Исто за вода, а и за јадење. Кога и да ја земеме одма јаде набрзина, а викаат супер јадеше и репете изеде. Денес конкретно, маж порано ја зема не беше на раб и во 12 точно, демек да си изеде ручекот и да ја земеме. Јадела рекоа супер дома гладна и ај сеа И многу ме нервира кога ја носам или земам фаци правење и зборење со лигавење као у стил најмн им фалат децава
Кај нас во градинка така се погодија негователките и учителките да ги хранат со посебна лажичкА најлесно им беше со јадачите и нив први ги ранеа па после другите што треба да ги молат за јадење исто и за пресоблакање што ќе им однесевме тоа го употребуваа. И нашиве кога ги земаме не пијат не ни јадат после градинка зошто ќе пукнат.
Ме чудите. Ова и во поголемите групи 2-3 што се? Мојава откако тргна во градинка јаде над чинија, а претходно све беше доле лом. И кога срка со лажица нешто, другото раче си го држи под лажичето да не и капне. И ова и е од градинка.
Не, они јадат сами. Мојот остана во јасли до 2+ години зашто од септември ги прават новите групи и скоро цела година таму си јадеше сам, па не се замарав многу. Ај да не тврдам со сигурност ама знам и од други мајки, од мајка ми, од многу места имам слушнато. Како ќе нараниш 20+ деца за толку брзо време како тие што ги ранат? Помалото ми е преживар, сигурно не му седат цел саат како јас дома.
Во прва мала ги учат сами да јадат уште од прв ден. Ако не јадат не им буткаат со сила. Колку си изедат толку ќе им биде. Половина чинија од манџите особено на крај врз блузето завршува. А во јасли и јас ги имам видено како ги хранат: со една лажица, сите деца застанати до масичката, и на сите по две-три лажички, за 5 мин сите се готови, и после демек биле најадени децата. И вода им даваат веднаш после јадење, за да им се потполни мешето наеднаш и да не им се пие многу.
Здраво мајки една консултација... ќерка ми почна во јасли на 10 ипол месеци, плачеше не јади ништо еве скоро 4 месеци, омилена храна и р чоколино дома го обожава а таму за доручек е чоколино и нр сака да јаде ... не е тоа толку проблем ајде ќе го прескокна тоа си почнав на сабајле да ја хранам и таму колку ќе касне толлку, велат не сака а на замена беше една деуга негователка со неа јадеше колку толку успеа да ја најаде. Негователките кога и да ја земам само лошо зборѕваат, плачи не сака со деца не смешана со деца била домаа, не се поместувала од место ... прооде сега пред една недела патив постапалки за дечињата, само муцнаа демек можи проодела овде газ не мрднува... не рекоа ни ајде честитоо со лесно чекорчињаа ништоо. Секој ден прашувам како е дали каснала нешто, несмејам да прашам, само велат не бисквитче само, се обидидувам да му кажам дома како јаде а дома се баш си јаде, не сакаат да ме ислушаат дома за дома е одговорот.Еднаш едната се осмели да ми речи немој да се навредиш детето ти е како поназад од другите што и да е така несмее да рече така непрофеаионално од нејзина страна мислам јас( не д таКа дома почна и да зборува, мама татаа нан нан, ам бара за јаденје за спијанје кажува, лази од 7 месеци, нрма врска си го знам детето и не треба таа да ми го кажува). Значи секој ден само негативно ми зворува почна и да ми навртува муабети демек вие си знајте по другарите таму по друштвото како се понашате детето како се понаша, а детето не прај проблем никаде ни од деца плачи, има и братче поголемо цело време е со деца. Јаа незнам што очекѕва од бебе од една година и што и прави тоа за да не ја сакаат??? И денес и реков секој ден ми збодѕвате само лошо за детево и ме загрижувате, дали несмејам да ппрашам за детето мое 4 месеци не можите едно залче да ја нараните, што ми зборувате за друштвото наше а не не ни познавате, мајка сум и не смејам да прашам ништо? Ми вели цело време за дома ми књжувате вака дома така дома. И велам вие како да ми кљжувате за друго дете моето дома така не се понаша. Толку се изнервирав и ми иди да се пожалам кај раководителот. Ја познавам и незе ај си велам да не биди така толерирам молчам 4 месеци не можат едно бебе ни да го подземат да ги засака малку, доста е една пеаничка да му испееш и да го задевниш да те засака. Како на инает тргна од почеток два меаеци до 12 одеше демек не јади зрмај ја сакаат да им се одмали, јас се разбурам 15 деца во јасли се на две учителки ама ако не се сите за со деца очигледно. И синот оди во градинка 3 пара воспитувачки се сменија па никогаш не се пожалав од никој и сум презадоволна ама ваму... незнам ако можи да ја преместам ке ја преместам ама сакам да ми кажите дали случајов е во ред ... некогаш и јас си барам грешка нешто да не згрешам, мн се воздржувам
