Da da se primetuva,od sep navaka detevo se e izmacano pomalce na oblekata pred toa cista bese. Sreka mojata i doma sama jade pa ne se prlja vise tolku
Да, иако земаат плата за тоа, сепак ми го чуваат детето по 8 часа секој ден. Син ми многу ги сака и двете (особено воспитувачката) и најмалку што можам е да им купам по некоја ситница за нова година.
Ако однесеш потврда од лекар за отсуството и причина за отсуството, ќе ти ги одбијат на следна уплатница. Не. Они не ни ги чуваат децата од ќеф, платени се за таа работа.
Jas sekoja godina im kupuvam i na vospituvackite i na nastavnicite vo ucilishte kaj golemoto. Vprocem nikoj ne me tera ednostavno uzivam i za mene ovie praznici se ubavi i volshebni i mi e merak.
Ептен се изнервирав и не знам дали да се карам или не. Негователката во градинка почна да ми кажува како и течел носот на ќерка ми, а не ми е јасно како може само во градинка да и тече? Буквално дома цел ден пробувам да ја чистам ништо не излегува, си спие мирно со затворена устичка, диши на нос, нема опструкции никакви. Весела е, пргава. Како да сака да ни ја тупне дома. А и тече стварно носот во градинка зошто ми ја даваат целата со корки на носето. Којзнае колку време и стоело и зошто никој не ја избришал? Па греота е. Така ли се дава дете? Исто беше и пред две недели, дури ја однесовме на лекар на консултација ни рекоа дека се е во ред. Си викам денес со убаво да и објаснам, таа толку почна надмено да се однесува со мене, ко јас намерно да го носам така детето. Таква комуникација не е во ред. Ми вика тогаш сопругот и кажал дека докторот рекол се е во ред, ама она знаела дека ќерка ми има бактерија или вирус. Јас викам добро ама како може да е привремено, само во градинка да се јавува а дома и за викенди не ? Можеби нешто ја иритира. Она вика нема тука што да ја иритира. Да ама мене она ме изиритира до даска, а исто и фактот дека со мажот ми му ќути, а мене ми се понаша на ваков начин. Ние имаме развиено свест, секогаш сме ја повлекувале дома кога била болна или имала бактерија и сме биле коректни, иако едвај се снаоѓаме и не се во ред вакви инсинуации. Се мислам дали да и објаснам неколку работи, ама па не сакам да влијае тоа врз начинот на кој ја третираат ќерка ми, или да предизвика дополнителни проблеми. Како се справувате со конфликтни ситуации со негователките ?
Јас би и рекла да викне доктор и да ти даде потврда за да однесете на матичен да ви даде упати за испитувања.
Ама ние бевме на лекар, правевме крвна слика и брисеви нема ништо. А и со оглед на ситуацијава со болестиве не би одела да се мешаме во чекална без реална причина. Не ми е јасно како може само додека е во градинка да и е така. А башка, минатиот месец секој ден доаѓаше дома со осип на пеленска регија, исто само после градинка. Ќе ја намачкав со цинк оксид и ќе и поминеше до вечерта ама следниот ден пак истото. До сега барем негователката се однесуваше релативно океј, сега ова обвинување стварно ме извади од такт.
Абе се те разбирам, затоа ти викам, кажи и дека додека не ја прегледа лекар од кај нив не можеш да превземеш ништо зошто она не е таа што е медицинско лице. На крајот од краиштата од кај она знае дека има бактерија, да не е скенер. Зошто нема да ти даде ништо такво ти мирно носи си го детето во градинка. Ова мене ко што ми кажа негователката, зошто не го вакцинираш детето и така ти е малку аутистичен, не знам како успеав да се смирам ама и кажав дека она не е стручна за тоа, да ми даде на писмено од дефектолог дека се сомнева на аутизам да си барам чаре. Од тогаш во широк лак ме избегнува. На завршната во градинка намерно пред неа кажав дека тоа е детето што на 3г не се вртеше на име и не зборуваше, а тој ден го украде шоуто!
Е да, може и ако плачела многу да се затне носот. Ама ми викаше и дека кивала. И греота стварно што ја оставаат така цел ден да и закорават мрсулите. Не знам веќе.
