Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Ние се одлучивме за градинката во Автокоманда - Детска Радост.
    Сестра ми одеше таму на пракса и ми кажа дека била многу чиста и средена.
    Освен тоа имаат многу активности, и по сликите на Фб што ги гледав некако ми се чини дека навистина им посветуваат внимание на децата. За секој месец имаат посебни активности , посета на Зоо и другоо. Зависи од возраста.
    Во понеделник сакам да одам да ја запишам , па ако не примат да тргнеме таму јуни,јули .
    За почеток по 2-3 часа па ќе зголемуваме додека се навикне :)
    Еве ви и веб страна од градинката
    http://www.detskaradost.mk/
     
    На Forko и Mama25 им се допаѓа ова.
  2. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Преубава е.Јас одев во таа градинка и мислам дека топлината уште зрачи што беше и пред 28год :)
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Навистина прекрасно,но нас би ни било далеку :( Ајде некоја нека даде предлог за градинка во Аеродром и околина,кој како е задоволен
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Се чудам искрено како пишувате- не го гледаат како дома?! па нормално, дома сто души гледаат едно дете, а во градинка 2 гледаат 30 деца, сите со различен темперамент и различни потреби.
    Мојата мала оди во градинка од 14 месеци, сега има 4 години и јас искрено сум задоволна. 2 години ни поминаа со бактерии и настинки, не секој месец ама на 2-3 месеци беше болна, ама и тоа помина. Откако оди во градинка е многу по слободна, дружељубива, снаодлива. До 14 месеци беше со мене дома, и толку многу беше приврзана за мене, што јас не можев сама да одам до вц, камо ли да излезам некаде без неа.
    јас сум секогаш ЗА градинка. не е само социјализацијата важна, туку самосталноста на децата. Најпрост пример, дома на детето сите играчки му се негови, слободно може со која сака да си игра, во градинка треба да учат компромис, да делат играчки.
    Мислам дека пред школо, барем една година минимум треба детето да оди во градинка.
     
    На WORRIED.BT, Unique.chick и slavica999 им се допаѓа ова.
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Јас да пишам неколку информации поврзани со градинката "Детска Радост" - Автокоманда.
    Бевме таму , значи градинката е преубава , голема , чиста и средена ! Уписите се од 1ви до 30ти ЈУНИ.
    Потребни е , брис од нос и од грло, извод , и потврда од матичен лекар. Потребен е и договорот кој што ви го даваат таму и тој се носи кај матичната , за да запише дали детето ги има сите вакцини примено , итн..
    Ние ќе почнеме од 1ви Септември , здравје Боже па ќе видиме како ќе се прилагоди, тогаш ќе имаме 11месеци.
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.Најубава градинка е.Форко и јас одев таму пред 28 години.Сигурно заедно сме плачеле и сме пиеле од млекото со кајмак :D

    А мене ме интересира нешто друго...дали запишувањето во градинка е поврзана со местото на живеење? Јас на пр.по лична карта сум во Ѓорче но со маж ми живееме во Аеродром, и би ми одговарало тука да ја запишам малата.
    Друго би сакала предлог за градинка во Аеродром, и доколку некој знае кога се уписите?
    Јас ќе морам од 9 месеци да ја оставам,нема кој да ја чува. Уште сега добивам тахикардија кога ќе помислам дека ќе се одвојам од неа... :*
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.803
    Допаѓања:
    202.799
    Пол:
    Женски
    Па во принцип, треба да го запишете во градинката која е во вашиот реон, според местото на живеење. За малиов нема место во нашата (реонска) градинка, можеби дури од септември, а јас сакав сега да почне, да ги избегнеме колективните плачки. Ќе пробам да видам дали ќе можеме во друга градинка (на пример во Центар), ако не може од сега, тогаш веројатно ќе пробаме со приватна градинка. Не дека ги преферирам многу приватниве, ама кога нема место во државниве, што да се прави, да имаше кој да ми го чува, друга приказна ќе беше.
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    „Детска радост“ во Автокоманда се три објекти -Мимоза, Сончоглед и Темјанушка. Под нив се води и Калинка во Железара. Најдобра е дефинитивно градинката Мимоза.
     
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    260.783
    Пол:
    Женски
    Ние денес бевме прв ден во градинка. Пола саат 45мин максимум беше кај децата. Малку плачки имаше но мислам дека тоа е нормално. Вика дека и било убаво и дека утре ќе одела пак, па ќе видиме.
    Ако моево се навикне мислам нема дете што не би се привикнало :)
     
    На Moira и Annath им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.803
    Допаѓања:
    202.799
    Пол:
    Женски
    Браво за малата штом сака да оди пак, значи убаво било. А може инфо во која градинка одите? :)
    Барам јас за малиов некоја што сега ќе ми го прими, да не чекаме до септември, дефинитивно нема место во градинката што ни е најблиску.
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.006
    Пол:
    Женски
    Јас во градинка одев една година, пред да се запишам во прво одделение.
    Имам пишано во темава дека дефинитивно сум за одење во градинка, затоа што со оглед на тоа дека како дете бев многу срамежлива, лично градинката многу ми помогна при социјализацијата.