Пошто имав сличен проблем како твојот во однос на муабетот поназад е детето, ќе им речеш Во ред дајте ми на писмено дек моето дете заостанува со развој за да почнам да си терам со доктори со терапии. Мене на 2ипол г ми кажа една негувателка дека детето мое има малку аутизам оти не и се вртело, а нејзе Дедо Петре да и се појави нема да се сврти по неа од што е лоша, а камоли деца, ама ај. Детето прозборе неколку месеци подоцна убаво, чисто, јасно и не е застанат од тогаш, од 4г чита пишува, најдобар е во одделението, а она аутизам ми спомнува. Ама нашла црква да се крсти, цела населба ја дозна, општина, директорка, сите дознаа па да видиш како магично ја снема од група. Ме гледа низ населба и бега од мене.
Сега ме потсети ова, колку среќа иамвме ние со градинката. Иначе моето дете 6 години не им прозборе на учителките, никад лош збор не ми кажале за неа. Е сега, имаше една уште од јасли, од другата група. Жената е супер, ама ова моево а ја видеше одма рикаше да плаче. Ааа вика, плачи ти јас ти ја научив цаката, само треба да ти дадам да јадеш. Кога веќе беа средна група, и вика еден ден. Еее сарче сарче, јас тебе од бебе те знам, не ме засака и не ме засака, само плачеше а ме видиш. Ама ако, јас тебе многу те сакам.. И фати да ја гушка и бацува. Абе газот и го миеше на 5 години.. Вика денес ми се искака, неќела да им каже дека и се оди у вц. Да знаеш ја измив.. Така да, јас сум убедена дека се е до учителките и само учителките. Тие треба да им го воспостават редот таму и да ги прилагодат.
Нормално дека е до учителките, не дека нема терсене родители, една со мене привикнуваше дете, абе душа им извади на учителките, секој ден проблеми.
Вода не им даваат пази - за да не мочкале многу па да не им менувале пелени многу бе. Лом ја направив воспитувачката, па детето дома не земаше воздух од што пиеше водичка кога ќе го земев од градинка. За греота.
Однесувањето не им е океј. Доколку детето не јаде, треба да си најдат начин да не седи гладно. Мене ме имаат два пати навредено, првиот пат уште кога беше на адаптација имаше негувателка што за жива глава не ја сакаше. И ми рече да сум си нашла жена што ќе ми ја чува додека се навикнела во градинка, и моето брзање со адаптација довело до тоа да се разболи детето. И кажав на раководителката дека такво понашање и набивање на вина не е во ред. Раководителката се согласи со мене и негувателката беше санкционирана. Парично колку шо знам. Вториот пат другата негувателка ми кажа дека детето ми е бесно многу и да и дадам бедоксинче. Еднаш, два пати, третиот пат и реков ако не може да ја истрпи нека си се напие она бедоксинче или нека си најде друга работа. Оди кај раководителот и седнете сите да најдете причина зашо детето не јаде во градинка, зашо плаче и како да го подобрите односот меѓу сите. И вие со негувателката, и таа со вас. Барем во нашата градинка така функционираат работите. Седнуваме сите на маса и кажуваме од своја страна како ги гледаме работите. Кај нас во јасли беше хранењето со посебна лажица, тоа лично го имам видено кога ја носев на адаптација. И тоа прво оставаат кај дечиња шо се снаоѓаат подобро со јадење а оние шо се лигават ко ќерче ги молат и се убедуваат на крај. Ама многу се мали тие чинивчињата за јадење луѓе, не е ни чудно што сите деца се гладни кога се враќаат. А на земја беа испоседнати повеќето додека јадеа ама 2 хранеа, и една негувателка се вртеше околу другите додека им дојде време за јадење
Мамс, каква е ситуацијата во градинките со сипаници? Ме интересира за Аеродром Срничка ако имате инфо?