Исто и мене вака ми прават. А мојава дома немаше ништо им кажав сигурно од плачење. Не може дома да нема таму да има.
Убаво ти вика Ангел, кажи дека е прегледана од доктор и е донесена потврда дека е здрава, како и дека ако се сомневаат во нешто треба медицинско лице да ве извести, не негувател. Не влегувај во директни обвинувања и расправии.
Како се справувате со деца силеџии? Малата 2 недели се жали дека некоја дадичка и праела теп теп по главата, ама не знае да ми каже како се вика. Она уште не ги знае по име децата дека не идеше мн често во градинка ради болести, а и не и се деца од маало за да ги знаеме ( ние живееме во една населба а она иде во градинка во друга за ги начекале на лулашки и сл.) Сите викаат вообичаено е деца да се закачаат ама мене ми смета. Секој ден плаче коа ја оставаме и не спие таму цел ден ваљда од страв, а седи фул до 4 попладне. Учителката ни нема ништо кажано дека некој ја тепа и фала богу нема модрици и сл, само се жали дека дадата ја тепа по глава. Лично ми врие од мали хохштаплери, татко и ја советуваше да и враќа на дадата коа ќе ја тепа само она да не почнува прва. Мене и тоа не ми е решение пошо не верувам во насилство како контра решение. Еве сеа ни се жалеше пак на мене и баба и дека ја тепале. И реков да ја викне одма Учителката ко ќе ја тепа девојчето и да бара да не викнат одма мене и татко и да дојдеме. Не знам еве, ама 3 годишни деца да се тепаат меѓу себе ми е неприфатливо.
Sın mı zaradı toa go otpısav od gradınka. On e pa mnogu mıren, dva patı se zalese na edno dete ı nıe bevme kaj vospıtuvackata ona gı smıruvala ı gı terala da se gusnat. No posle so placenje odese, cela ulıca mıslev ja budevme od negovoto urlanje ı go otpısav.. Ama ıskreno eve kje pocne prvace, vekje nema da dozvolam na nıedno dete da go zakaca. I na boreckı veştını ke go pustam kaj ı dae. Nema da go prakjam vo skolo za da se ızıvljavaat nekoı nevospıtanı detısta.
Неприфатливо? Деца не решаваат проблеми со разговор, се тепаат меѓу себе. И искрено и мојов стално кажува го тепааѕ, а други деца се жалат дека он тепа. И ја не верував мирен премирен, испадна стварно тепа . Ти секако можеш и треба да си кажеш во градинка, ама не очекувај дека никогаш нема да се степа или дека нема прва да удри или скубне кога ќе и земат играчка или нема да и е нешто по ќеиф. Не прајте снегулки од децата само повеќе ќе се мета на булинг. Моето е воспитано, му се збори, а пак тепа и тепано е, и што да направам да го отпишам ако не и јас?
Мојава до 3 години ги удираше скубеше и гребаше. Малиов на мравка не гази. На малава и викаа дека не смее така, а на другото дете да вика стоп. На 3 години престана. Има такви и такви деца. Второво колку е мирно треба и јас да го отпишам по ова што кажувате. Децата се за во градинка.
И мојот цела година се жалеше од едно дете конкретно, што не пробав да му кажам, другари сте, несакајќи било, да го покани на гости да си играат итн, ништо не функционираше. На крај му реков да враќа на секој што ќе го удри и почна да враќа. Долг период немавме проблем и никогаш детево не почнуваше прв (знам зашто цела година разговарав со негователките на оваа тема) ама ете се случи мојот посилно да го гризне детето што го малтретираше секој ден. Негователките само не известија, рекоа као ништо страшно, стално се тепаат деца меѓу себе ама ми дојде преку глава, земавме поклонче за детето и му отидовме на врата. Среќа наидов на разбрани родители, ми рекоа дека е размазено дете од баба и дедо, свесни се дека е агресивно и работеле со него ама ете, толку им е времето нонстоп на работа. Децата се гушнаа, си поиграа и од тогаш се нема случено да се степаат. Тоа што се случува во градинка е одговорност на негователките, тие треба да реагираат таму на лице место, да ги скараат, да ги смират.