    Туку, сакав друго да споменам.
    Гледам дека ги коментирате градинките, и не дека сакам да се мешам во штипки, ама јас би ве советувала детето да го запишете во најблиската градинка (секако, доколку ги нуди соодветните услови).
    Јас на пример, бев единственото прваче од целата генерација, кое одело во друга градинка. И немате поим колку ми беше тешко да се вклопам во целата ситуација, затоа што сите првачиња си се знаеа од претходно. Кога не читаа на приредбата со име и презиме, јас не знаев со кого да се фатам за рака. Сите други деца веќе си имаа блиски другарчиња, па некако се чувствував отфрлена.
    Како и да е, подоцна се здружив со децата од мое одделение, голем удел имаше и мојата наставничка, ама сепак останувам на тоа дека подобро да го запишете детето во градинка во вашиот реон, како што горе спомена Annath, отколку да го носите во сосема друга населба.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.803
    Допаѓања:
    202.799
    Пол:
    Женски
    Подобро е Анке, се сложувам, мене ми одговара така повеќе, ама еве, на глава да дубам, нема место. Не си свесна какви врски фативме, џабе. Очигледно не биле доволно влијателни луѓе. Ми кажаа дека реонските градинки се помали и не им е обврска да ми го примат детето ако нема место, за разлика од оние во централно градско подрачје (конкретно општина Центар), кои мора да го примат ако јас како родител немам друг избор, односно ако нема кој да ми го чува детето. Јас утре да почнам на работа, што да му правам на малиов дома, сигурно нема со мене да го носам?!
    Штета што поголемиве фирми кај нас немаат градинки во склоп на објектите за децата на вработените, тогаш глава немаше да ме боли. Ама ова е Македонија.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.273
    Допаѓања:
    260.783
    Пол:
    Женски
    Во новата градинка во Н.Лисиче се запишавме.
    Блиску ми е до дома а тоа дека е нова е само плус. Фини ми се видоа и учителките па ќе видиме како ќе оди.
    Јас искрено се надевам дека нема да биде плачка како мајка и кога беше детенце. :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    42.598
    Пол:
    Женски
    Мене градинкава ми е до зграда , на два Чекора ...
    сето тоа убаво ама па не ми се допага нивниот наЧин на Чување на децата
    Мали групи се како што реков , со две уЧителки
    Е сега моево ако тргне со две годинки ке биде најмала таму , не е тоа проблем
    ама немаат некој концепт да сите заедно нешто прават , секој си тера негова работа ...
    секое дете си прави што сака , нема одредено време за јадење
    Јадење, пиење сами , да не се разгалувале
    Кога детето само ке посака , Немаат заедниЧки активности
    Децата се уЧат да се осамостојат , што не е лошо нели

    Ама во другите градинки е подруго ... Чуваат и помали деЧиња од годинка

    Незнам иако ми е блиску и имаме место добиено , ке размислам дали ке ја дадам од две годинки или од 3 или па да барам нова градинка , а за место исто е тешко ...
    ама ке видиме
     
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Ние се заврткавме со градинки и еве не сега ќе подадеме па што биде биде.Имаме многу градиники во близина , но одбравме 4 кои се најдобри па ќе чекаме одговор ако не примат. АКо не, бабите ќе доаѓаат на чување оти мама продолжува каде што застана со работа и факс.
    Ми се допаѓа тука заедно си играат се е прекрасно ослислебо, па имаат креативен дел каде е секој сам по сам, па пак некои активности заедно, им даваат храна појадок , ужинка овошје, повторно кај 12 малку спиење, главно јадење пак некоја ужинка и десерт некој детски пудинг. Како ќе биде ке видиме мислиме со полна една годинка да го пратиме, а како ќе биде биде.
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.018
    Допаѓања:
    42.598
    Пол:
    Женски
    За оние вработени мајки мислам убаво би било да има во големите фирми градинки каде самите вработени ке си ги носат децата , ке си бидат убаво згрижени и плус родителите ке си бидат на работа :wasntme: :wasntme:
    Убава идеја нели :$
     
    На NoellePage и Annath им се допаѓа ова.
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Абе во Америка и на кампусите за мајки студентки имаат дневен престој и на повеќето работни места. Убава идеа во секој случај
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Јас имам јасли/градинка на работа 8)
    Искрено да не беше така немаше да се вратам на работа, ќе си бев stay at home mom, затоа што едно е да оставаш така речи бебе во градинка која не ти е ни блиску и не можеш да го надгледуваш а друго е кога секоја пауза и ручек ги поминуваш со детето, барем за мене, што сум малку или малку повеќе параноична и имам хорор сценарија во главата за се што би можело да му се случи на син ми :sweat:

    Во среда добивам распоред за наредната недела, седнуваме со сопругот и неговиот распоред и правиме список на денови на кои ни се потребни услугите на градинката и тој список им го даваме во четврток да си имаат ориентација на тоа колку деца ќе треба да чуваат, прават и отстапки ама не се воодушевени ако се случува тоа пречесто.

    Градинката е преполна затоа што повеќето вработени сме со мали деца а со ово ни се олеснува враќањето на работа затоа што реално тука најголем проблем за враќање на работа е кој/каде да ти го гледа детето а со една плата и не е проблем да се опстои така да ово е најдобро решение за сите и е доста честа практика во сите поголеми фирми/организации.......што би рекле ние и волкот сит и овците на број :lol:
     
    На MacenceEna и NoellePage им се допаѓа ова.
  19. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32
    мразам градинки............
     
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Еј градинка ... Имам лош спомен од таму :( :D

    Јас како голем математичар, многу ја сакав математиката и сакав книгата дома да си ја носам.
    Сите дечиња си ги носеа книгите дома, а не знам зошто мене не ми даваа дома да си ја земам :^)
    И така плачев пред целата група, три дена по ред, си ја сакам книгата дома да си ја носам, да си ја препрочитувам и да се фалам со петките на моите :rofl: И откако упорно не ми ја дадоа, срам ми беше веќе да се враќам таму, и ме отпишаа.

    Вистината била, ме отпишале поради тоа што кога ме запишале сум била многу дебела, а таму не сум сакала да јадам и нагло сум се исушила :rofl: Инаку, пак ме оставаа во рандом групи понекогаш да ме чуваат моите кога не беа дома, затоа што баба ми работеше таму.