За Аеродром не знам ама Центар врие. Кај ќерка у група има само едно пријавено за сега, ама општо цела градинка имаат.
@miss-bootylicius воспитувачката премногу за право си зема. Очигледно е без култура. Башка премалечко е за да она дава секакви заклучоци. Јас би реагирала прво со неа, ако не бива понатаму. Нека види дека не ќутиш.Како намерно да сака да те нервира , можеби дека се познавате
Ме интересира дали ако му тече носето на детето имаат право од градинка да ви бараат брисеви да правите? И да донесете чисти брисеви и потврда од матичен дека детето е здраво? Имале посета на доктор во градинката и као наводно ќерка ми имала многу мрсули. Неа и тече носето ама нема мрсули зелени или жолти кско вода и се плус сигурно дека плаче затоа. И сега ми викаат одма упст за во микробиологија . Ме интересира дали законски имаат право на ова??? Пошто мислам дека секое дете има мрсули и му тече носот, и не сум слушнала до сега да им бараат брисеви освен сам ако не сакаш.
Ако во договорот не е назначено, немаат право. Сигурно нема да носам дете на брисеви од забава. Ако педијатар ми дава потврда дека е здраво според преглед, повеќе од тоа нема потреба. Мене лично не ми побарале до сега. Единствено кога имаше салмонела ми се јавија од Центар за јавно здравје и ми напоменаа дека 3 недели не смее во градинка и треба 2 последователни чисти копрокултури за да се смета за здрава. Тоа и педијатарот побара за да ми даде потврда за здраво дете тогаш, иначе за бактерии во нос/грло, после антибиотик само со преглед. А за онака мрсули (што може имала со месеци без температура), никогаш не побарале ништо од градинка.
Во мојот град имаше некоја да речам епидемија на стрептокока во сите градинки и решиле вероватно од управата на сите деца да им се направи брис...да си земат упат од матичен и дојдоа таму во градинките од микробиологија им зедоа примероци на сите деца и сите позитивни што беа на било која бактерија дури немаа негативни брисеви не ги примаа..ова се случуваше во последниве месец и пол...мојот пред да ја почнат таа пракса се разболе и не одеше во градинка, 4 пати правевме брисеви дури не излегоа негативни не го примија назад..дали е законски не верувам, не верувам ни дека имаат некој акт во врска со ова, највероватно директорката одлучува со некоја одлука...моето влечеше стрептокока 4 недели а никакви симптоми немаше, само првата недела, после ништо немаше ни мрсули ни кашлица ни температура ни ништо ама џабе не ми го примаа назад и некако се снајдов седеше дома...двајца доктори ми напишаа извештаи дека бактеријата ја имаме сите, дека ако не предизвикува симптоми не се лечи и не ми даваа терапија и така ми преседа детето дома дури на 4тиот брис ја снема и конечно тргна во градинка..
Да прават сите ок. Ама мене да ми се јавуваат на телефон дека и течел носот и морало да правиме брисеви ова не ми делува законски. Немам примерок од договорот дома
Само тебе или на други деца? со закон сигурно не е регулирано, ако е некако регулирано со договорот или со некој интерен акт...свикај таму, нека не се занесуваат многу, побарај да се видиш со директорката,зошто стварно нема смисла...а и не се сите деца третирани исто..не сакам да оговарам ама некои деца ги гледав одеа по доктори, на инфузии, во аптеки купуваа антибиотици а ги гледам другиот ден во градинка, а моето 3 недели дремеше дома без никакви симптоми само зошто на брис ја имаше бактеријата..и да не излезеа негативни брисовите ќе одев да се карам, нема смисла, покажи малку заби