Кај нас бараат да е рачно напишана од родител ама не знам што би пишала за на пример ќе одиме на гости кај тетка во друг град, малце е глупо. затоа прашав како е кај други
Градинкава ако не ме шекне нема кој. Детево почна секој ден по неколку пати да кажува "тета тепа", дури и кога го земам или носам ми покажува дека го дворот го тепале. Учителките одговараат "како не, не сме го тепале". Еве не знам. Тој е упорен, дури и кога го прашав како го тепале, ми демонстрираше дека му удриле шамар. Има 2 год.
Мајки дали некоја се има соочено со дете што е многу поврзано со неа и потешко да се адаптира во градинка? Дури и психологот на градинката ме викна за ова, дека плачела.
Ми немаат спомнато ништо. Него го прашувам за децата, вика не, тета тепа. Јас си мислам можда на некое или на него му е рекла "ќе те плеснам" па он да си го зацртал тоа.
Да, 2 месеци траеше адаптација. Плачеше уште не влезени, не јадеше ништо, не си играше, само седеше во креветче. Јас бев готова да се откажам и наеднаш, буквално преку ноќ се смени се. Сега не сака дома да дојде. Колку време трае ова кај вас? Пиши ми пп ако сакаш.
Ако е најавено, не. Спомнаа дека ќе треба писмено да потпишеме зашо нема да оди ама ќерче овие месеци си тераше одмор секоја втора недела и ниеднаш не ми побараа ништо кога почнуваше пак да оди. Само им пишував на вибер - до тогаш Софи ќе шета. И толку
Тоа го бараат за во случај на ненајавена инспекција/инцидент да се имаат покриено каде им е детето и зашо не е во градинка. Мене така ми објаснија ама пак ќе кажам, немаат побарано ниеднаш.
Ако останува со дежурните учителки да не го шлапнала некоја од тие? И мене ме убедуваа на 2години дека знаат да лажат ама јас знам дека детето ми беше искрено. Исто на 2 години имаше кај нас случка бебе плаче бебе плаче и траума имаше од тоа и ја прашав негователката ми вика нее немаме некое такво и на крај од росители дознав дека тоа бебе било на адаптација и вриштело со саати и родителите не си го земале иако им било посочено.
Ако повтотува, верувај на детето. Не е мал, знае што се случува. Син ми во јасли на 19/20 м исто викаше тета бам бам. Таа беше на замена. Маж ми директно ја праша, на што учителката рече 'а што, он зборува?'.. јас пријавив кај педагог и не го носев додека беше таа на замена, а потоа дознав дека и други деца исто кажувале и еве 2.5г покасно, таа жена не работи во градинката. Застани позади детето. Еднаш да каже, може и да измисли, ама повеќе пати не.
Дали знаете како им се одвива еден ден на јасли? Кога ја земам се некако набрзина и не успевам да прашам убаво. Плус дали мислете дека им даваат со исти прибор на сите? На работа колешка кажуваше, роднина нејзин, кога го оставил малото дека на прв спрат, во група 2-3 год отприлика, и скришум зиркал, наместо на столчиња сите на земјата испоседнати и со иста лажичка од едно на друго му давале. Дали може да се до толку ова ми е дилема, посебно што нон стоп ми е болна, ај ставаат во уста се, ама па до толку одма скрос здрава за 2-3 дена болна, а дома две недели пред да тргне ништо не и е.
Ехее, скоро секаде. Многу деца, малку персонал, додека ги најадат сите нема време за мењање лажица. Малку седат на под си играат, малку во креветчиња додека пресоблекуваат или хранат и поминал денот. За заспивање ги легнуваат сите, тие што плачат најупорно ги држат малку во раце. Знам дека не ти е сеедно ама ќе се навикнеш, тоа е.
Истово си го имам помислено сто пати и сум скоро убедена дека е така, кој би се замарал да мења лажица и посебно да им дава, нема шанси, и само се молам да е здрава. Дури и вода не знам дали им даваат доволно зошто како дупнати пијат сите кога ги зимаме, а шишето дали го истураат еве не знам.