала да и се доближуваат и слично. И секој ден истото ми го збори (facepalm)
    Мене искрено ова ми е многу чудно зошто многу сака деца каде и да сретнеме се радува. И кога ја составам со деца си игра без проблем иако не ги познава од претходно.
    И сега кога ја носам во градинка насмеана е и кпга ка земам цело време е расположена. А тие деново когане оди во градинка дома искрено како некое друго дете е толку е плачлива кенкава ништо не и е погодено.
    Гледам и голем напредок во однесувањето од тоа што пди во градинка.
     
    На le.soleil, Snowflake92 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  20. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.804
    Допаѓања:
    6.942
    Пол:
    Женски
    Дали ако отсуствува дете од градинка повеќе денови од други причини освен болест ви бараат потврда во градинка и ако да како отприлика треба да гласи?